Стапка (мерка)
американски/империјални | |
12 in (ин) | 1/3 yd (јд) |
SI-единици | |
0,3048 м (m) |
Стапка (англиски: foot, множ. feet; симб. ft, ст или ′)[1] е единица мерка за должина во разни системи како англиските, британските и американските мерни единици. Должината ѝ варира од систем до систем, но секоја е околу четвртина до третина метар. Денес најчсто се користи меѓународната стапка. Во 1 јард има 3 стапки, а во една стапка има 12 инча.
Стапката е честа мерна единица во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК личната висина се изразува во стапки и инчи. Во Канада пак, сè повеќе се употребуваат метри за висина, а стапки за растојание.
Меѓународна стапка
[уреди | уреди извор]Во 1958 во САД и земјите од Комонвелтот меѓународниот јард е дефиниран како 0,9144 метри. Така, меѓународната стапка се дефинира како еднаква на 0,3048 метри (еквивалент на 30,48 сантиметри).
Стандардниот меѓународен симбол за стапка е „ft“ (погл. ISO 31-1, Прилог A). Во некои случаи се користи прим, кој е многу сличен на апостроф, а инчот со прим. на пример, 6 стапки 2 инча се пишува како 6′2″. Ова е збунувачко затоа што примот и двојниот прим се исто така симболи за лачни минути и лачни секунди.
Американска геометарска стапка
[уреди | уреди извор]Во САД геометарската стапка се дефинира како 1200/3937 метри. Се користи исклучиво за мерења на Американската крајбрежна и геодетска инспекција. Оваа стапка е поголема за 610 нанометри од меѓународната стапка. [1]
Историјат
[уреди | уреди извор]Стапката како мерка се користела речиси во сите култури и се делела на 12 или понекогаш 10 инча/палца или на 16 прсти. Првата позната стандардна стапка постоела во Сумерија, каде е дефинирана на статуата на Гудеја од Лагаш околу 2575 п.н.е. Некои метролози сметаат дека стапката била прифатена и како египетска мерка во Стара Грција и дека токму од таму римјаните ја презеле својата стапка (која е поголема).
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Мерни единици
- Историја на мерењето
- Мерни системи
- Англиски мерни единици
- Империјални мерни единици
- Американски мерни единици
- Систем SI
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ наречен „прим“
Надвцорешни врски
[уреди | уреди извор]- Претворање од стапки во метрички единици (англиски)