Софија
Софија София | |||
---|---|---|---|
Главен град | |||
Гесло: Расте, но не старее (Расте, но не старее) | |||
Координати: 42°42′0″N 23°19′48″E / 42.70000° СГШ; 23.33000° ИГД | |||
Земја | Бугарија | ||
Област | Софија | ||
Општина | Столична | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Васил Терзиев (ПП-ДБ) | ||
Површина | |||
• Главен град | 492 км2 (190 ми2) | ||
• Градска | 5,723 км2 (2,210 ми2) | ||
• Метро | 10,532 км2 (4,066 ми2) | ||
Надм. вис. | 500−699 м | ||
Население (2024)[1] | |||
• Главен град | 1,286,965 | ||
• Густина | 2,600/км2 (6,800/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Повик. бр. | (+359) 02 | ||
Регистарска ознака | C, CA, CB | ||
Мреж. место | sofia.bg |
Софија (бугарски: София, турски: Sofya, грчки: Σόφια) — главниот град на Бугарија. Населението во Софија брои над 1,3 милиони жители, и метрополитенско население од 1,7 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во рамките на Бугарија.[2] Во 1879 година, Софиjа е избрана за престолнина на современата бугарска држава.
Софија се наоѓа во Софиската котлина во централниот дел на западна Бугарија. Опкружена е со планините Стара планина на север, Витоша на југ, Љулин на југозапад и Лозенска планина на исток. Просечната надморска височина на градот е 550 м. Низ градот тече реката Искар и нејзините притоки Бојанска, Перловска и Владајска река.
Софија е главниот административен, економски и културен центар на земјата.
Име
[уреди | уреди извор]Долго време градот поседувал[3] тракиско име, Сердика, кое потекнува од племето Серди, кое имало тракиско, келтско,[4] или мешано тракиско-келтско потекло.[5][6] Императорот Марко Улпиј Трајан (53–117) му го дал на градот комбинираното име Улпија Сердика. Се чини дека првото писмено споменување на Сердика е направено за време на неговото владеење а последното во 19-ти век во бугарски текст (Сардакіи). Други имиња кои ѝ биле дадени на Софија, како Сердонполис (Σερδών πόλις, „Град на Сердите“ на грчки) и Триадица (Τριάδιτζα, „Троица“ на грчки), се споменуваат во византиски извори или на монети. Словенското име Средец (Срѣдецъ), кое се однесува на „средина“ (среда) за прв пат се појавува во текст од 11-ти век.
Името Софија доаѓа од црквата Света Софија,[7] по што се разликува од преовладувачкото словенско потекло на имињата на бугарските градови. Потеклото е од грчкиот збор софија (σοφία) „мудрост“.
Историја на градот
[уреди | уреди извор]Праисторија и антички период
[уреди | уреди извор]На местото на поранешната неолитска населба во 8 век пр.н.е. околу термалните извори изникува древен тракиски град, наречен подоцна од римските освојувачи Сердика — град на сердите, по името на тракиското племе коешто го населувало градот.
Во римската епоха (1–4 век) градот е познат како центар на провинциjaта Внатрешна Tракија. По смртта на императорот Диоклецијан (305 г.) и религиозната реформа на императорот Константин Велики (306-337 г.), Сердика ќе биде центар на епископија. Во 357 г. римскиот историчар Амиан Марцелин го определува градот како „голем и познат“. Сердика и црквата „Света Софија“ ќе бидат центар на многу важниот Сердикиски собир од 343 г.
Во 5–6 век во времето на т.н. „голема преселба на народите“ градот е сведок на нападите на хуни, готи и други варварски племиња. Од средината на 6 век, при управувањето на император Јустинијан Велики (527-565 г.), Сердика се обновува како важен административен и стопански центар на Византиското Царство со името Триадица, но таа е потчинета на создадената од императорот во неговиот роден крај архиепископија Јустинијана Прима со центар во Охрид.
Средновековен период
[уреди | уреди извор]Во 809 г. градот е дел од териториите на Првото Бугарско Царство и го носи бугарското име Средец, кое Бугарите го зеле директно од старото Сердика. Во 10 век управникот (комит) на Средецката област е Никола. Подоцна неговите наследници од династијата на комитопулите, ќе се бораат против византискиот напад на овие делови на Балканот.
По создавањето на Второто Бугарско Царство во 1185 г. епископот на Средец е воздигнат во сан митрополит.
Од крајот на 14 век до 70-те години на 19 век градот, како и бугарската држава, се под отоманска власт. Во 14 век градот го добива своето последно име — Софија, по името на најважната црква, древната „Света Софија“.
Современа историја
[уреди | уреди извор]По завршувањето на Османлиската власт и создавањето на современата бугарска држава, Софија е избрана за престолнина во 1879 година. Како резултат на тоа, бројот на жителите нараснува побрзо во однос на другите бугарски градови, главно поради внатрешната миграција. Со текот на времето таа имала повеќе имиња. Остатоците од стариот дел на градот сè уште се видливи. Бугарите за првпат биле заробени во Сердика 809 година и градот брзо се здобил со бугарски карактер. Бугарите за име на градот го поставиле првично Средец, а подоцна било променето во Софија (што на грчки значи „мудрост“). За време на последните векови на средниот век благодарение на византискиот цар, Софија станала центар на бугарските власти, со многу значителни трговски центар и занаети. Софија во 1382 победи на Отоманското Царство, и стана главен град на турска провинција, Румелија. Под Турција Софија била речиси 5 цели века.
Население
[уреди | уреди извор]Население низ годините (во илјади):
Населението на Софија е 1 270 284 (2011).
Според пописот од 2001 година во областа Софија живеат 1 177 577 жители. Од нив 559 229 се мажи (47,5%), а жените се 618 348 (52,5%). На 1000 мажи се паѓаат по 1106 жени.
Во градот Софија живееле 1 094 410 жители (2001), од кои мажите се 518 149, а жените 576 261. Најголемиот реон во рамките на престолната општина е Љулин со 120 000 жители, следен од Младост со 110 000, Подујане - 75 312 и Красно село со 72 773 жители. Најголем дел од софијанците се меѓу 18 - 64-годишна возраст (790 180 души), а по нив следат до 18-годишна возраст (201 202) и највозрасната група над 65-годишна возраст (18 3049).
Густината на населението во текот на 2000 г. било 909,1 луѓе на км2. Населението на Софија е многу поголемо од официјално објавеното.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Софија е главен град на економскиот живот во Бугарија. Производствениот сектор на економијата, што претставува повеќе од 800 големи производствени компании, кои, меѓу другото, произведуваат метални производи (75% од вкупниот производ на земјата), како и текстилни производи, гума, кожа, печатење индустрија (50% од производството) и електроника (15% од производството). Софија е исто така финансискиот центар на земјата, седиштето на бугарската Народна банка, на Бугарската берза, како и некои од најголемите бугарски комерцијални банки (како што се Bulbank, Банка ДСК и Обединетата бугарска банка). Градежништвото, трговијата и транспортот се, исто така, важни сектори на локалната економија.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Софиjа е една од 28-те области во земjата. Истовремено, таа е центар на Софиската област и на престолнинската општина којашто има статус на област.
Освен Софиjа, Столична општина ги опфаќа градовите (Банкja, Бухово и Нови Искар), како и 34 села. Поделена е на 24 реони (или општини):
- Банкjа
- Витоша
- Врбница
- В'зраждане
- Изгрев
- Илинден
- Искар
- Красна Полjана
- Красно Село
- Кремиковци
- Лозенец
- Љулин
- Младост
- Надежда
- Нови Искар
- Овча Купел
- Обориште
- Панчарево
- Подуjaне
- Сердика
- Слатина
- Студентски
- Средец
- Триадица
Клима
[уреди | уреди извор]Софија има влажна континентална клима (Кепен Dfb на граница со Cfa) со просечна годишна дневна температура од 11 °C.
Зиме, времето може значително да варира. Вообичаено се постудени ноќи со просечна температура од 0 °C до -3 °C и свежи денови со температура од 6 °C до 0 °C. Понекогаш (еднаш на 4-5 години, температурите паѓаат под -20 °C, главно во јануари). Маглата често се појавува, особено на почетокот на есента и зимата. Во просек, Софија добива вкупно 90 см и 60 денови под снег.
Летата се долги, топли и сончеви, иако бурите не се необични, особено на почетокот на летото. На лето, градот вообичаено е постуден отколку другите делови на Бугарија со просечна дневна температура од 22-23 °C, поради неговата висока положба. Меѓутоа, градот е исто така често погодуван од жешките бранови со температури од или над 38 °C, особено во јули и август.
Пролетта и есента во Софија се релативно кратки со променливо и динамично време.
Градот има просечни годишни врнежи од 587 мм, достигнувајќи го својот врв кон крајот на пролетта и почетокот на летото, кога се вообичаени бурите.
Клима на Софија | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Апсолутна максимална (°C) | 25 | 27,0 | 31,2 | 31,5 | 34,0 | 38,0 | 42,0 | 41,8 | 37,3 | 33,9 | 25,5 | 23,0 | 41,0 |
Просечна максимална (°C) | 4 | 6 | 12 | 18 | 22 | 26 | 29 | 29 | 24 | 18 | 11 | 5 | 17,0 |
Просечна температура (°C) | 1 | 2 | 7 | 12 | 17 | 20 | 23 | 23 | 18 | 13 | 7 | 2 | 12,1 |
Просечна минимална (°C) | −3 | −2 | 2 | 7 | 11 | 14 | 16 | 16 | 13 | 8 | 3 | −1 | 7,0 |
Апсолутна минимална (°C) | −23 | −21 | −15 | −4 | −1 | 3,4 | 5,0 | 6 | 0 | −5 | −11 | −17 | −23 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 31,0 | 32,3 | 37,4 | 50,5 | 74,4 | 73,9 | 61,3 | 53,6 | 45,0 | 42,2 | 43,5 | 42,0 | 587,1 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 9 | 10 | 10 | 12 | 13 | 12 | 10 | 9 | 7 | 11 | 10 | 12 | 125 |
Сончеви часови (месечно) | 89,9 | 123,2 | 179,8 | 192,0 | 254,2 | 285,0 | 322,4 | 294,5 | 210,0 | 170,5 | 120,0 | 58,9 | 2.300,4 |
Извор: Софиска опсерваторија;ECA&D[8] (precipitation); Climatedata.eu[9] (врнежливи денови) |
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Поради стратешката положба на Софија, таа е меѓународен центар на железничкиот и автомобилниот транспорт. Три од десетте Транс-европски транспортни коридори преминуваат преку градот: 4ти, 8ми и 10-ти. Сите основни видови транспорт освен бродскиот се застапени во градот. Во Софија има осем железнички станици, а најголемата од нив е Главната железничка станица во центарот на градот. Во близина на неа се наоѓа Главната абтобуска станица. Преку Софискиот аеородром во 2011 година се превезле 3.47 милиона патници.[10]
Јавниот транспорт е добро развиен и изнесува 2380 км. автобуска мрежа, 308 км. трамвајна мрежа, 193 км. тролејбуска мрежа, кои ги покриваат сите раони на градот.[11] Од 1998 година во Софија работи метро. Во 2020 година метрото има три линии со општа должина од 48 километри и 43 станици.[12]
Културно-историски споменици во Софија
[уреди | уреди извор]„Св. Софија“ е најстарата црква во Софија, подигната во 4 век. Низ вековите црквата доживела бројни преправки.
„Св. Александар Невски“ - подигната во чест на рускиот светец Александар Невски и во спомен за загинатите руски војници во Руско-турската ослободителна војна од 1877/78 година.
„Св. Недела“, или „Црквата Свети крал“, е позната по тоа што во неа почиваат моштите на српскиот крал Милутин (Стефан Урош II).
Османлиска архитектура. По создавањето на современата бугарска држава (1878) во Софија беа разурнати речиси сите траги од 5-вековното османлиско присуство, меѓу кои и 40-тина џамии. Денес во Софија има само една џамија - „Бања Баши џамија“; зградата на археолошкиот музеј се наоѓа во поранешната „Бујок џамија“ (до Народната банка), а прочуената црква „Св. Седмочисленици“ е сместена во поранешната „Черната џамија“.
Руски паметник (Руски споменик) е обелиск посветен на Руската армија.
Цар Ослободител е споменик посветен на рускиот цар Александар II. Споменикот во вид на скулптура го претставува рускиот цар седнат на коњ. Автор на споменикот е италијанскиот уметник Арналдо Ѕоки (1862-1940). Камен-темелникот е ставен на 23 април 1901, а работата е завршена на 15 септември 1903 година.
Боjанската црква е еден од најзначајните споменици на културата во Бугарија. Посебно внимание привлекува живописот кој спаѓа меѓу ремек делата на великотрновската средишна уметност.
Личности
[уреди | уреди извор]- Кирил Преславски (1895 - 1945) ― германски монарх, кнез на Бугарија.
- Галаб Донев (р. 1967) ― политичар од Бугарија, премиер на Бугарија
- Иван Костов (р. 1949) ― политичар и поранешен премиер на Бугарија.
Македонци во Бугарија
[уреди | уреди извор]Заради големото присуство на Македонци во Бугарија и градот, неколкумина истакнати македонски фигури се родени во Софија.
- Тодор Христов - Офицерчето (1878 - 1903) ― македонски револуционер и деец во МРО, потекнувал од велешко семејство.
- Соња Абаџиева (р. 1941) ― македонска историчарка за уметност.
- Асен Групче (1919 - 2002) ― македонски правник, судија и публицист.
- Борис Мисирков (р. 1971) ― македонски фотограф, правнук на македонскиот деец Крсте Мисирков.
- Кирил Николов (1911 - 1971) македонски новинар, публицист и политички работник
- Исак Теџер (1916 - 2005) ― македонски лекар и фармацевт, член на МАНУ.
- Лилјана Чаловска (1920 - 1997) ― македонска писателка
- Стојан Чундев (1932 - 2012) ― македонски универзитетски професор за електроника
- Екатерина Чундева (1927 - 2009) ― македонска професроак
Градски занимливости
[уреди | уреди извор]Градот има 16 универзитети, вклучувајќи го и Универзитетот за технологија и Универзитетот во Софија "Св Климент Охридски", кој е основан во 1888 година.
Оваа метропола има многу православни цркви, вклучувајќи ги големите цркви: Свети Ѓорѓи, Света Софија, Црква на Светиот недела (или Светата Кинг, познат по тоа што во неа лежат моштите на српскиот крал Стефан Милутин) и патријаршиски Катедралата, во храмот на Александар Невски.
Галериjа
[уреди | уреди извор]-
Воениот клуб
-
Националата галерија за странска уметност
-
Националата галерија за уметност, што ја користи зградата на поранешниот царски дворец
-
Статиjaта на Св. Софиjа, по која градот го добил денешното име
-
Зградата на владата на Бугарија
-
Бојанските водопади до Софија
-
Старата телевизиска кула во Борисовата градина
-
Внатрешна панорама во Националниот археолошки музеj
-
Нови згради крај булеварот "Бугарија"
Врски
[уреди | уреди извор]„Софија“ на Ризницата ? |
- Саjтoт на град Софија
- Sofia - Capital of Bulgaria (Main Gallery)
- Sofia complete accommodation guide Архивирано на 12 октомври 2007 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://appsso.eurostat.ec.europa.eu/nui/show.do?dataset=met_pjanaggr3&lang=en. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ appsso.eurostat.ec.europa.eu
- ↑ Grant, Michael (211). The Emperor Constantine. Hachette. ISBN 9781780222806. Архивирано од изворникот 18 August 2020. Посетено на 12 September 2017.
- ↑ "The Cambridge Ancient History", Volume 3, Part 2: The Assyrian and Babylonian Empires and Other States of the Near East, from the Eighth to the Sixth Centuries BC by John Boardman, I. E. S. Edwards, E. Sollberger, and N. G. L. Hammond, ISBN 0-521-22717-8, 1992, p. 600: "In the place of the vanished Treres and Tilataei we find the Serdi for whom there is no evidence before the first century BC. It has for long been supposed on convincing linguistic and archeological grounds that this tribe was of Celtic origin"
- ↑ Mihailov, G., Thracians, Sofia, 1972, Bulgarian Academy of Sciences, quote in Bulgarian: Името серди е засвидетелствано след келтската инвазия на Балканите. Сердите са от смесен трако-келтски произход.
- ↑ Popov, D. Thracians, Sofia, p.h. Iztok – Zapad, 2005.
- ↑ „София“ (бугарски). Мила Родино. Архивирано од изворникот на 19 December 2007. Посетено на 14 September 2008.
- ↑ http://www.stringmeteo.com/synop/semi_cent2.php?year=2012&month=12&stat=2064&sty=1960&endy=2012&prm_in=on&mode=stat&submit=%D0%9F%D0%9E%D0%9A%D0%90%D0%96%D0%98
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-22. Посетено на 2014-09-27.
- ↑ „Летище София - Статистически данни за трафика“ (бугарски). www.sofia-airport.bg. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2012-09-25.
- ↑ „Public transport Sofia — official website“. www.sumc.bg. Посетено на 2008-05-24.
- ↑ „Българска национална телевизия - Новини“ (бугарски). www.bnt.bg. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2012-09-02.
|
|
|