Прејди на содржината

Сколиоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сколиоза
СпецијалностОртопедија Уреди на Википодатоците

Сколиоза (потекнува од грчкиот збор сколиосис[1] или сколиос што значи „искривено”) е медицинска состојба, каде што се забележува искривување на ‘рбетот од едната страна. Иако е сложена тридимензионална деформација, доколку би се видело на рендгенските снимки од задната страна, ‘рбетот на лицето со сколиоза може да изгледа повеќе како буквите „S” или „C” отколку како права линија. Сколиозата се класифицира како вродена (предизвикана од мани на пршлените од раѓање), идиопатска (не е познато од што е предизвикана, подкласифицирана како детска, адолесцентна или возрасна во зависност од тоа кога се појавила) или невромускуларна (кога се развива како втор симптом од друга состојба, како спина бифида, церебрална парализа, спинална мускуларна атрофија или физичка траума). Во просек 20 милиони луѓе се дијагностицирани со оваа состојба во САД.

Знаци и симптоми

[уреди | уреди извор]

Пациентите кои имаат достигнато скелетна зрелост, ретко доживуваат влошување на состојбата. Некои тешки случаи на сколиоза може да доведад до намалување на капацитетот на белите дробови, притисок на срцето и ограничувања во однос на физичките активности. Знаци на сколиоза: • Нееднаква мускулатура на едната страна од ‘рбетот; • Испакнатост на ребро и/или испакнатост на плешка, предизвикана од ротација на ребрата во торакална сколиоза; • Нееднакви колкови / должина на нозете; • Спори нервни дејства (во некои случаи)

Поврзани состојби

[уреди | уреди извор]

Сколиозата често е поврзана со други состојби како Елерс-Данлос синдром (хиперфлексибилност и други варијации на состојбата), кифоза, церебрална парализа, спинална мускуларна атрофија, мускуларна дистрофија, спина бифида и др.

Во случајот на најзастапената форма на сколиоза, адолесцентската идиопатска сколиоза, не постои јасна причина и е повеќефакторска. Гените играат важна улога. Вмешани се повеќе причини, но никој од научниците нема консензус за причините на сколиозата, но улогата на генетските фактори во развојот на оваа состојба е општо прифатена. Сколиозата се јавува најчесто кај жените. Во некои случаи, сколиозата е од раѓање поради вродени мани на пршлените. Повремено, развојот на адолесцентската сколиоза е поради клучна мана како што е врзан ‘рбетен мозок, но во повеќето случаи причината е непозната или идиопатска, наследена од повеќе фактори, вклучувајќи ја генетиката. Сколиозата често се појавува или влошува за време на адолесцентскиот период.

Дијагноза

[уреди | уреди извор]

Пациентите кај кои се појавува сколиоза во почетокот се испитуваат за да се одреди дали има причина за деформитетот. При физичко испитување се испитува следното:

- Кожата за дамки како бело кафе, индикатива на неврофиброматоза - Деформитети на стапалата - Абдоминални рефлекси - Мускулниот тонус за спастицитет

За време на тестирањето, пациентот се замолува да ја соблече неговиот/нејзиниот горен ден од облеката и да се наведне напред. (Овој тест се извршува најчесто на ученици во училишта.) Доколку се забележи испакнатост, возможно е постоење на сколиоза и пациетот се испраќа на рендгенско снимање за да се утврди дијагнозата. Може да се користи сколиометар како алтернатива за да се дијагностицира состојбата. Се оценува начинот да движење на пациентот, исто така има и тестирање за знаци на други абнормалности (пр. спина бифида, липом или хемангиома.) Исто така се извршува темелен невролошки преглед. Кога се забележува сколиоза кај пациентот, веднаш се прават рендгенски снимки; коронална (преден преглед на грбот) и латерална (страничен преглед на грбот), за да се проценат сколиозните искривувања. Исто така се испитува дали има појава на кифоза и лордоза кои исто така може да бидат случаи кај пациенти заболени со сколиоза. Рендгенските снимки на целосната должина на ‘рбетот се стандарден метод за проценување на сериозноста и напредокот на сколиозата и служат за одредување на тоа дали истата состојба е вродена или идиопатска. Кај пациентите кои сè уште се во фаза на развој, се прават рендгенски снимки во интервал од 3-12 месеци, со цел да се следи напредокот на искривувањето. Кај некои случаи, се извршува магнетна резонантна томографија за да се сними ‘рбетниот мозок. Стандардниот метод за оценување на квантитетот на искривувањето е мерење на т.н. Коб-агол.

Генетско тестирање

[уреди | уреди извор]

Генетското тестирање за адолесцентската идиопатска сколиоза која стана достапна во 2009 и е уште под истрага, се обидува да ја измери веројатноста за напредокот на искривувањето. Генетичарите идентификувале единечни нуклеотидни полиморфизам маркери во ДНК, кои се значајно поврзани со адолесцентската идиопатска сколиоза. Идентификувани се педесет и три генетски маркери.

Лекување

[уреди | уреди извор]

Традиционалното лекарско справување со сколиозата е сложено и се одредува според сериозноста на искривувањето и скелетната зрелост, со чија помош се предвидува можноста за напредок. Вообичаените опции се: Набљудување Физикална терапија Ерго терапија Хиропракса Ортодонски помагала Хируршки зафат

Големото тело на научни истражувања, сведочи за ефикасноста на специјализирани програми за физикална терапија, кои исто така вклучуваат и ортодонски помагала. Научните здруженија дебатираат за тоа дали хиропраксата и физикалната терапија влијаат на сколиозното искривување.

Физикална терапија

[уреди | уреди извор]

Методот Шкрот е неинвазивен, физио-терапевтски третман за сколиоза кој се користи успешно во Европа од 1920. Првично развиен во Германија од страна на Катарина Шкрот, која исто така страдала од сколиоза, методот денес се практикува на пациенти во клиники особено посветени на Шкрот терапијата во Германија, Шпанија, Англија и Северна Америка. Методот е докажано делотворен кај абнормални сколиозни искривувања во просек од 10 % во програми за пациенти од 4-6 недели. Една студија забележа дека нема напредок на искривувањето кај приближно 200 пациенти кои го практикуваат методот. Неколку студии забележаа дека методот е добар исто така и за намалување на болката, која може да се јави кај возрасните пациенти. Мали искривувања од 15 и 20° за време на развојот на пациентот, може да се третираат со помош на физиолошка програма. Кај искривувања помеѓу 20 и 30°, се применува програма наречена „3D-made-easy”. Кај искривувања поголеми од 30° се применува комбинација од двете претходно споменати програми и Шкрот програмата. Индикацијата за лекување зависи од степенот на искривувањето, возраста на пациентот, како и поединечната шема на искривување. Денес, конзервативното справување со сколиозата се смета дека е основано врз докази и нема значителен доказ за да се поддржи хируршки зафат.

Ерго терапија

[уреди | уреди извор]

Ерго-терапевтот им помага на оние кои доживеале повреда или болест, да ја повратат и одржат способноста за извршување на секојдневните активности. Терапевтот, може да му обезбеди на пациентот помош преку проценка, интервенција и тековна оцена на состојбата. Ова ќе му помогне на пациентот да се справи со физичките симптоми, за да може лесно да ги извршува секојдневните активности, особено грижата за себе, продуктивноста и слободното време. Една од интервенциите вклучува и употреба на корсети. За време на последните неколку децении, наоравени се различни видови на ортодонски помагала за лекување на сколиоза. Студиите покажуваат дека страничниот притисок кој го овозможува ортодонското помагало, штити од понатамошни искривувања на ‘рбетот, кај идиопатската сколиоза. Други студии покажуваат дека ортодонските помагала можат да ги носат пациентите и за време на физички активности. Други интервенции вклучуваат стратегии за правилна потпора на телото, како правилно да се седи, стои и спие и употреба на потпори за телото како перници, потпори и корсети.

Грижа за себе
[уреди | уреди извор]

Попреченоста предизвикана од сколиозата, како и физичките ограничувања за време на лекувањето од третманот поврзан со операцијата, често влијае на способноста на пациентот да се грижи за себеси. Првиот третман на сколиозата е обидот да се спречи понатамошно искривување на ‘рбетот. Зависно од големината на искривеноста, ова се прави на еден од трите начини: ставање на ортодонско помагало, хируршки зафат или употреба на потпори за телото. Спречувањето на напредокот на сколиозата, може да го заштити пациентот од тоа да изгуби способност за извршување на секојдневните активности, со помош на одржување на опсегот на движење, заштита од искривување на ребрата и намалување на болката која се јавува за време на извршување на одредени активности како подигнување и наведнување. Ерго-терапевтите се често вклучени во производството на специјалинте направи за потпора на телото. Потпорите се користат за одржување на исправеност на грбот или можат да помогнат во неговото исправување. Овој вид на третман овозможува слободност на движење кај лица во инвалидски колички, спречува ризик од деформирање на ребрата и овозможува слободно движење на рацете.

Продуктивност
[уреди | уреди извор]

Продуктивните активности вклучуваат платена или неплатена работа, домаќински обрвски, ушилиште, работа и забава. Неодамнешни студии за здравството, доведоа до развој на разни третмани за лекување на сколиоза и зголемување на продуктивноста кај луѓето на сите возрасти. Техничките средства за рехабилитација, претрпеа драматични промени во последните 20 години. Зголемена е достапноста и квалитетот на техничките средства. Користењето на истите придонесуваат за подобрување на способностите, извршување на секодневните активности и подобрување на начинот на живеење. Честа интервенција на техничките средства за рехабилитација е контролата за седење и потпора. Познато е дека е важна и се грижи за децата со лоша контрола на држењето. Важно е децата да ги извршуваат сите училишни и вон-училишни активности. Обезбедува удобност за децата кои се во инвалидски колички и го олеснува нивното учество во училишните активности без проблем. Оние кои немаат потреба од инвалидска количка, може да користат ортодонско помагало.

Слободни активности
[уреди | уреди извор]

Слободните активности се сите оние активности кои се значајни и пријатни за една личност. Има многу физички симптоми кои можат да ја лишат личноста од извршување на разни активности, како болка во градите, грбот, недостиг на здив и ограничено движење на ‘рбетот. Улогата на ерго-терапевтот е да им помогне на пациентите слободно да ги извршуваат сите свои активности. Ерго-терапевтот исто така препорачува употреба на ортодонско помагало на пациенти кои спортуваат и вежбаат. Тој исто така укажува на правилната употреба на помагалото.

Ортодонски помагала

[уреди | уреди извор]

Ортодонски помагала се препорачуваат за пациенти чии коски во развој и се користат за да спречат искривеноста да дојде до степен каде што е потребен хируршки зафат. Тие исто така им се препорачуваат и на возрасни пациенти со цел да ги ослободат од болка. Ортодонското помагало е направа која го поддржува торзото, во некои случаи и вратот. Најчестото ортодонско помагало е корсетот, кој зафаќа површина од пазувите до колковите и е направено од плексиглас или пластика. Понекогаш се носи 22-23 часа дневно, зависно од докторската препорака и врши притисок на искривеноста на ‘рбетот. Помагалата се препорачуваат за идиопатски искривувања кои не се многу сериозни, но исто така и кај поголеми искривувања, но кај мали деца за да се спречи поголемо искривување до периодот кога детето ќе биде доволно возрасно за да му биде извршен хируршки зафат. Помагалата може да предизвикаат физички и психички тешкотии. Може да се отежне физичката активност, бидејќи помагалото врши притисок во пределот кај стомакот. Здружението за истражување на сколиоза препорачува да се носи ортодонско помагало кај искривување поголемо од 25 степени.

Хируршки зафат

[уреди | уреди извор]

Ортопедите препорачуваат хируршки зафат за искривувања кои се со ризик за напредок (поголеми од 45 степени), искривувања кај пациенти со спина бифида и церебрална парализа и искривувања кои им попречуваат на физиолошките функции како дишење. Зафатот го извршува хирург кој е специјализиран за спинална хирургија. Од многу причини е невозможно целосно да се исправи ‘рбетот, но можат да се постигнат значајни исправки. Има два вида на хируршки зафат: Предно спојување: овој зафат се изведува со засек на страната на градниот ѕид; Задно спојување: овој зафат се изведува со засек на грбот и вклучува употреба на метални иструменти за исправување на искривувањето.

’Рбетно спојување со помош на инструменти
[уреди | уреди извор]

’Рбетното спојување е најпрактикуван зафат за сколиоза. Во овој зафат се пресадува коска во пршлените, со што кога заздравуваат, заедно формираат цврста коскена маса и ‘рбетот постанува цврст. Тоа спречува влошување на искривувањето. Може да се изврши од предниот дел на ‘рбетот преку градниот кош или абдоменалната празнина, или почесто преку задниот дел, т.е. грбот. Современите ’рбетни спојувања даваат добри резултати со голем степен на исправување и ниска стапка на неуспех и инфекции. Пациентите врз кои е извршен зафатот, живеат нормални животи, без ограничувања во секојдневните активности.

Торакопластика
[уреди | уреди извор]

Торакопластиката е дополнителен хируршки зафат, кој може да го препорача хирургот. Тоа е зафат, кој се применува за да се намали испакнатоста на реброто, што се јавува кај пациенти со торакално искривување. Торакопластиката може да се изврши како дел од ’рбетното спојување или пак посебно. Торакопластиката е ризична, може да доведе до зголемување на болката во областа кај ребрата.

Компликации
[уреди | уреди извор]

Ризикот од хируршкиот зафат за сколиозата е проценет на 5 %. Можни компликации се воспаление на меките ткива или длабоки воспалителни процеси, отежнато дишење, крварење и повреди на нервите. Сепак, според најновите докази, се намалуваат ризиците од компликации.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Прибелешки
  1. Online Etymology Dictionary. Douglas Harper, Historian. Accessed 27 December 2008. Dictionary.com

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]