Синчеков шаренец
Синчеков шаренец | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Melitaea |
Вид: | M. phoebe |
Научен назив | |
Melitaea phoebe (Denis & Schiffermüller, 1775)[1] | |
Синоними[1] | |
Papilio phoebe Denis & Schiffermüller, 1775 |
Синчековиот шаренец (Melitaea phoebе) е пеперутка од семејството на шаренците.[2] Оваа пеперутка живее во Евроазија, а ја има и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Распонот на крилјата е од 34 до 50 мм. Горната страна на крилјата на пеперугите е во портокалова боја, со изразени црни вени. Помеѓу вените се наоѓаат препознатливите црни дамки во различна големина и форма. Рабовите на крилјата се бели, со црна бордура. Женката и мажјакот имаат иста шара, со тоа што женките се посветли. Долната страна на крилјата е малку поразлична. Предниот дел од долната страна е во портокалова боја, со црни вени и помал број црни дамки. Врвовите на крилјата се со посветли нијански. Задниот дел е во брановидни ленти од портокалова и кремаста боја со црни дамки.[3] Пеперутките летаат од април до септември, во зависност од локацијата. Ларвите се хранат со растенијата Plantago и Centaurea.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Мажјак, горна страна
-
Мажјак, долна страна
-
Женка, горна страна
-
Женка, долна страна
-
Кукла
-
Ларва
-
Ларва
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Melitaea phoebe[мртва врска]
- ↑ Savela, Markku. „Melitaea phoebe (Denis & Schiffermüller, 1775)“. Lepidoptera and Some Other Life Forms. Посетено на 23 June 2018.
- ↑ Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|