Симон Аспелин
Симон Аспелин (11 мај 1974) е поранешен професионален тенисер во игра на парови од Шведска. Тој станал професионалец во 1998 година. Неговиот успех главно бил во игра на двојки, освојувајќи 12 титули и стигнувајќи до светскиот број 7 во март 2008 година. Во категорија на машки двојки, Аспелин го освоил Отвореното првенство на САД во 2007 година и сребрениот медал на Летните олимписки игри 2008 година.
Незаборавен дел од кариерата на Аспелин бил кога тој и партнерот во двојки Тод Пери играле во четвртфиналето за мажи на првенството Вимблдон во 2006 година како осми носители во двојки против третите носители на тој турнир Марк Ноулс и Даниел Нестор. Ноулс и Нестор го добиле тој натпревар и резултатот во последниот сет бил 23 : 21.
На Отвореното првенство на САД во 2007 година, кога Аспелин со својот партнер Џулијан Ноул биле десетти носители, го постигнал најголемиот успех во својата кариера со освојувањето на УС Опен. Тоа бил неговиот прв Грен слем во кариерата. Во првите две кола победиле против Кубот/Скоч, а против Калери/Хорна буквално се прошетале низ натпреварот. Во третото коло продолжиле со добра игра и ги збришале осмите носители Џонатан Ерлих и Енди Рам. Во четвртфиналето, тие ги шокирале првите носители Боб и Мајк Брајан, откако претходно само неколку седмици имале загубено од нив. Во полуфиналето, тие се спротивставиле на нерангираните Жулиен Бенето и Николас Махут. Во финалето Аспелин и неговиот партнер ги победиле деветите носители, Павел Визнер и Лукаш Длоухи.Аспелин претходно никогаш не стигнал до полуфинале на еден Грен слем. Оваа победа ги ставила на позицијата бр. 5 во АТП листата за играчи во двојка во машка конкуренција, а исто со овој резултат Аспелин се искачил на 13то место на АТП листата во поединечна конкуренција. Неговиот рекорд во Дејвис купот во март 2009 година бил 3–5 (победи и одиграни) во двојки. Друг забележителен настап во 2007 година му бил финалето во Шангај против Ноулс/Нестор на тенискиот Мастерс куп кое го играл во пар со Џулијан Ноул. На Летните олимписки игри 2008 година, тој и неговиот колега Швеѓанецот Томас Јохансон ги победиле француската двојка Михаел Лодра и Арно Клемент со 7–6, 4–6, 19–17 во полуфиналето од турнирот. Натпреварот траел 4 часа и 46 минути. На крајот тие го освоиле сребрениот медал губејќи во финалниот натпревар.
Пред неговата професионална кариера, Аспелин се натпреварувал вкупно четири сезони на Универзитетот Пепердајн, во Малибу, Калифорнија. Еден е од само двајцата тенисери што заработиле сеамерикански статус во сите четири сезони на натпревари[1] и бил примен во Куќата на славните Пепердајн во есента 2010 година.
Во мај 2011 година, тој бил примен во Куќата на славните ИТА (интернационална тенисерска асоцијација).
Во јули 2011 година, Аспелин објавил дека се повлекува од професионалниот тенис. Тој го одиграл својот последен турнир во Бастад, каде стигнал до финалето, но не успеал да ја освои својата тринаесетта АТП титула.[2][3]
Грен слем финалиња
[уреди | уреди извор]Двојки (парови) (1 титула)
[уреди | уреди извор]Резултат | година | првенство | Површина | Пертнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Победи | 2007 година | УС Опен | Тврда | Џулијан Ноул | Лукаш Длоухи Павел Визнер |
7–5, 6–4 |
Олимпијада
[уреди | уреди извор]Двојки (парови): 1 (1 сребро)
[уреди | уреди извор]Резултат | година | првенство | Површина | Пертнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Сребрена | 2008 година | Олимпијадата во Пекинг | Тешко | Томас Јохансон | Роџер Федерер Стен Вавринка |
3–6, 4–6, 7–6 (7–4), 3–6 |
Финалиња во кариерата
[уреди | уреди извор]Двојки (парови), (12 победи, 21 пораз)
[уреди | уреди извор]
|
|
Резултати | Број. | Дата | Турнир | Површина | Партнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победа | 1. | февруари 2000 | Марсеј | Тврда | Јохан Ландсберг | Хуан Игнасио Караско Хаиро Веласко Јуниор |
7–6(7–2), 6–4 |
Пораз | 1. | јули 2001 | Бастад | Земја | Андреј Кратзман | Карстен Брах Јенс Книпшилд |
6–7(3–7), 6–4, 6–7(5–7) |
Пораз | 2. | јули 2001 | Китцбухел | Земја | Андреј Кратзман | Алекс Коретја Луис Лобо |
3–6, 6–4, 3–6 |
Пораз | 3. | февруари 2002 | Буенос Аирес | Земја | Андреј Кратзман | Гастон Етлис Мартин Родригес |
6–3, 3–6, [4–10] |
Пораз | 4. | април 2002 | Есторил | Земја | Андреј Кратзман | Карстен Брах Андреј Олховски |
3–6, 3–6 |
Победа | 2. | мај 2003 | Сент Пелтен | Земја | Масимо Бертолини | Саргис Сарксиан Ненад Зимоњиќ |
6–4, 6–7(8–10), 6–3 |
Победа | 3. | јули 2003 | Бастад | Земја | Масимо Бертолини | Лукас Арнолд Маријано Худ |
6–7(3–7), 6–0, 6–4 |
Пораз | 5. | Sep 2003 | Букурешт | Земја | Џеф Котзи | Карстен Брах Саргис Саргсиан |
6–7(7–9), 2–6 |
Пораз | 6. | јули 2004 | Бастад | Земја | Тод Пери | Махеш Бупати Јонас Бјоркман |
6–4, 6–7(2–7), 6–7(6–8) |
Пораз | 7. | јули 2004 | Штутгарт | Земја | Тод Пери | Јири Новак Радек Штепанек |
2–6, 4–6 |
Пораз | 8. | јануари 2005 | Аделаида | Тврда | Тод Пери | Хавиер Малисе Оливиер Рохус |
6–7(5–7), 4–6 |
Пораз | 9. | јануари 2005 | Оукленд | Тврда | Тод Пери | Ивес Алегро Михаел Колман |
4–6, 6–7(4–7) |
Победа | 4. | јануари 2005 | Делреј Бич | Тврда | Тод Пери | Џордан Кер Џим Томас |
6–3, 6–3 |
Победа | 5. | февруари 2005 | Мемфис | Тврда (i) | Тод Пери | Боб Брајан Мајк Брајан |
6–4, 6–4 |
Пораз | 10. | јуни 2005 | Нотингем | Трева | Тод Пери | Џонатан Ерлих Енди Рам |
6–4, 3–6, 5–7 |
Пораз | 11. | јули 2005 | Индианаполис | Тврда | Тод Пери | Пол Хенли Грејдон Оливер |
2–6, 1–3 ret. |
Пораз | 12. | октомври 2005 | Токио | Hard | Тод Пери | Сатоши Ивабучи Такао Сузуки |
4–5(3–7), 4–5(13–15) |
Пораз | 13. | јануари 2006 | Оукленд | Тврда | Тод Пери | Андреј Павел Рожер Васен |
2–6, 7–5, [4–10] |
Победа | 6. | октомври 2006 | Санкт Петербург | Тепих - синтелон | Тод Пери | Џулиан Кноул Јиржи Мелцер |
6–1, 7–6(7–3) |
Пораз | 14. | јануари 2007 | Оукленд | Тврда | Крис Хагард | Џеф Котзи Роџер Васен |
7–6(11–9), 3–6, [2–10] |
Победа | 7. | мај 2007 | Портшаш | Земја | Џулиан Кноул | Леош Фридл Дејвид Шкоч |
7–6(8–6), 5–7, [10–5] |
Победа | 8. | јуни 2007 | Хале | Трева | Џулиан Кноул | Фабрис Санторо Ненад Зимоњиќ |
6–4, 7–6(7–5) |
Победа | 9. | јули 2007 | Бастад | Земја | Џулиан Кноул | Мартин Гарсија Себастијан Прието |
6–2, 6–4 |
Победа | 10. | септември 2007 | УС Опен | Тврда | Џулиан Кноул | Лукаш Длухи Павел Визнер |
7–5, 6–4 |
Пораз | 15. | ноември 2007 | Тенис мастер куп Шангај | Тврда (i) | Џулиан Кноул | Марк Кнолс Даниел Нестор |
2–6, 3–6 |
Пораз | 16. | август 2008 | Летни олиписки игри Пекинг | Тврда | Томас Јохансон | Роџер Федерер Станислас Вавринка |
4–6, 3–6, 7–6(7–4), 3–6 |
Пораз | 17. | април 2009 | Казабланка | Земја | Пол Хенли | Лукаш Кубот Оливер Марач |
6–7(4–7), 6–3, [6–10] |
Пораз | 18. | мај 2009 | Мадрид | Земја | Весли Муди | Даниел Нестор Ненад Зимоњиќ |
4–6, 4–6 |
Пбеда | 11. | јули 2009 | Хамбург | Земја | Пол Хенли | Марчело Мело Филип Полашек |
6–3, 6–3 |
Пораз | 19. | октомври 2009 | Стокхолм | Тврда(i) | Пол Хенли | Бруно Суарес Кевин Улиет |
4–6, 6–7(4–7) |
Пораз | 20. | февруари 2010 | Ротердам | Тврда (i) | Пол Хенли | Даниел Нестор Ненад Зимоњиќ |
4–6, 6–4, [7–10] |
Победа | 12. | февруари 2010 | Дубаи | Тврда | Пол Хенли | Лукаш Длухи Леандер Паес |
6–2, 6–3 |
Пораз | 21. | јули 2011 | Бастад | Земја | Андреас Силјестром | Роберт Линштед Хориа Текау |
3–6, 3–6 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2021-11-21.
- ↑ „Lindstedt-Tecau Retain Bastad Title; Aspelin Retires From Pro Tennis“. atpworldtour.com. Association of Tennis Professionals. 17 July 2011. Посетено на 17 July 2011.
- ↑ „Swedish Doubles Player Simon Aspelin to Retire“. 10sballs.com. 13 July 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 17 July 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Симон Аспелин Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Симон Аспелин на официјалното мрежно место на Дејвис купот