Селенид
Селенид — хемиско соединение кое го содржи селенскиот анјон со оксидациски број −2 (Se2−), како што е случај со сулфур за сулфидот. Селенидите и сулфидите имаат слична хемија. Како кај сулфидите, селенидниот јон Se2− во воден раствор преовладува само во многу базни услови. Во неутрални услови, најчест е селеноводородниот јон (HSe−). Во кисели услови се образува селеноводород (H2Se).
Некои селениди оксидираат на воздух. Пораги поголемата редуктивна моќ на селенидот, металните селениди полесно се разложуваат на нивните елементи отколку сулфидите (телуридите се уште полабилни). Селенидите се електропозитивни метали: алуминиум селенидот лесно се хидролизира, дури на влажен воздух, и дава токсичен селеноводороден гас.
Чистите селенидни минерали се ретки, па затоа селенот делумно се заменува со сулфид во многу сулфидни минерали. Степенот на замена има стопанско значење само кај бакаросулфидните руди, каде селенот се добива како нуспроизвод во прочистувањето на бакарот. Некои селенидни минерали се фероселитот и умангитот.[1]
Реакции
[уреди | уреди извор]Алкалнометалните селенидни реагираат со елементен селен, давајќи соли на полиселенид.
Квантни точки
[уреди | уреди извор]Металоселенидните квантни точки и наночестички можат да се добијат со разни постапки, од кои многу бараат висока температура и опасни претходнички соединенија.[2] Честичките може да се прилагодат за различни намени со измена на лигандите координирани со позитивно наелектризираниот надворешен слој. На располагање се многу реакции на замена на лиганди, заменувајќи лиганди од типот X, L и Z — механизам кој сè уште се проучува.[3]
Примена
[уреди | уреди извор]Квантните точки од метални селениди се користат нашироко поради особени спектарски својства.[4] Јадрено-обвивните легури на кадмиум сулфидот наоѓаат примена во снимањето и светлинската терапија.[5]
Примери
[уреди | уреди извор]- Галиум(II) селенид
- Индиум(III) селенид
- Натриум селенид
- Кадмиум селенид
- Цинк селенид
- Олово селенид
- Бакар селенид
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bernd E. Langner "Selenium and Selenium Compounds" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, 2005, Wiley-VCH, Weinheim. doi:10.1002/14356007.a23_525.
- ↑ Chen, Ou; Chen, Xian; Yang, Yongan; Lynch, Jared; Wu, Huimeng; Zhuang, Jiaqi; Cao, Y. Charles (2008). „Synthesis of Metal-Selenide Nanocrystals Using Selenium Dioxide as the Selenium Precursor“. Angewandte Chemie International Edition. 47 (45): 8638–8641. doi:10.1002/anie.200804266. ISSN 1433-7851. PMID 18850601.
- ↑ Anderson, Nicholas C.; Owen, Jonathan S. (2013-01-08). „Soluble, Chloride-Terminated CdSe Nanocrystals: Ligand Exchange Monitored by 1H and 31P NMR Spectroscopy“. Chemistry of Materials. 25 (1): 69–76. doi:10.1021/cm303219a. ISSN 0897-4756.
- ↑ Larson, Daniel R.; Zipfel, Warren R.; Williams, Rebecca M.; Clark, Stephen W.; Bruchez, Marcel P.; Wise, Frank W.; Webb, Watt W. (2003-05-30). „Water-Soluble Quantum Dots for Multiphoton Fluorescence Imaging in Vivo“. Science (англиски). 300 (5624): 1434–1436. Bibcode:2003Sci...300.1434L. doi:10.1126/science.1083780. ISSN 0036-8075. PMID 12775841. S2CID 7968711.
- ↑ Hessel, Colin M.; Pattani, Varun P.; Rasch, Michael; Panthani, Matthew G.; Koo, Bonil; Tunnell, James W.; Korgel, Brian A. (2011-06-08). „Copper Selenide Nanocrystals for Photothermal Therapy“. Nano Letters. 11 (6): 2560–2566. Bibcode:2011NanoL..11.2560H. doi:10.1021/nl201400z. ISSN 1530-6984. PMC 3111000. PMID 21553924.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Напис за примената на селенидни наночестички во претворањето на сончевата енергија — ScienceDaily (англиски)
|
|
|