Прејди на содржината

Свети Петар и Микелон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар и Микелон
Collectivité territoriale de
Saint-Pierre-et-Miquelon
Знаме Грб
ГеслоA Mare Labor
(англиски)
ХимнаМарселеза
Местоположба на Saint-Pierre et Miquelon
Главен град
(и најголем)
Свети Петар
46°47′N 56°10′W / 46.783° СГШ; 56.167° ЗГД / 46.783; -56.167
Службен јазик француски
Народности  Баски, Бретонци, Нормани (Французи риболовци) [1]
Уредување Зависна територија
 •  претседател на Франција Никола Саркози
 •  претседател на територијалниот совет Стефан Артано
Прекуморски заедници на Франција
 •  преземено од Велика Британија 30 мај 1814 
 •  Прекуморскa териториja 27 октомври 1946 
 •  Прекуморски департман 17 јули 1976 
 •  Територијална заедница 11 јуни 1985 
 •  Прекуморска заедница 28 март 2003 
Површина
 •  Вкупна 242 км2 (208)
 •  Вода (%) занемарливо
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 7,063[1] (227)
 •  Попис јануари 2006 6,125 
 •  Густина 29.1 жит/км2 (188)
БДП (ПКМ) проценка за 2003 г.
 •  Вкупен $48.3 милиони (226)
Валута евро () (EUR)
Часовен појас PMST (UTC-3)
 •  (ЛСВ) PMDT (UTC-2)
НДД .pm
Повик. бр. +508
Париски договор (1814).

Свети Петар и Микелон (франц. Saint-Pierre-et-Miquelon) е островска територија во северниот Атлантски Океан, 25 километри јужно од островот Њуфаундленд (Канада). Територијата е под француски суверенитет и е дел од Европската Унија.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на Свети Петар и Микелон

Островите имаат вкупна површина од 242 км2 и 7012 жители. Архипелагот се состои од островот Свети Петар (26 км2), Микелон (110 км2), Лангладе (91 км2) и некои помали острови. Порано Микелон и Лангладе биле раздвоени острови, додека денес се споени со копнен провлак и заедно се нарекуваат Микелон.

На Свети Петар живеат 6.100 жители (главен град е местото Свети Петар, додека на Микелон живеат 900 луѓе.

Историја

[уреди | уреди извор]

Свети Петар и Микелон се последниот мал остаток од некогашната колонија Нова Франција.

Името Остров Свети Петар го дал морепловецот Жак Картие кога поминал покрај островот во 1536 година. Пред тоа, островите се нарекувале Архипелаг на единаесет илјади девици, име што им го дал португалскиот истражувач Жозе Алварез Фагуендес, во 1520 год, на денот на Света Урсула.

Нападите на Британците кон крајот на XVII век ги натерале француските доселеници да ги напуштат овие острови. Тие го менувале сопственикот сè до 1815 година, од кога овде се востановила француска власт и почнал период на релативна благосостојба заснована на рибарење. Значењето на рибарството опаднало кон крајот на XIX век и островите западнале во економска депресија. Краток период на економска експанзија уследил во 1920-те за време на прохибицијата на алкохол во САД. Тогаш Свети Петар бил центар за криумчарење на алкохол.