Рубикова коцка
Рубикова коцка — механичка загатка изумена во 1974[1] од унгарскиот вајар и професор по архитектура Ерне Рубик. Оригинално наречена „магична коцка“ од нејзиниот пронаоѓач, оваа загатка е преименувана како „Рубикова коцка“ од компанијата „Ideal Toys“ во 1980,[1] и ја освоила Наградата за германска игра на годината (Spiel des Jahres) во специјалната категорија за загатки. Таа е светски најпродаваната играчка, со над 300.000.000 Рубикови коцки и нејзини имитации продадени низ целиот свет.[2]
Во типична коцка, секоја страна е покриена со девет налепници во шест бои. Кога загатката е решена, лицето на секоја страна од коцката е во една боја. Коцката го прослави својот 24-ти јубилеј во 2005, со издавање на посебна верзија на коцката, со налепница во центарот на белата страна со логото „Рубикова коцка 1980-2005“.
Загатката доаѓа во четири можни верзии: 2×2×2 (џебна коцка, наречена и мини коцка, јуниорска коцка или коцка мраз), 3×3×3 стандардната коцка, 4×4×4 (Одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (Професорската коцка). Постојат и поголеми коцки, 6x6x6 и 7x7x7 се исто така пристапни.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Официјално мрежно место - рубикова коцка“. Архивирано од изворникот на 2008-02-24. Посетено на 2008-07-03.
- ↑ Маршал, Реј. Squaring up to the Rubchallenge. icNewcastle. Страницата е посетена на 15 август 2005.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Три децении од „Рубиковата коцка“, БиБиСи Македонски, 27 мај 2010 (македонски)
Оваа статија за игра е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|