Прејди на содржината

Рохинги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народот Рохинги во државата Ракине во Мјанмар

Рохингиетничка група во Мјанмар. Рохингите се муслимани и се населени во источната мјанмарска држава Ракине, а нивниот број изнесува околу 1,1 милион.[1] Говорат рохиншки јазик, кој е припадник на источната гранка на индоариските јазици.

Положбата на Рохингите во Мјанмар

[уреди | уреди извор]

Голем дел од Рохингите дошле во Бурма за време на англиското владеење во оваа земја. За време на Втората светска војна, британската власт им ветувала независност на Рохингите за да ги привлече во борбата против јапонската агресија, но подоцна тие ветувања биле повлечени. По стекнувањето независност на Бурма во 1948 година започнале проблемите на Рохингите, зашто според тогашниот Закон за државјанство на унијата, сите етнички групи, станале државјани на Бурма, со исклучок на Рохингите. Тие можеле да добијат лични карти само ако докажеле дека живеат во Бурма барем во текот на две генерации. Сепак, во тоа време, некои припадници на Рохингите биле дури и пратеници во парламентот. Но, во 1974 година, на Рохингите им било одземено правото на идентитет и тие биле прогласени за странци, по што започнал нивниот масовен егзодус во соседните држави. Во 1982 година бил донесен нов закон за државјанство, но повторно, тој не ги опфатил Рохингите, на кои им било одземено правото да живеат во Мјанмар ако не можат да докажат дека нивните предци живееле во земјата пред стекнувањето на независноста. Според податоците на ООН, 420.000 Рохинги живеат како бегалци во Југоисточна Азија. Во номеври 2016 година, ООН ја обвиниле владата на Мјанмар за „етничко чистење“ на Рохингите, откако војската навлегла во селата во провинцијата Ракине каде живеат Рохингите. Во август 2017 година почнал уште еден егзодус против нив при што високиот комесар на ОН за човекови права изјавил дека „ова е пример како од книгите за етничко чистење“.[2]

  1. Љупчо Поповски, „Мјанмар - Етничко чистење и моралниот пад на нобеловката за мир“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 76.
  2. Љупчо Поповски, „Мјанмар - Етничко чистење и моралниот пад на нобеловката за мир“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 76-78.