Рикардо Сапонара
Рикардо Сапонара | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 декември 1991 | ||
Роден во | Форли, Италија | ||
Висина | м | 1,77||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фјорентина | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Самартинезе | |||
Форли | |||
Равена | |||
Емполи | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2009 | Равена | 3 | (0) |
2009–2013 | Емполи | 83 | (12) |
2013–2015 | Милан | 8 | (0) |
2015-2017 | Емполи | 68 | (14) |
2017- | Фјорентина | 10 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Италија 18 | 3 | (0) |
2009 | Италија 19 | 1 | (0) |
2011-2013 | Италија 21 | 22 | (3) |
* Ажурирано на: 22 мај 2012 ** Ажурирано на: 27 јуни 2012 |
Рикардо Сапонара (роден на 21 декември 1991, во Форли) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Сапонара е офанзивен играч од средниот ред со добра техника, брзина и физичка сила, исто така, има одличен дриблинг, но не ги заборава ни дефанзививните задачи. Може да дејствува и како офанзивно крило (најчесто десно).[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Равена
[уреди | уреди извор]Сапонара пораснал играјќи фудбал во младинските школи на Самартинезе и Форли,[2][3] а во текот на летото на 2007 се префлил во екипата на Равена во Серија Б, иако сè уште настапувал во Примавера првенството. Во сезоната 2008-2009 екипата на Равена испаднала во Лега Про Прима Дивизионе и Сапонара бил вклучен во првиот тим на тренерот Џанлука Атѕори, каде што тој собрал седум натпревари, вклучувајќи и еден настап во Купот на Италија против Џенова[4][5] и 3 во Лега Про купот.
Емполи и Милан
[уреди | уреди извор]На 24 јануари 2009, Емполи го купил Сапонара преку договор за ко-сопственост[6] за 750.000 евра.[7] На 25 јуни 2010, по две сезони во Примавера, екипата од Тоскана целосно го откупила договорот на играчот од Равена.[8][9] за 500.000 евра.[7] Тој го направил своето деби во првиот тим на 13 ноември, во натпреварот против Аталанта во Серија Б во кој неговиот тим победил со 3-0 на домашен терен.[10] Својата прва сезона во Емполи ја завршил со 17 лигашки настапи, од кој седум како стартер.
Следната сезона тој го постигнал својот прв гол како професионалец, за време на натпреварот против Реџина (3-2) на 26 септември 2011.[11] Во текот на неговата втората сезона во клубот одиграл 30 натпревари во Серија Б, од кој 21 како стартер, 2 во плејаутот (во кои Тосканците излегле како победници по два натпревари против Виченца и обезбедиле опстанок) и 2[12] во Купот на Италија. На 1 септември 2012, за време на сезоната 2012-2013, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во ремито 2-2 против Новара.[13] По првата половина од сезоната, во која на 18 натпревари, Сапонара постигнал 8 гола и 7 асистенции,[1] на 21 јануари 2013 на Милан откупил 50% од неговиот договор[14] за 3,8 милиони €;[15] играчот останал на позајмица во Емполи до крајот на сезоната.[16]
Емполи ја завршил сезоната на 4 место во лигата, обезбедувајќи учество во плејофот, каде тие биле поразени во финалето од Ливорно.[17] Вкупно Сапонара одиграл 40 натпревари и постигнал 13 гола за сезоната 2012-2013.[18] По завршувањето на позајмицата, тој ја започнал неговата авантура со росонерите, одлучувајќи да го носи дресот со број 8.[19] Тој го направил своето деби со екипата од Милано на 27 октомври 2013 година, во 9-тото коло од првенството, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Парма.[20] На 22 декември за првпат во дресот на Милан бил стартер, играјќи во Миланското дерби против Интер[21] (пораз со 1-0). На 20 јуни 2014 година, Милан ја откупил и втората половина од договорот на играчот.[22]
Враќање во Емполи
[уреди | уреди извор]На 16 јануари 2015, Сапонара се вратил во Емполи на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп.[23] Своето деби го направил четири дена подоцна во натпреварот Рома-Емполи 2-1 во Купот на Италија. Дебитирал во лигата, десет дена подоцна во натпреварот Емполи-Удинезе 1-2 отворајќи го резултатот од пенал; ова бил неговиот прв гол во Серија А во кариерата и првиот гол во неговата второ искуство со тосканците. На 22 март за првпат бил двоен стрелец на еден натпревар во Серија А, во натпреварот Емполи-Сасуоло 3-1.[24] На 13 мај 2015 година бил откупен од Емполи за 4 милиони €[24].
На 23 август 2015, го одбележал својот прв гол за сезоната против Кјево, за моментален резултат 1-0 (на крајот Кјево победил со 1-3). Веќе во следното коло повторно бил стрелец во поразот со 2-1 од неговиот поранешен тим Милан.
Фјорентина
[уреди | уреди извор]На 28 февруари 2017, Сапонара се преселил во Фјорентина на заем до крајот на сезоната со обврска за откуп на играчот по завршувањето на позајмицата.[25]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Сапонара може да се пофали со 26 натпревари и 3 гола за три различни италијански младински репрезентации. На 22 септември 2009, дебитирал во дресот на репрезентацијата под 19 години, влегувајќи како замена во второто полувреме на пријателскиот натпревар против Данска кој го загубиле со 4-1.[26]
Статистика
[уреди | уреди извор]Статистика е ажурирана на 2 ноември 2015.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2008-2009 | Равена | 1Д | 3 | 0 | КИ+КИ-ЛП | 1+3 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 7 | 0 |
2010-2011 | Емполи | Б | 17 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 17 | 0 |
2011-2012 | Б | 30+2[27] | 1+0[27] | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 1 | |
2012-2013 | Б | 36+4[28] | 11+2[28] | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 13 | |
2013-2014 | Милан | А | 7 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ[29] | - | - | - | - | - | 7 | 0 |
2014-јан. 2015 | А | 1 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Милан | 8 | 0 | 0 | 0 | - | - | - | - | 8 | 0 | |||||
јан.-јун. 2015 | Емполи | А | 17 | 7 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 7 |
2015-2016 | А | 33 | 5 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 5 | |
2016-јан. 2017 | А | 18 | 2 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 19 | 2 | |
Вкупно Емполи | 151+6 | 26+2 | 5 | 0 | - | - | - | - | 162 | 28 | |||||
јан.-јун. 2017 | Фјорентина | А | 11 | 2 | КИ | - | - | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 11 | 2 |
2017-2018 | А | 11 | 0 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 13 | 0 | |
Вкупно Фјорентина | 22 | 2 | 2 | 0 | 0 | 0 | - | - | 24 | 2 | |||||
Вкупно во кариерата | 184+6 | 28+2 | 11 | 0 | 0 | 0 | - | - | 201 | 30 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Simone Gambino (10 јануари 2013). goal.com (уред.). „Generazione di Fenomeni - Riccardo Saponara, da scheggia dell'Empoli a 'top young' nel Milan... ricordando Kakà“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ Maurizio Garavini (13 јануари 2011). sanmartinoinstrada.com (уред.). „Riccardo Saponara - dalla Sammartinese all'Empoli!!!“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ Daniele Guarneri (11 јануари 2013). tempi.it (уред.). „Riccardo Saponara, ecco chi è il nuovo acquisto del Milan. «Più che Kaka, sembra El Shaarawy»“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ Mauro Casaccia (3 октомври 2008). Il Secolo XIX (уред.). „Il Principe entra e vince“. Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ transfermarkt.it, уред. (2 октомври 2008). „Genoa - Ravenna 2 : 1“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ Stefano Sica (24 јануари 2009). tuttomercatoweb.com (уред.). „Ufficiale: Saponara è dell'Empoli“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ 7,0 7,1 Fabrizio Romano (28 декември 2012). tuttomercatoweb.com (уред.). „Saponara fu già a un passo dall'Inter: il retroscena“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ tuttomercatoweb.com, уред. (25 јуни 2010). „Ufficiale: Saponara all'Empoli“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ calciomercato.com, уред. (25 јуни 2010). „Empoli: Dal Ravenna c'è Saponara“. Посетено на 3 март 2014.
- ↑ legaseriea.it, уред. (13 ноември 2010). „Empoli 3 - 0 Atalanta“. Посетено на 22 јануари 2013.[мртва врска]
- ↑ legaserieb.it, уред. (26 септември 2011). „Empoli 3 -2 Reggina“. Архивирано од изворникот на 2014-11-11. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ „Riccardo Saponara - Rendimento 2011/12“. transfermarkt.it. Посетено на 6 јули 2015.
- ↑ legaserieb.it, уред. (1 септември 2012). „Novara 2 - 2 Empoli“. Архивирано од изворникот на 2015-07-04. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ legaseriea.it (уред.). „Tutti i trasferimenti - Milan“. Архивирано од изворникот на 2010-07-08. Посетено на 28 февруари 2014.
- ↑ transfermarkt.it (уред.). „Riccardo Saponara“. Архивирано од изворникот на 2013-01-22. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ legaserieb.it (уред.). „Tutti i trasferimenti - Empoli“. Архивирано од изворникот на 2014-01-14. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ Fabio Giorgi (2 јуни 2013). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Livorno-Empoli 1-0. Toscani in serie A, gol promozione di Paulinho“. Посетено на 18 јуни 2013.
- ↑ transfermarkt.it (уред.). „Riccardo Saponara – Statistiche stagione in corso 12/13“. Посетено на 18 јуни 2013.
- ↑ acmilan.com, уред. (22 јули 2013). „Stagione 2013/14: i numeri di maglia ufficiali del Milan“. Посетено на 22 јули 2013.
- ↑ Marco Pasotto (27 октомври 2013). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Parma-Milan 3-2, Parolo esalta il Tardini“. Посетено на 27 октомври 2013.
- ↑ ANSA, уред. (22 декември 2013). „Inter-Milan: Saponara, prima da titolare“. Посетено на 23 декември 2013.
- ↑ acmilan.com, уред. (20 јуни 2014). „AC Milan comunicato ufficiale“. Посетено на 21 јуни 2014.
- ↑ empolicalcio.net, уред. (16 јануари 2015). „Preso Riccardo Saponara“. Архивирано од изворникот на 2015-02-04. Посетено на 16 јануари 2015.
- ↑ 24,0 24,1 Davide Russo de Cerame (13/06/2015). „Addio Milan, l'Empoli riscatta Saponara“. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „SAPONARA E' UN CALCIATORE DELLA FIORENTINA“. it.violachannel.tv (италијански).
- ↑ transfermarkt.it, уред. (22 септември 2008). „Danimarca U19 - Italia U19 4 : 1“. Посетено на 22 јануари 2013.
- ↑ 27,0 27,1 Плејаут.
- ↑ 28,0 28,1 Плејоф.
- ↑ Не бил вклучен на списокот за УЕФА.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Рикардо Сапонара на soccerway
- Рикардо Сапонара на transfermarkt
- Рикардо Сапонара на espn
- Рикардо Сапонара на goal.com Архивирано на 10 март 2016 г.
- Рикардо Сапонара на whoscored
- Рикардо Сапонара на tuttocalciatori.net
|