Референдум за задржување на СССР
Референдумот за задржување на СССР, одржан на 17 март 1991, е референдум одржан во поранешниот Советски Сојуз со цел да се потврди желбата на советското население да се задржи Советскиот Сојуз како една обединета федерација. Иако референдумот бил бојкотиран во Ерменија, Естонија, Грузија, Латвија, Литванија и Молдавија, референдумот достигнал излезност од 80,03% и завршил со резулат од 77,85% за и 22,15% против задржувањето на СССР. Овој референдум бил единствениот одржан референдум во Советскиот Сојуз пред распадот во 1991.
Преглед
[уреди | уреди извор]На 24 Декември 1990, по иницијатива на тогашниот претседател Михаил Горбачов, биле одржани референдуми за приватен посед на земјиште и зачувување на федеративниот сојузот од рамноправни социјалистички републики.
За референдумот се земале предвид следниве прашања:
- Дали го сметате за неопходно зачувувањето на Совтскиот Сојуз како обновена федерација од рамноправни републики со обезбедени права и слободи за сите независно од националитет? (да/не)
- Дали го сметате за неопходно зачувувањето на СССР како една држава? (да/не)
- Дали го сметате за неопходно зачувувањето на социјалистичкиот систем во СССР? (да/не)
- Дали го сметате за неопходно зачувувањето на советската власт во СССР? (да/не)
- Дали го сметате за неопходно обезбедубањето на човековите права и слободи безразлика од националност? (да/не)
На 16 Јануари 1991, Врховниот Совет на СССР ја донел одлуката да одржи референдум на 17 март 1991 за зачувување на Советскиот Сојуз.
Резултати
[уреди | уреди извор]Избор | Гласови | % |
---|---|---|
За | 113.512.812 | 77,8 |
Против | 32.303.977 | 22,2 |
Невалидни гласови | 2.757.817 | – |
Вкупно | 148.574.606 | 100 |
Излезност | 185.647.355 | 80,0 |
Извор: Nohlen & Stöver[1] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1647 ISBN 978-3-8329-5609-7