Републиканска партија (САД)
Републиканска партија Republican Party | |
---|---|
Претседател | Мајкл Ватли |
Основана | 20 март 1854 |
Штаб | Вашингтон, Прва улица 310 |
Студентско крило | Колеџ републиканци |
Младина |
|
Женско крило | Национална федерација на републиканки |
Странско крило | Републиканци во странство |
Членови (2024) | ▲ 36,912,555 |
Идеологија | конзервативна |
Меѓународна припадност | Меѓународен демократски сојуз |
Бои | Црвена |
Сенат | 49 / 100
|
Претставнички дом | 220 / 435
|
Државни гувернери | 27 / 50
|
Изборен симбол | |
Мрежно место | |
gop.com | |
Политика на САД Политички партии Избори |
Соединети Американски Држави |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Законодавство
Претседателство
Правосудство
Поделба
|
|
Републиканската партија (англиски: Republican Party) е една од двете најголеми политички партии во САД (другата е Демократската партија). Основана во 1854[1] од активисти за укинување на ропството и за осовременување на САД.
Често ја нарекуваат Големата стара партија (англиски: Great Old Party или скратено GOP) и покрај тоа што е помладата од двете најголеми партии. Првпат доаѓа на власт во 1860 година со изборот на Абрахам Линколн и ја водела државата во Граѓанската војна во САД и големата обнова. Неговото водство успеало да го зачува единството на САД и да го укине ропството.
Денес, нејзините членови поддржуваат конзервативна платформа (според американски стандарди).
Републиканската партија имала околу 55 милиони членови во 2004 година, што претставува околу една третина од изборното тело на САД.[2]
Поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш е припадник на Републиканската партија и претставува 19. републиканец избран на таа функција.
Последен претседателски кандидат на оваа партија на САД е четириест и петиот американски претседател Доналд Трамп, кој беше на функцијата од 2017 до 2021 година.
Во историјата на државата, имало вкупно 19 републикански претседатели, најмногу од која било друга американска политичка партија, а од почетокот на 2022 година, Републиканската партија контролира 28 гувернерски позиции, 30 законодавни тела и 23 владини трифекти. [3]
Од февруари 2022 година, шест од вкупно девет судии на Врховниот суд на САД беа номинирани од републиканските претседатели Џорџ В. Буш и Доналд Трамп.[4]
Републиканската партија на САД се залага за помала федерална влада и за конзервативни (честопати десничарски) политики. [5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Браунстаин, Роналд (2017). „Where the Republican Party Began“. The American Prospect. Посетено на 26 јануари 2021.
- ↑ „Neuhart, P. (22 јануари 2004). Why politics is fun from catbirds' seats. USA Today'“. Посетено на 2007-07-11.
- ↑ „U.S. Senate: Political Parties“. www.senate.gov. Посетено на 2022-02-27.
- ↑ „Current Members“. www.supremecourt.gov. Посетено на 2022-02-27.
- ↑ „House Republicans“. gop.gov (англиски). Посетено на 2022-02-27.