Женскиот ракометен турнир на Летните олимписки игри 2012 ќе биде одржан од 28 јули до 12 август 2012. Натпреварите во групната фаза, и во четвртфиналето ќе бидат одиграни во салата Копер Бокс која е со капацитет од 7.000 места. Полуфиналето и натпреварите за медал ќе се одиграат во поголемата кошаркарска арена. На турнирот ќе учествуваат 12 репрезентации.
Најдобрите четири од групите ќе се пласираат во четвртфиналето, а последните две репрезентации во групите ќе разигруваат за 9-12 место.
† Бидејќи Норвешка, како победник на Светското првенство 2011 обезбедила директен пласман на игрите, автоматски пласман обезбедила и репрезентацијата на Шведска, која била второпласирана на Европското првенство 2010 (по Норвешка).