Радиумот не се наоѓа слободно во природата туку се наоѓа во природните руди како што е ураниумовиот оксид или како производ во распаѓање во радиоактивното распаѓање на потешките елементи , вклучувајчи го и ураниумот. Хемиски тој е високо реактивен и има валентност 2 во сите негови соединенија.
Неговата употреба во медицината се намали поради неговата цена и неговата употреба во потрошувачките производи (да ги осветли стрелките на рачните и ѕидните часовници како и за бројчаниците во инструментите беше запрена бидејќи може да предизвика повреди со своето зрачење. Сѐ уште се користи за некои радиографии и како извор на неутрони.