Пјер Жозеф Прудон
Пјер-Жозеф Прудон | |
---|---|
Портрет на Прудон од Гистав Курбе, 1865 | |
Роден(а) | 15 јануари 1809 Безансон, Франција |
Починал(а) | 19 јануари 1865 Париз, Франција | (возр. 56)
Подрачје | западна философија |
Школа | социјализам, анархизам, мутуализам |
Претежна дејност | слобода, сопствеништво, авторитет, сиромаштија, социјална правда, егалитеријанизам |
Пјер Жозеф Прудон (француски: Pierre-Joseph Proudhon; Безансон, 15. јануари 1809 — Париз, 19. јануари 1865 година) бил француски економист и социјален филозоф, кој се смета за еден од првите анархистички мислители (бил првиот филозоф кој се нарекува себеси анархист).[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Пјер Жозеф Прудон е роден во Безансон, Франција, 1809. година.[3] Како син на неуспешен мал фармер,[4] кои, по ликвидацијата (го проголтала хипотеката) почнува да се занимава со правење на бавчи, целиот свој живот тој чувствува носталгија за изгубениот имот. Прудон не можел да го прифати пропаќањето на тој социјален слој кој, кои живеат целосно од својата работа, така што целиот живот смислувал идеи кои на сиромашните ќе им овозможи социјална еднаквост.
Во неговиот памфлет „Што е тоа сопственост?“ Прудон е осуден за злоупотреби на концентрацијата на економската моќ и приватна сопственост. Таму тој ја направил својата познатата изјава „Сопственоста е кражба“. Неговата теорија го направила популарен мислител.
Творештво
[уреди | уреди извор]Прудон бил противник на комунистите и ја бранел ситната приватна сопственост, а идното идеално општество го замислувал како здружение на ситните производители. Во своето дело „Беда на филозофијата“ Карл Маркс дал остра критика на Прудоновото дело „Филозофија на бедата“,[5] обвинувајќи го дека од економистите ја позајмил вербата во вечноста на економскиет односи, а од социјалистите илузијата во бедата да гледаат само беда. Според Маркс, Прудон си ласак себеси кога тврди дека дал критика на политичката економија и на комунизмот, зашто тој стои длабоко под двете.[6]
Подоцна, во 1865 година, во списанието „Социјалдемократ“ (броевите 16, 17 и 18), Маркс повторно ги критикувал економските и филозофските погледи на Прудон. Притоа, за Прудоновото рано дело „Светски јазик“ Маркс вели дека во него Прудон покажува колку лесно се зафаќа со проблемите за чие решавање немал ни основни предзнаења. Од друга страна, „Што е сопственоста“ го оценува како најдоброто дело на Прудон, истакнувајќи дека тоа е епохално, ако не со новата содржина, тогаш со новиот и смел начин да се каже вистината за сопственоста. Маркс особено го истакнува стилот на Прудон, нарекувајќи го „мускулозен“ при што се гледа дека тој го истакнува како ново дури и кога само ги репродуцира старите идеи. Понатаму, Маркс ги фали предизвикувачкиот пркос со кој Прудон чепка во економската „светост над светостите“, духовитите парадокси со кои му се потсмева на обичниот буржоаски разум, жестоката осуда, горката иронија, продорниот крик против срамот на постоечката состојба и револуционерната озбилност на делото. Навистина, Маркс забележува дека, гледано од научна гледна точка, делото „Што е сопственоста“ едвај би било вредно да се спомене, но ваквите сензационални записи играат улога во науката.[7]
Понатаму, во своето писмо до уредникот на списанието „Социјалдемократ“, Маркс признава дека за време на интензивното дружење со Прудон во 1844 година го заразил со хегелијанизмот, но на негова голема штета, зашто Прудон не можел да го проучи Хегеловото учење поради непознавањето на германскиот јазик. Подоцна, непосредно пред објавувањето на делото „Филозофија на бедата“, самиот Прудон со писмо го замолил Маркс за строга критика, а Маркс го направил тоа во своето дело „Беда на филозофијата“, каде истакнува дека Прудон слабо ја познава научната дијалектика, дека живее во илузиите на спекулативната филозофија и дека, наместо економските категории да ги сфати како теориски изрази на историскиет односи во производството, Прудон блада за нив како за вечни идеи. Исто така, Маркс го обвинува Прудон дека неговото познавање на политичката економија е сосема недоволно, делумно и ученичко и дека заедно со утопистите тргнал во лов на некаква формула за решавање на совијалното прашање; особено Маркс го критикува Прудоновото сфаќање на прометната вредност, а неговата книга ја нарекува „законик на малограѓанскиот социјализам“. Исто така, тој го критикува и стилот на „Филозофија на бедата“, оценувајќи го како сувопарен и надуен, а јазикот е спекулативен и неразбирлив со панаѓурски и фалбаџиски тон при што Прудон постојано парадира со божемната наука.[8]
Во своето дело „Прилог кон критиката на политичката економија“, Маркс го критикува учењето на Прудон за „бесплатниот кредит“ (credit gratuit) и за народната банка (banque de peuple). Притоа, Маркс истакнува дека темелот на погрешните гледишта на Прудон лежи во неговото непознавање на основните поими на политичката економија, односно од непознавањето на односот меѓу стоките и парите. Во тој поглед, Маркс вели дека гледањето на каматоносниот капитал како главен облик на капиталот и залагањето за укинување на каматата како основен услов за општествената преобразба претставуваат само ситничарска фантазија. Во продолжение, Маркс вели дека последната трага на генијалноста на Прудон се изгасила во неговото дело за даноците во кое тој се претставува како „чист малограѓанин“ (le petit bourgeois tout). Најпосле, според Маркс, и во политичките и филозофските дела на Прудон се забележуваат истите противречности како во неговите економски дела, така што тие имаат само локално значење за Франција. Така, статијата на Прудон за државниот удар во Франција и статијата против Полска, Маркс ги оценува „не само како лоши натписи, туку и како подлости“. На крајот, Маркс го искажува својот конечен став за творештвото на Прудон, истакнувајќи дека никогаш не ја сфатил научната дијалектика, туку стигнал само до софистиката, дека неговите ставови се ситнобуржоаски, дека е способен само да си игра со своите противречности и од нив да прави впечатливи, шумни, понекогаш скандлаозни а понекогаш одлични парадокси и дека неговото научно шарлатанство се должи на неговата суета.[9]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Што е сопственоста?
- Философија на бедата
- Војна или мир
- Принципите на федерализмот
- Теорија на сопственоста
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ John M. Merriman, The Dynamite Club (2009), p. 42
- ↑ Leier, Mark (2006). Bakunin: The Creative Passion. Seven Stories Press. стр. 211. ISBN 978-1-58322-894-4.
- ↑ Woodcock, George (1972). Pierre-Joseph Proudhon: His Life and Work. Schocken Books. стр. 1. ISBN 0-8052-0372-9.
- ↑ Woodcock, George (1972). Pierre-Joseph Proudhon: His Life and Work. Schocken Books. стр. 3. ISBN 0-8052-0372-9.
- ↑ Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 65.
- ↑ Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 114.
- ↑ „Маркс о Прудону“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 158-160.
- ↑ „Маркс о Прудону“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 160-164.
- ↑ „Маркс о Прудону“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 164-166.
Литература
[уреди | уреди извор]- Cole, G. D. H. (1953). A History of Socialist Thought, vol. I. ISBN 9780333050927. OCLC 1811474
- Hyams, Edward (1979). Pierre-Joseph Proudhon; His Revolutionary Life, Mind & Works. ISBN 9780800865528. OCLC 5676538
- Steelman, Aaron (2008). „Proudhon, Pierre-Joseph (1809–1865)“. Во Hamowy, Ronald (уред.). The Encyclopedia of Libertarianism. Thousand Oaks, CA: SAGE; Cato Institute. стр. 401–02. doi:10.4135/9781412965811.n248. ISBN 978-1-4129-6580-4. LCCN 2008009151. OCLC 750831024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Пјер Жозеф Прудон“ на Ризницата ? |
- Општа идеја за Прудон
- Дела од Pierre-Joseph Proudhon на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Пјер Жозеф Прудон на Семрежниот архив
- Дела од Пјер Жозеф Прудон на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- Прудон и анархизам
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |