Презир (филм од 1963)
„Презир“ (француски: Le Mépris) — француски филм од 1963 година, во режија на Жан-Лик Годар кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на Алберто Моравија. Главните улоги ги толкуваат: Мишел Пиколи, Брижит Бардо, Џек Паланс и Фриц Ланг, а една улога глуми и самиот Жан-Лик Годар.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Пол Жавал (го игра Пиколи) е драмски писател кој е оженет со младата Камиј (ја игра Бардо). Него го ангажира американскиот филмски продуцент Џереми Прокош (го игра Паланс) за да го преработи сценариото за филмот заснован врз „Одисејата“ на Хомер, а кого го режира Фриц Ланг (се игра себеси). Бескрупулозниот Прокош се обидува да ја освои Камиј, а намерата ја остварува за време на снимањето на островот Капри. Претходно, меѓу Пол и Камиј доаѓа до кавга и таа му кажува дека повеќе не го сака. Додека Пол учествува на снимањето на филмот, Прокош и Камиј патуваат со неговиот автомобил во Рим, но патем погинуваат во сообраќајна несреќа.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Француски филмови
- Италијански филмови
- Филмови на француски јазик
- Филмови на италијански јазик
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1963 година
- Филмови на Жан-Лик Годар
- Филмови со Жан-Лик Годар
- Филмови со Мишел Пиколи
- Филмови со Џек Паланс
- Филмови со Џорџа Мол
- Филмови со Фриц Ланг
- Филмови со Брижит Бардо
- Филмови чие дејствие се одвива во Рим
- Филмови чие дејствие се одвива на Капри
- Филмови засновани на романи