Прејди на содржината

Прашки град

Координати: 50°05.385′N 14°23.904′E / 50.089750° СГШ; 14.398400° ИГД / 50.089750; 14.398400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Прашки град
Pražský hrad
Панорама на Прашкиот град
Карта
Општи податоци
Стилбарок и маниризам
Место119 08 Прага 1,
Чешка
Сегашни станариМилош Земан (претседател)
ПочнатаIX—X век
Проектирање и изградба
АрхитектМатеј Араски и Петар Парлер
Портал
hrad.cz

Прашки град или Прашки замок (чешки: Pražský hrad) — утврден комплекс во Прага со почетоци во IX век. Порано бил седиште на кралевите на Чешка, светите римски цареви и претседателите на Чехословачка, а денес е седиште на претседателот на Чешката Република. Во скриена одаја на Прашкиот град се чува кралскиот накит на Чешка со познатата Световацлавска круна.

Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најголемиот замок на светот[1] со површина од 70.000 м2. Комплексот е долг 570 м и има просечна ширина од 130 м.

Историја

[уреди | уреди извор]
Прашкиот град во 1607 г.
Прашкиот град во 1870 г.
Владиславската сала

Првите градби на местото се подигнати во 870 г. со изградбата на Богородичната црква и околните обѕидија. Во првата половина на X век, за време на владеењето на Вратислав I и неговиот син Свети Вацлав се подигнати црквите „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Вид“.

На тврдината е изграден и првиот женски манастир во Чешка, веднаш до црквата „Св. Ѓорѓи“. Во XII век е изграден дворец во романски стил, а во XIV век светиот римски цар Карло IV го преуредил во готски стил и го зајакнал утврдувањето. Во истиот период е почната преизградба на „Св. Вид“ во многу поголеми димензии и готски стил, која е завршена по дури шест века.

За време на Хуситските војни и децениите по нив, замокот стоел ненаселен. Во 1485 г. кралот Владислав II Јагелонски почнал со обнова на замокот. Кон кралскиот дворец е додадена големата Владиславска сала (дело на Бенедикт Рејт), северната страна на тврдината е зајакната со нови кули.

Во 1541 г. избил голем пожар во кој наполно настрадале големи делови од комплексот. Малку подоцна, Хабсбурговците подигнале градби воренесансен стил, а понатаму, царот Фердинанд I изградил летниковец за сопругата Ана. Рудолф II се вдомил во Прашкиот град како негово главно седиште, додавајќи му го северно крило и Шпанската сала, каде ја исложил скапоцената збирка уметнички дела.

Со втората Прашка дефенестрација во 1618 г. во замокот почнало Востанието на чешките сталежи, а комплексот претрпел големи оштетувања и се запустил. Во текот на Прашката битка во 1648 г. Швеѓаните однеле голем број дела од збирката на Рудолф II како последен чин во Триесетгодишната војна.

Последниот поголем зафат на преуредување го направила царицата Марија Терезија во втората половина на XVIII век. Со повлекувањето од власт во 1848 г. Фердинанд I се вдомил во Прашкиот замок, отстапувајќи му го престолот на Франц Јосиф.

Во 1918 г. замокот станал седиште на претседателот на новата Чехословачка Република, Томаш Масарик. Новиот царски дворец и градините се обновени од словенечкиот архитект Јоже Плечник. Во 1929 г. конечно е конечно е завршена катедралата „Св. Вид“. Обновата продолжила сè до 1936 г. под раководство на Павел Јанак како наследник на Плечник.

Со покорувањето на чехословачката држава, на 15 март 1939 г. во замокот престојувал Адолф Хитлер[2] За време на германската окупација, Прашкиот замок бил седиште на Рајнхард Хајдрих како началник на Протекторатот Чешка и Моравија. Според една легенда, секој бесправен узурпатор кој ќе ја стави чешката круна на глава е осуден да умре во рок од една година.[3] Се зборувало дека Хајдрих го има направено токму тоа, и дека неговиот атентат во 1942 г. (за помалку од една година) го стасал како казна.[4]

По Втората светска војна

[уреди | уреди извор]

Со ослободувањето на Чехословачка, замокот бил дом на сместена комунистичката влада. За време на Кадифената револуција.

По распадот на Чехословачка, замокот станал седиште на претседателот на Чешка. Како и Масарик со Плечник, претседателот Вацлав Хавел го ангажирал Боржек Шипек за да изврши неопходни преуредувања, особено ликовната галерија.

Архитектонски стилови во Прашкиот град

[уреди | уреди извор]
Влезот во Прашкиот град
Катедралата „Св. Вид“
Последниот дел од катедралата (1344-1349)

Во Прашкиот замок се претставени речиси сите архитектонски стилови од последното илјадалетие. Тука се готската катедрала „Св. Вид“, романски базилика „Св. Ѓорѓи“, манастирот, неколку дворци, градини и одбранбени кули. Најголемиот дел од замокот е отворен за јавноста и опфаќа неколку музеи. Меѓу нив се Националната галерија со важната збирка на чешка барокна и маниристичка уметност, историските поставки, Музејот на играчките и Ликовната галерија на замокот на основа на збирката на Рудолф II. Во дворот на Старешинството секоја година се одвива Летниот шекспировски фестивал.

Градското подрачје околу замокот се нарекува Храдчани.

Базиликата „Св. Ѓорѓи“
Кралскиот накит на Чешка
  • Стар кралски дворец (Starý královský palác)
  • Летниковец на кралицата Ана (Letohrádek královny Anny)
  • Лобковички дворец (Lobkovický palác)
  • Нов кралски дворец (Nový královský palác)
  • Столбна сала (Sloupová síň)
  • Шпанска сала (Španělský sál), Рудолфова галерија (Rudolfova galerie) и Ротмајеровата сала (Rothmayerův sál)
  • Владиславска сала (Vladislavský sál)

Други зданија

[уреди | уреди извор]
  • Кулата Далиборка (Daliborka)
  • Барутна кула или Михулка (Prašná věž / Mihulka)
  • Златна уличка (Zlatá ulička)
  • Градоначалнички дом (Purkrabství)
  • Мичовна (Míčovna)
  • Јавачко училиште (Jízdárna Pražského hradu)
  • Старо старешинство (Staré proboštstvíboštství)
  • Моцкеров дом (Ново старешинство)
Световацлавското лозје
  • Карлова градина (Královská zahrada)
  • Градина на терасата на јавачкото училиште (Zahrada Na terase Jízdárny)
  • Градина на Челната кула (Zahrada Na Baště)
  • Јужни градини (Jižní zahrady)
    • Рајска градина (Rajská zahrada)
    • Градина на бедемот (Garden on the Ramparts)
    • Хартигова градина (Hartigovská zahrada)
  • Зелен шанец (Jelení příkop)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Guinness Book of Records entry on Pražský hrad“. Архивирано од изворникот 2006-07-21. Посетено на 2006-07-21.
  2. Klaus Fischer, Nazi Germany: A New History (New York: Continuum, 1995), p. 433.
  3. Mirna Solic, The gate open to the Bohemian crown jewels at Radio Prague.
  4. Gerald Reitlinger, The SS: Alibi of a Nation, 1922-1945 (New York: Da Capo Press, 1989), p. 215.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

50°05.385′N 14°23.904′E / 50.089750° СГШ; 14.398400° ИГД / 50.089750; 14.398400