Порфирин
Изглед
Порфирин претставува хетероциклично соединение добиено од четири пиролови подединици (прстени) поврзани преку нивните α јаглеродни атоми со метински мостови (=CH-). Порфирините се ароматични и подлежат на Хекеловото правило за ароматичност, бидејќи поседуваат 4n+2 пи електрони кои се делокализирани. Поради ова порфирините се високо незаситени соединенија, што доведува до нивна интензивна обоеност. Името порфирин доаѓа од грчкиот збор за пурпурно. Хетероцикличниот прстен на порфиринот има 22 пи електрони. Матичниот порфирин е порфинот, а супституираните порфини се нарекуваат порфирини. Во природата постојат многу порфирини, како на пример во зелените листови (во состав на хлорофилот) и во еритроцитите (во состав на хемоглобинот).
|