Пор
Пор (санскрит: पुरुषोत्तम, Пурушотама) — крал на Пурава, држава во рамките на кралството Тригијата во Пенџаб, Индија. Била сместена помеѓу реките Џелам и Ченаб (Хидасп и Акесин) и територии до реката Хифаза.[1] Се мисли дека престолнината на државата се наоѓала близу денешниот град Лахор.[2] Грчкиот историчар Аријан го споменува местото на Сопеит како место крај Хидасп каде се наоѓа Бера. Во античките текстови, реката Џелам се нарекува Хидасп, каде Александар Македонски војувал против Пор во Битката кај Хидасп во 326 п.н.е. Според изворите, крал Пор бил „висок 5 кубита“, што значи или неверојатни 2.3 m (сметајќи според римски или библиски кубити) или поверојатни 1.8 m, броејќи во македонски кубити. Судир, сојуз и спријателување со Александар[уреди | уреди извор]За разлика од неговиот сосед, Амби (Омфи), кралот Пор решил да се бори против Александар Македонски за да го одбрани неговото кралство и народ. Пор завојувал со Александар во Битката кај Хидасп во 326 п.н.е. По жестоки борби и големи загуби на обете страни, бил поразен од Александар во Пирова победа.[3] Ова се смета за најтешката битка на Александар,[4][5] толку тешка, што ја предизвикала војската да се бунтува против него.[4] Во славната средба со Пор - кој бил многупати прободен со стрели и ги загубил сите синови, кои се бореле по цена на смрт - Александар го запрашал, „Како сакаш да постапуваме со тебе?“ На тоа Пор одговорил, „Како што му доликува на еден крал.“ Александар бил толку воодушевен од овој смел и моќен одговор, што му го вратил кралството и му ги доделил заземените територии на неговиот сосед, кој избегал.[4] Потоа, се вели дека Пор учествувал во походите на исток од Индија заедно со Александар. За време на нападот и разрушувањето на Сагала, Пор соединил сили со Александар и му дал слонови, како и 5,000 војници:
Како признание за поддршката, Александар му дал власт над освоените територии, сѐ до реката Хифаза:
Сатрап[уреди | уреди извор]Пор служел како македонски сатрап неколку години по заминувањето на Александар. За првпат се споменува како сатрап на областа околу Хидасп во текстот за поделбата на Вавилон во 323 п.н.е. Ова се потврдува повторно во 321 п.н.е. во Договорот на Трипардис. Во индиските книги како Мудраракшаса, како и џаинистичкото дело Парисиштапарван се зборува за сојузот на Чандрагупта со хималајскиот крал Парвата, често поистоветуван со крал Пор.[6] Смрт[уреди | уреди извор]Според индиските извори, Парвата бил убиен по грешка од индискиот владетел Ракшаса, кој впрочем се обидувал да го убие Чандрагупта. Меѓутоа грчките извори велат дека бил убиен во атентат, во периодот помеѓу 321 и 315 п.н.е., (317 п.н.е. како прифатена година), од тракискиот генерал Евдем, кој тогаш бил заповедник на македонските сили во Пенџаб:
По убиството, го наследил неговиот син Малајкету со помош на Евдем. Меѓутоа, Малајкету подоцна загинал во Битката кај Габиена во 317 п.н.е. Во уметноста[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|