Прејди на содржината

Пипемидинска киселина

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Пипемидинската киселина е синтетички произведено хемиско соединение од групата пиридопиримидини. Соединението е инхибитор на гираза и затоа се користеше како лек за антибиотска терпија за инфекции на мочните патишта.[1] Соединението е познато под трговското име Палин®, порано употребувано за лекување на бактериски инфекции на долните мочните патишта (мочниот канал и мочниот меур).

Пипемидинската киселина е структурно слична на кинолоните ; во споредба со налидиксинската киселина, таа има дополнителен супституент на пиперазин како додаток на друг атом на азот во секундарниот прстен (пиримидин).

Во 1974 година Dainippon Pharmaceutics го доби патентот за пипемидинска киселина. Во Европа, антибиотикот е достапен под трговското име Palin®, Deblaston®. Во 2018, Комисијата за медицински производи за употреба кај луѓе (англиски: Committee for Medicinal Products for Human Use) препорача да се стави во мирување дозволата за пипемидинска киселина во Европа.

  1. Pipemidsäure im Lexikon der Biologie, Spektrum.de.