Прејди на содржината

Персефона (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Персефона
Περσεφόνη
Persephoneia,[1]
Night
ЖивеалиштеПодземје
СимболКалинка
СопружникАд
РодителиДеметра и Зевс
Браќа/сестриДеспина, Арион
Римски панданПрозерпина.

Персефона или Персефонија - во старогрчката митологија, кралица на подземниот свет.[2] Таа била ќерка на божицата Деметра, божица на земјоделието и на новиот живот.

Според легендата, Деметра на Зевс му родила ќерка, Персефона. Таа била многу убава девојка, посакувана од неколку богови и смртници. Најпознати од тие биле Аполон и Посејдон, но нејзината мајка сметала дека таа е млада за да се омажи, па затоа ја испратила во Сицилија. Според митот, кога таа си играла на ливадата со нимфите, земјата одеднаш се отворила и се појавил богот Ад, кој ја присвоил за себе. Ад бил многу вљубен во неа и не сакал да ја пушти од подземниот свет. За тоа време, Деметра го слушнала плачот на својата ќерка и побрзала да ја спаси, но не успеала. Деметра талкала низ светот девет дена без храна и вода, сè додека Хелиос не ѝ открил што се случило со нејзината ќерка. Несреќната мајка отишла на планината Олимп и побарала помош од Зевс. За ова време, Ад се оженил со Персефона. Деметра се вратила во својот храм во Елевзина, и на светот настапила голема неплодност на плодовите кое довело и до голема катастрофа како за луѓето така и за боговите. Тогаш Зевс одлучил дека е потребно да се вмеша во проблемот, па одлучил третина од времето Персефона да живее во подземниот свет со Ад, а остатокот на земјата. Кога Персефона била во подземниот свет, настапувала неплодноста, а кога била на земјата природата разеленувала со прекрасни цвеќиња. Така настанале годишните времиња.

  1. Homer. The Odyssey 11.213
  2. „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 107.