Перл (програмски јазик)
Perl — динамички програмски јазик за општа намена. Негов творец е Лари Вал кој го создаде во 1987 година и неговата оригинална намена беше да ја направи обработката на извештаите полесно. Од тогаш има претерпено многу промени и ревизии и стана многу популарен помеѓу програмерите. Перл има преземено некои елементи од другите јазици како Ц и др. Перл овозможува лесна и едноставна манипулација со текстуални податотеки. Се користи и во графичкото програмирање, адмнистрација на системот, мрежно програмирање, апликации кои бараат пристап до дата на податоци и CGI програмирање на веб.
Перл беше прво именуван „Бисер“ но бидејќи имаше ваков јазик тој го смена спелингот и го нарече Перл. Перл е слободен софтвер и е достапен за повеќето оперативни ситеми а за Mac OS Classic е потребен специјален порт таканаречен MacPerl.
Структура на јазикот
[уреди | уреди извор]Во Перл минималната програма Hello world може да се напише:
print "Hello, world!\n"
Додека во канонична форма е многу поопширна и изгледа вака:
#!/usr/bin/perl
print "Hello, world!\n";
Верзијата на Перл 5.10 ни претставува таканаречена say
функција која индиректно додава нов карактер кон излезот правејќи ја минималната "Hello world" програма уште помала:
say 'Hello, world!'
Видови на податоци
[уреди | уреди извор]Најкористени и најмногу дискутирани се: Скалари, низи, hashes, filehandles, и subroutines:
- Скалар е единечна вредност; може да биде и број, стринг или референца.
- Низа е организирана колекција од скалари.
- Hash, или асоцијативна низа е карта од стрингови до скалари; стринговите се наречени „клучеви“ а скаларите се наречени „ Вредности“.
- File handle е карта до податотека, уред или pipe кое отворено за читање или пишување или пак и двете.
- Subroutine е дел од код кој може да биде изминат аргумент, да биде извршен или да ги врати податоците.
Синтакса
[уреди | уреди извор]Модификатори
[уреди | уреди извор]Регуларните изрази во Перл може да имаат модификатори. Ова се единични изрази кои можат да го модификуваат значењето на изразот:
$x =~ /abc/i; # case-insensitive pattern match
$x =~ s/abc/aBc/g; # global search and replace
Бидејќи компактната синтакса на регуларни изрази може да ги направи збиени и тајни, /x
модификаторот беше додаден во Перл за да им помогне на програмерите да пишуваат повеќе читливи регуларни изрази. Им овозможува на програмерите да сместуваат whitespace и коментари во регуларниот израз:
$x =~ /
a # match 'a'
. # followed by any character
c # then followed by the 'c'character
/x;
Дополнителни врски
[уреди | уреди извор]- Perl.org—Official Perl website
- Perl documentation
- The Perl Foundation
- Official Perl 5 Wiki Архивирано на 23 јули 2008 г.
- Perl на Curlie (англиски)
|