Пепи I
Пепи I Мерире | |
---|---|
Бакарна статуа во реална големина на Пепи I, Музеј во Каиро | |
Фараон на Египет | |
Владеел | 2332–2287 BC, Шеста египетска династија |
Претходник | Усеркаре |
Наследник | Меренре I |
Владетелски звања
| |
Деца | Меренре I, Пепи II, Хорнетјеркет, Тетианк, Неит, Ипут |
Починал | 2287 г. п.н.е. |
Закопан | Пирамида на Пепи I |
Пепи I Мерире (владеел 2332-2287 п.н.е.) бил трет фараон на Шестата египетска династија. Неговото прво престоло име било Неферџахор, кое подоцна кралот го сменил во Мерире, со значење „сакан од Ре“.[4]
Семејство
[уреди | уреди извор]Пепи бил син на Тети и Ипут, која можеби била ќерка на Унас, последниот фараон од претходната династија (V).
Неговите две најважни сопруги и мајки на неговите двајца наследници (Меренре Немтјесаф I и Пепи II) биле Анкесенпепи I и Анкесенпепи II. Меѓу другите познати жени спаѓаат Мерититес IV, Нубвенет и Иненек-Инти, кои се закопани во пирамидите во близина на Пепи. Тој, исто така, имал син наречен Тети-анк и две ќерки, Ипут II и Нејт, и двете станале сопруги на Пепи II.[5]
Владеење
[уреди | уреди извор]Владеењето на Пепи I било одбележано со агресивна експанзија во Нубија, ширење на трговијата во далечни области, како што се Либан и сомалискиот брег, но и растечката моќ на благородништвото. Еден од кралските официјални претставници со име Вени, се борел во Азија во негово име. Погребниот комплекс на Пепи, Менефер Пепи, на крајот станал име за целиот град Мемфис по 18-та династија.[4]
Падот на Старото Кралство веројатно започнал за време на владеењето на Пепи I, при што номарсите (регионалните претставници на кралот) станале помоќни, и имале поголемо влијание. Пепи се оженил со две сестри -Анкесенпепи I и II - кои биле ќерки на Куи, благородник од Абидос и дамата Небет.[6] Пепи подоцна го направил нивниот брат, Џау, везир. Влијанието на двете сестри било големо, и двете сестри родиле синови кои подоцна станале фараони.
Должина на владеењето
[уреди | уреди извор]Анализата на каменот од јужна Сакара потврдува 25 броења на говеда за време на владеењето на Пепи I. Доказите покажуваат дека за време на владеењето на Пепи I и Меренре I броењето на добитокот било спроведувано на секои две години, што укажува на владеење од 49 години. Сепак, 50 година од владеењето не може да биде избегната поради недостаток на фрагмент од натписот.[7] Кралскиот список од Торино го вбројува Пепи I со владеење од 20 години, додека неговиот наследник Меренре I со 44 години владеење.
Постои сомневање во врска со тоа дали системот за броење на добитокот бил строго на две години или малку почесто. Оваа информација е значајна затоа што празникот Хеб Сед секогаш бил прославуван во кралската година 30. Ако Пепи користел биенален систем за пребројување на добитокот за време на неговото владеење, овие натписи за хеб сед треба да се датираат во 15-тото пребројување на добиток. Ова може да значи дека бројот на добиток за време на 6-та династија не бил редовно пребројуван двогодишно.
Пирамидален комплекс
[уреди | уреди извор]Пепи I изградил пирамида за себе во Јужна Сакрара,[8] која била наречена Ман-нефер-Пепи, различно преведено како „Сјајот на Пепи е траен“[9] или „Совршеноста на Пепи е воспоставена“.[8] Пирамидата била изградена на ист начин како и другите уште од Џедкаре Исеси:[9] јадрото е шест чекори високо од мали грубо обликувани блокови од варовник врзани заедно со глинен малтер обложен со фини варовнички блокови.[9] Пирамидата, која сега е уништена, има должина од 78,75 метри, кон врвот има ~ 53 ° и висина од 52,5 метри.[8] Неговите останки сега формираат насип со висина од 12 метри,[9][8] со јама во центарот ископана од крадци на камен.[8]
Споменици
[уреди | уреди извор]Во Хиераконпол биле пронајдени две бакарни статуи на Пепи I и неговиот син Меренре; тие се претпоставува дека ги прикажуваат двата фараона симболично „газејќи под нозете Девет лакови“, стилизирана претстава на странски субјекти освоени од Египет.[4] Овие ретки статуи биле пронајдени во една од подземните простории на храмот на Некен, „заедно со статуа на кралот Хасехемви (Втора династија) и теракотен лав направени за време на ерата Тинити“.[10] Статуите биле сместени една во друга и запечатени со тенок слој од бакар со титулите и имињата на Пепи I „на првиот ден од јубилејот“ или на празникот Хеб Сед.[10] Додека идентификувањето на поголема статуа како Пепи I е направено поради натписот, идентитетот на помалата и помладата статуа останува нерешен.[10] Најчеста хипотеза кај египтолозите е дека младиот атлетски човек од помалата статуа бил Меренре.
Меѓутоа, од неодамна, се претпоставува дека помалата статуа е всушност „младиот Пепи I, обновен од прославата на јубилејните церемонии".[10]
Пепи I бил плоден градител кој нарачал големи градежни проекти во Горен Египет во Дендера, Абидос, Елефантин и Хиераконпол. Еден од неговите најважни дворски службеници бил Вени Постариот кој изградил одличен канал за кралот. Вени бил одговорен за гласини за необичен напад врз кралицата Верет-јамтес, жител на харемот на Пепи. Но, Вени не дава дополнителни информации за овој настан.[4] Во Абидос, Пепи изградил капела од камен за локалниот бог Кенти-Аментиу.[11]
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Leprohon 2013, стр. 42.
- ↑ Leprohon 2013, стр. 236.
- ↑ 3,0 3,1 Clayton 1994, стр. 64.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Grimal 1992.
- ↑ Предлошка:Dodson
- ↑ Kanawati, p173
- ↑ Baud & Dobrev 1995.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Lehner 2008.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Verner 2001d.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Bongioanni & Croce 2001.
- ↑ Kraemer, Bryan (June 2017). „A shrine of Pepi I in South Abydos“. Journal of Egyptian Archaeology. 103 (1). стр. 13–34.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Allen, James (2001). „Pyramid Texts“. Во Redford, Donald B. (уред.). The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 3. Oxford: Oxford University Press. стр. 95–98. ISBN 978-0-19-510234-5.
- Allen, James (2005). Der Manuelian, Peter (уред.). The Ancient Egyptian Pyramid Texts. Writings from the Ancient World, Number 23. Atlanta: Society of Biblical Literature. ISBN 978-1-58983-182-7.
- Baud, Michel; Dobrev, Vassil (1995). „De nouvelles annales de l'Ancien Empire égyptien. Une "Pierre de Palerme" pour la VIe dynastie“. Bulletin de l'Institut Français d'Archéologie Orientale (француски). 95: 23–92. ISSN 0255-0962.
- Baud, Michel. "The Relative Chronology of Dynasties 6 and 8", Brill, 2006.
- Bongioanni, Alessandro; Croce, Maria, уред. (2001). The Treasures of Ancient Egypt: From the Egyptian Museum in Cairo. Universe Publishing, a division of Ruzzoli Publications Inc.
- Clayton, Peter A. (1994). Chronicle of the Pharaohs. London: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-05074-3.
- Hays, Harold M. (2012). The Organization of the Pyramid Texts: Typology and Disposition (Volume 1). Probleme de Ägyptologie. Band 31. Leiden, Boston: Brill. ISBN 978-90-04-22749-1. ISSN 0169-9601.
- Hellum, Jennifer (2007). The Pyramids. Westport, CT: Greenwood Press. ISBN 9780313325809.
- Grimal, Nicolas (1992). A History of Ancient Egypt. Translated by Ian Shaw. Oxford: Blackwell publishing. ISBN 978-0-631-19396-8.
- Lehner, Mark (2008). The Complete Pyramids. New York: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-28547-3.
- Leprohon, Ronald J. (2013). The Great Name: Ancient Egyptian Royal Titulary. Volume 33 of Writings from the ancient world. Atlanta: Society of Biblical Literature. ISBN 978-1-589-83736-2.
- Malek, Jaromir (2003). „The Old Kingdom (c. 2686–2160 BC)“. Во Shaw, Ian (уред.). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. стр. 83–107. ISBN 978-0-19-815034-3.
- Ryholt, Kim (1997). The Political Situation in Egypt during the Second Intermediate Period c. 1800–1550 B.C. CNI publications. 20. Copenhagen: The Carsten Niebuhr Institute of Near Eastern Studies: Museum Tusculam Press. ISBN 87-7289-421-0.
- Verner, Miroslav (1994). Forgotten Pharaohs, Lost Pyramids: Abusir (PDF). Prague: Academia Škodaexport. ISBN 978-80-200-0022-4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-02-01.
- Verner, Miroslav (2001b). „Old Kingdom“. Во Redford, Donald B. (уред.). The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 2. Oxford: Oxford University Press. стр. 585–591. ISBN 978-0-19-510234-5.
- Verner, Miroslav (2001d). The Pyramids: The Mystery, Culture and Science of Egypt's Great Monuments. New York: Grove Press. ISBN 978-0-8021-1703-8.