Патот на змејот
Патот на змејот (кинески: 猛龍過江, англиски: The Way of the Dragon), познат и како Враќањето на змејот (англиски: Return of the Dragon) е филм од 1972 година, во режија на Брус Ли, кој а автор на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Брус Ли, Чак Норис и Нора Мијао.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот се случува во Рим, каде група Кинези водат ресторан, но постојано се изложени на малтретирањето на локалната банда, која им врши притисок да го продадат ресторанот. Сепак, во градот пристигнува Танг Лунг (го игра Ли), кој лесно ги победува бандитите. Сепак, шефот на мафијашите не се откажува од својата намера и најпрвин се обидува да го убие Танг Лунг, а потоа ја грабнува сопственичката на ресторанот Чен Ќинг Хуа (ја игра Мијао). Сепак, Танг Лунг успева да ја ослободи и повторно ги победува бандитите. Затоа, мафијашкиот шеф го ангажира големиот борец од САД, Колт (го игра Норис). Во борбата одржана во Колосеумот, Танг Лунг го убива Колт, а потоа полицијата го апси мафијашкиот шеф.[1][2]