Прејди на содржината

Патопис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рачно напишани белешки од Кристофер Колумбо на латинско издание од книгата на Марко Поло [[Il Milione]]
Страна од книгата "Опис на светот (Il Milione)" од Марко Поло

Патописот е посебен публицистичко-литературен вид во кој се опишува тоа што е видено и доживеано во друга земја. Патописот не е објективен опис, туку авторот внесува свое видување, свои доживувања, свои претходни знаења и идеи.

Од минатото, најпознати се патописите на Евлија Челебија, кој двапати бил во Македонија и на свој начин ги опишува градовите и луѓето од 17 век. Во Скопје бил 1660 година и со воодушевување ја опишува скопската чаршија и убавите жени со бело округло лице чија убавина, според него се должи на чистата вода која ја пијат.