Прејди на содржината

Парацелзус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парацелзус
Портрет од 1538 година
Роден(а)Теофраст фон Хоенхајм
околу 1493[1]
Ег, во близина на Ајнзиделн, Швиц,[2] Стар Швајцарски Сојуз (денешна Швајцарија)
Починал(а)24 септември 1541(1541-09-24) (возр. 47)
Салцбург, Архиепископско Кнежевство Салцбург (денес во Австрија)
Други имињаФилип Авреол Теофраст, доктор Парацелзус
ПериодРенесансна филозофија
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаХуманизам и ренесанса
Значајни идеи

Парацелзус, со вистинско име Теофраст Филип Авреол Бомбаст фон Хоенхајм[11][12] (германски: Theophrastus Philippus Aureolus Bombastus von Hohenheim) — швајцарски[13] алхемичар, физичар, астролог кој се занимавал и со окултизам во времето на германската ренесанса.[14][15]

Своето право име подоцна во животот во голема мерка престанал да го употребува служејќи се со името Парацелзус, што во превод знаци „преку, над Целзус“. Тој е заслужен како „татко на токсикологијата“.[16] Парацелзус, исто така, имал значително влијание како пророк или гатач, а неговите „Прогностики“ биле проучувани од страна на Розенкројцерите во 17 век. Парацелзијанизмот е раното современо медицинско движење инспирирано од проучувањето на неговите дела.[17]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Парацелзус е роден во село Ег[18]кантонот Швиц, Швајцарија каде релативно кратко останал. По краток период од својата младост која ја поминал работејќи како аналитичар во блискиот рудник, Парацелзус запчнал да студира медицина во Базел, но набргу се префрлил во Виена, а докторатот го стекнал на универзитетот во Ферара во Италија. Набгу по докторирањето Парацелзус ја напуштил Европа и во Египет, Арабија и Цариград барал алхемичари од кои би можел да учи[19][20][21]. Во овој период на патување, Парацелзус се пријавил како воен хирург и бил вклучен во војните што ги воделе Венеција, Холандија, Данска и Татарите. Потоа Парацелзус се вратил дома од своите патувања во 1524 година.[19][20][21], населувајќи се во Салцбург како лекар,[22][20][21]и таму останал до 1527 година..[20]

Парацелзусовото алхемиско учење го означуваат периодот во кој алхемијата полека започнала да изумира. Парацелзус ги отфрлил магиските традиции кои неговите претходници ги практикувале во алхемијата, за разлика од нив тој во потполност ги одбил гностистичките традиции и практикување на алхемијата цврсто поврзани за окултното претпочитајќи херметички учења. Сепак за Парацелзус како и за повеќето универзитетски образувани луѓе од тоа време, астрологијата ја имала важната улога и тој одел толку далеку што препишувал и одговарачки астролошки амајлии за поедини болести. Своите сфаќања за алхемијата ги резимирал со реченицата „Многумина зборуваа за алхемијата, дека служи за правење на сребро и злато. За мене тоа не е целта, туку само да разгледам какви предности и моќ можат да лежат во лековите“.

Парацелзус во практикувањето на медицината вовел и некои револуционарни третмани. Праксата во тоа време била раните да се каутеризираат со врело масло и гангренизараните делови да се ампутираат. Парацелзус открил дека доколку раните редовно се дренираат и се држат чисти шансите сами да се лечат се многу поголеми отколку кај стандардните процедури. Ваквиот третман му донел слава во круговите на западната медицина. Исто така тој прв ја вовел употребата на разни хемикалии и минерали во лечењето. Му го дал името на цинкот.

Тој верувал дека здравјето е можно само да се оствари само преку хармонија на човекот на микрокосмосот и макрокосмосот. Едно време бил и професор на универзитетот во Базел но многу извори говорат дека имал големи несогласувања со колегите, дури има и гласини дека ги палел традиционалните учебници кои ги сметал за погрешни.[23] Базел морал да го напушти поради некои тужби. Крајот од животот го поминал во денешна Австрија каде што умрел и бил погребан во Салцбург. После неговата смрт се појавило движењето Парацелзусијанизам благодарејќи на кое останал запаметен во историјата на медицината.

Придонеси во токсикологијата

[уреди | уреди извор]

Парацелзус често се спомнува како татко на токсикологијата. Во таа смисла посебно е значајна неговата реченица: Сите работи се отровни и ништо не е без отров; само дозата е она што прави некоја работа да не е отров. гер. Alle Ding' sind Gift und nichts ohn' Gift; allein die Dosis macht, das ein Ding kein Gift ist. Ова останува принцип на токсикологијата. Количината на супстанција е многу важна при нејзината примена. Малите количини имаат позитивен ефект, додека при големи количини можат да бидат и смртоносни. На слична тема напишал и студија за болести и ризици врзани за работа во рудници.

Парацелзус како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. Pagel (1982) p. 6, citing K. Bittel, "Ist Paracelsus 1493 oder 1494 geboren?", Med. Welt 16 (1942), p. 1163, J. Strebel, Theophrastus von Hohenheim: Sämtliche Werke vol. 1 (1944), p. 38. The most frequently cited assumption that Paracelsus was born in late 1493 is due to Sudhoff, Paracelsus. Ein deutsches Lebensbild aus den Tagen der Renaissance (1936), p. 11.
  2. Einsiedeln was under the jurisdiction of Schwyz from 1394 onward; see „Einsiedeln“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
  3. Jung, C. G. (18 December 2014). The Spirit of Man in Art and Literature (англиски). Routledge. стр. 7. ISBN 978-1-317-53356-6.
  4. Geoffrey Davenport, Ian McDonald, Caroline Moss-Gibbons (Editors), The Royal College of Physicians and Its Collections: An Illustrated History, Royal College of Physicians, 2001, p. 48.
  5. Digitaal Wetenschapshistorisch Centrum (DWC) – KNAW: "Franciscus dele Boë" Архивирано на 11 декември 2022 г.
  6. Manchester Guardian, 19 October 1905
  7. „The physician and philosopher Sir Thomas Browne“. www.levity.com. Архивирано од изворникот 1 April 2015. Посетено на 13 August 2015.
  8. Josephson-Storm, Jason (2017). The Myth of Disenchantment: Magic, Modernity, and the Birth of the Human Sciences. Chicago: University of Chicago Press. стр. 55. ISBN 978-0-226-40336-6. Архивирано од изворникот 18 October 2023. Посетено на 1 July 2018.
  9. „CISSC Lecture Series: Jane Bennett, Johns Hopkins University: Impersonal Sympathy“. Center for Interdisciplinary Studies in Society and Culture, Concordia University, Montreal. 22 March 2013. Архивирано од изворникот на 28 July 2014. Посетено на 9 February 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. Josephson-Storm (2017), 238
  11. Philippus Aureolus Theophrastus Paracelsus, genannt Bombast von Hohenheim: ein schweizerischer Medicus, gestorben 1541, Hilscher, 1764, p. 13.
  12. The name Philippus is only found posthumously, first on Paracelsus's tombstone. Publications during his lifetime were under the name Theophrastus ab Hohenheim or Theophrastus Paracelsus, the additional name Aureolus is recorded in 1538. Pagel (1982), 5ff.
  13. Paracelsus self-identifies as Swiss (ich bin von Einsidlen, dess Lands ein Schweizer) in grosse Wundartznei (vol. 1, p. 56) and names Carinthia as his "second fatherland" (das ander mein Vatterland). Karl F. H. Marx, Zur Würdigung des Theophrastus von Hohenheim (1842), p. 3.
  14. Allen G. Debus, "Paracelsus and the medical revolution of the Renaissance" Архивирано на 27 јануари 2012 г.—A 500th Anniversary Celebration from the National Library of Medicine (1993), p. 3.
  15. „Paracelsus“, Britannica, Архивирано од изворникот 25 November 2011, Посетено на 24 November 2011
  16. „Paracelsus: Herald of Modern Toxicology“. Архивирано од изворникот на 24 March 2013. Посетено на 23 September 2014.
  17. De Vries, Lyke; Spruit, Leen (2017). „Paracelsus and Roman censorship – Johannes Faber's 1616 report in context“. Intellectual History Review. 28 (2): 5. doi:10.1080/17496977.2017.1361060. hdl:2066/182018.
  18. Duffin, C. J; Moody, R. T. J; Gardner-Thorpe, C. (2013). A History of Geology and Medicine (англиски). Geological Society of London. стр. 444. ISBN 978-1-86239-356-1.
  19. 19,0 19,1 Goodrick - Clarke, Nicholas (1999). Paracelsus Essential Readings. Berkeley, California: North Atlantic Books. стр. 16.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Borzelleca, Joseph (January 2000). „Paracelsus: Herald of Modern Toxicology“. Toxicological Sciences. 53 (1): 2–4. doi:10.1093/toxsci/53.1.2. PMID 10653514.
  21. 21,0 21,1 21,2 Hargrave, John G. (December 2019). „Parcelsus“. Encyclopedia Britannica. Архивирано од изворникот 26 March 2023. Посетено на 9 April 2020.
  22. Goodrick-Clarke, Nicholas (1999). Paracelsus Essential Readings. Berkeley, California: North Atlantic Books. стр. 16.
  23. Webster, Charles (2008). Paracelsus: Medicine, Magic and Mission at the End of Time. New Haven: Yale University Press. стр. 13.
  24. Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016, стр. 40-48.

Понатамошно читање

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]