Прејди на содржината

Папуа Нова Гвинеја на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Папуа Нова Гвинеја на Олимписките игри

Знаме на Папуа Нова Гвинеја
МОК-код  PNG
НОК Спортска федерација и олимписки комитет на Папуа Нова Гвинеја
Порталwww.oceaniasport.com/png
Олимписка историја
Летни олимпијади

Папуа Нова Гвинеја за првпат учествувала на Олимписките игри во 1976 година, и има испратено спортисти да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри оттогаш, со исклучок кога ги бојкотирале игрите во 1980 година во Москва. Земјата досега нема освоено олимписки медал, ниту се има натпреварувано на Зимски олимписки игри.[1]

Пливачот Рајан Пини е најуспешниот натпреварувач, пласирајќи се во финалето на мажи 100 м пеперутка на игрите во 2008 година.[1]

Националниот олимписки комитет на Папуа Нова Гвинеја бил создаден во 1973 година и признаен од страна на МОК во 1974 година.

Учество и медали на ЛОИ

[уреди | уреди извор]
Игри Спортисти Злато Сребро Бронза Вкупно Ранг
Канада Монтреал 1976 5 0 0 0 0
СССР Москва 1980 Не учествувале
САД Лос Анџелес 1984 7 0 0 0 0
Јужна Кореја Сеул 1988 11 0 0 0 0
Шпанија Барселона 1992 13 0 0 0 0
САД Атланта 1996 11 0 0 0 0
Австралија Сиднеј 2000 5 0 0 0 0
Грција Атина 2004 4 0 0 0 0
Кина Пекинг 2008 7 0 0 0 0
Обединето Кралство Лондон 2012 8 0 0 0 0
Бразил Рио де Жанеиро 2016 8 0 0 0 0
Јапонија Токио 2020 8 0 0 0 0
Франција Париз 2024 Иден настан
САД Лос Анџелес 2028
Австралија Бризбејн 2032
Вкупно 0 0 0 0

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Papua New Guinea at the Olympics Архивирано на 11 јуни 2020 г., The Telegraph

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • „Папуа Нова Гвинеја“. Меѓународен олимписки комитет.