Папа Никола V
Никола V Nicolaus V | |
---|---|
Родено име | Томазо Парентучели |
Папа од | 6 март 1447 |
Папа до | 24 март 1455 |
Претходник | Папа Евгениј IV |
Наследник | Папа Каликст III |
Роден | 15 ноември 1397 Сарцана, Лигурија, Италија |
Починал | 24 март 1455 Рим |
Други папи по име Никола (појаснување) |
Никола V (латински Nicolaus PP. V; 15 ноември 1397 - 24 март 1455) — римски папа од 6 март 1447 до 24 март 1455[1]. Во времето кога тој бил монах во Токсана, Никола бил помаган финансиски од страна на Козимо Медичи. Кога станал папа, неговиот финансиер го назначил за банкар во папството. Откако го зазел папскиот престол, се грижел да преовладува мир меѓу христијаните. Тој бил скромен човек, без големи амбиции, голем хуманист, кој се поклонувал на традицијата на антиката. Голема заслуга му се препишува за отворањето на Ватиканската библиотека, во која денес се наоѓаат многу значајни записи од класичната литература. Во негово време, Османлиите го освоиле Цариград. Таа вест ја потресла цела Европа, а желбата на папата Никола V за организирање на нови крстоносни походи против Османлиското Царство не наишла на поддршка од страна на западноевропските монархии.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|