Прејди на содржината

Остероде

Координати: 51°43′43″N 10°15′8″E / 51.72861° СГШ; 10.25222° ИГД / 51.72861; 10.25222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Остероде
Поранешниот градски амбар и денешното Градско собрание на Остероде
Поранешниот градски амбар и денешното Градско собрание на Остероде
Поранешниот градски амбар и денешното Градско собрание на Остероде
Грб на Остероде
Остероде во рамките на Германија
Остероде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Градоначалник Клаус Бекер (независен)
Основни податоци
Површина 102,46 км2
Надм. височина 220 м
Население 21.446 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 209 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37520
Повик. бр. 05522
Портал www.osterode.de
Местоположба на градот Остероде во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°43′43″N 10°15′8″E / 51.72861° СГШ; 10.25222° ИГД / 51.72861; 10.25222

Остероде (германски: Osterode am Harz; службено наречен Остероде на Харц) — град во округот Гетинген. Градот се наоѓа во југоисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, сместен на југозападните падини на планинскиот масив Харц. Низ градот поминува германскиот пат на фахверк.

Остероде на Харц бил окружен град до 1 ноември 2016 година, но истоимениот округ бил споен со округот Гетинген.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед од далечина на Остероде
Корнмаркт („житниот пазар“) во Остероде
Црква „Св. Егидин“
Црква „Св. Јаков“
Руини од замокот во Остероде
Старото Градско собрание

Градот Остероде се наоѓа во долина помеѓу планинскиот масив Харц и околните ридови. Во југоисточниот дел на градот се наоѓаат бројни природни и вештачки езера.

Низ градот тече реката Зезе, која истекува на пет километри пред градот од браната „Зезе“. Браната била изградена во 1931 година, а езерото има зафатнина од 25,5 милиони м³; преку водостопанството „Харц“ се пренесува питка вода за Бремен. Во Остероде се влева Апенке во Зезе.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Кон градот Остероде припаѓаат следниве места:

  • Дорсте (1.505 жители)
  • Дина (126 жители)
  • Ферсте/Нинштет со единиците Ферсте (1.893 жители) и Нинштет (442 жители)
  • Фрајхајт (1.878 жители)
  • Ласфелде/Петерсхите/Каценштајн со единиците Ласфелде (1.212 жители), Петерсхите (745 жители) и Каценштајн (1.121 жител)
  • Лербах (990 жители)
  • Марке (123 жители)
  • Кернштат („Градско јадро“) (10.243 жители)
  • Рифенсбек-Камшлакен (270 жители)
  • Швигерсхаузен (1.666 жители)
  • Ирде (103 жители)

(состојба: 1 јули 2012[2])

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 3 4 8 13 18 21 22 22 19 14 8 4 13
Просечна минимална (°C) −2 −2 0 3 7 10 12 12 9 6 2 −1 4,7
Просечно кол. врнежи (мм) 69,7 56,6 61,8 62,5 67,8 96,8 81,1 80,6 65,0 53,8 68,9 85,2 849,8
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 11 9 10 10 10 11 10 10 9 9 11 12 122
Сончеви часови (дневно) 1 2 3 5 7 7 6 6 5 3 2 1 4
Извор: Врнежи: Германска временска служба, 1961–1990; други податоци: Holidaycheck[3]

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на Остероде се состои од 34 членови. На изборите во 2011 година биле избрани членовите на Советот од следниве политички партии:

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Клаус Бекер е градоначалник на Остероде од 1 јуни 2004 година. Настапува како слободен кандидат.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Остероде е збратимен со следниве градови:

Култура и знаменитости

[уреди | уреди извор]

Музејот во Ритерхаус прикажува документи од историјата на Остероде од средниот век до поново време, како и повремени изложби.

Пештерата Лихтенштајн е археолошко наоѓалиште близу Дорсте, во западниот дел на Остероде. Двајца жители на селото Нинштет на Харц, 2 километри северно од пештерата имаат иста ретка ДНК како таа што е пронајдена во скелетот на човекот чии коски се пронајдени во пештерата Лихтенштајн кои птекнуваат околу 1000 година пред нашата ера.[4]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Во близина на Остероде постојат неколку руини на замоци и замокот „Лихтенштајн“ помеѓу Дорсте и Ферсте.

Градскиот амбар изграден помеѓу 1719 и 1722 година е една од најубавите градби, кој бил изграден со цел да ги снабдува рударските села во Горен Харц со жито. Денес, по сеопфатна обнова, претставува Градско собрание.

Рекреација

[уреди | уреди извор]

Остероде е почетната точка на 100-километарската патека низ Харц „Хексенштиг“, планинарска патека до градот Тале.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Сојузниот автопат Б243 е главната западна врска помеѓу северниот и јужниот дел на областа Харц. Автопатот Б241 и Б498 го поврзуваат Золинг со источен Харц.

Остероде се наоѓа на железничката линија ХерцбергЗезен, со врски до Брауншвајг. Во ноември 2004 година, градот добил две нови станици со цена од околу 1 милион евра, заменувајќи ги двете претходни стојалишта и обезбедувајќи полесен пристап до јавниот превоз.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. http://www.osterode.de/leben-in-osterode/ortschaften/ Места на градот Остероде
  3. https://www.holidaycheck.de/dc/wetter-osterode-am-harz/0351a6de-d85d-39e8-b9e9-9737e2545156
  4. ABC News: Two Men Are Related Through Cavemen

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]