Прејди на содржината

Оскар за најдобро оригинално сценарио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оскар за најдобро оригинално сценарио
ДржаваСоединети Американски Држави Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttps://oscar.go.com/nominees/writing-original-screenplay Уреди на Википодатоците

Оскар за најдобро оригинално сценарио — Награда од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) за најдобро сценарио кое не се заснова на претходно објавен материјал. Наградата за првпат била доделена во 1940 година како одделна награда од наградата Оскар за најдобра приказна. Од 1957 година, овие две категории биле споени.

Вуди Ален има најмногу номинации во оваа категорија - 16 и најмногу освоени награди - 3 (Ени Хол, Хана и нејзините сестри и Полноќ во Париз). Педи Чајефски и Били Вајлдер исто така имаат освоено три Оскари за сценарио: Чајефски освоил два за оригинално сценарио (Болница и Телевизиска мрежа) и еден за адаптирано сценарио (Марти), а Вајлдер освоил еден за адаптирано сценарио (Изгубен викенд, заедно со Чарлс Бракет) и две за оригинално сценарио (Булевар на самракот, заедно со Бракет и Д.М. Маршман Џуниор, и Апартман, заедно со IAL Diamond)

Вуди Ален го држи и рекордот за највозрасен победник (76) за Полноќ во Париз.[1] Бен Афлек е најмладиот победник (25) за Добариот Вил Хантинг, напишано заедно со Мет Дејмон (27).

Рихард Швајцер бил прв што ја добил наградата за филм кој не е на англиски јазик, Марија-Луиза . Други победници за неанглиско сценарио се Алберт Ламорис, Пјетро Герми, Клод Лелуш, Педро Алмодовар, Бонг Џун-хо и Хан Џин-вон. Ламорис исто така е дополнително единствена личност која некогаш победила и била номинирана за најдобро оригинално сценарио за краток филм (Црвениот балон, 1956).[2]

Муриел Бокс (Седмиот вел) била прва жена која победила во оваа категорија; таа наградата ја поделила со нејзиниот сопруг Сиднеј Бокс. Тие се, исто така, прв брачен пар кој победил во оваа категорија.

Во 1996 година, Џоел Коен и Итан Коен станале единствени браќа кои победиле во оваа категорија (за Фарго).[3] Френсис Форд Копола (Паттон, 1970) [4] и Софија Копола (Изгубени во преводот, 2003) се единствен пар татко-ќерка кој победил.[5]

Престон Стурџес бил номиниран за два филма во иста година (1944): Поздрави го освојувачкиот херој и Чудото од Морганс Крик. Оливер Стоун го постигнал истото во 1986 година, за Вод на смртта и Салвадор.

Џордан Пил е првиот и досега единствен Афроамериканец кој победил во оваа категорија за Бегај во 2017 година.[6]

Бонг Џун-хо и Хан Џин-вон се првите азиски сценаристи кои добиле награда за сценарио, за „Паразит“ од 2019 година.[7] [8]

  1. Will this year's Oscar nominations break any records?
  2. Writing Winners: 1957 Oscars
  3. "Sling Blade" and "Fargo" winning Writing Oscars®-official YouTube channel
  4. M*A*S*H and Patton Win Writing Awards: 1970 Oscars
  5. Sofia Coppola winning Best Original Screenplay-Oscars on YouTube
  6. "Get Out" wins Best Original Screenplay-Oscars on YouTube
  7. Oscars: Bong Joon Ho's 'Parasite' Wins South Korea's First Oscar|Hollywood Reporter
  8. Joyce Eng (2020-02-07). 'Parasite's' Bong Joon Ho and Han Jin Won would be the first Asian writers to win an Oscar – GoldDerby“. Goldderby.com. Посетено на 2020-02-16.

Предлошка:Academy Award Best Original Screenplay