Прејди на содржината

На Запад ништо ново

Од Википедија — слободната енциклопедија
На Запад ништо ново
Корица од првата едиција
АвторЕрих Марија Ремарк
Изворен насловIm Westen nichts Neues
ЗемјаГерманија
Јазикгермански
ЖанрВоена новела
ИздавачPropyläen Verlag
Издадена
29 јануари 1929
Published in English
Little, Brown and Company, 1929
МедиумPrint (Hardback)
Страници288

На Запад ништо ново (германски: Im Westen nichts Neues) е роман од Ерих Марија Ремарк, германски ветеран од Првата светска војна. Романот ја опишува војната во рововите и одделноста на војниците од нивните стари животи после враќањето од војната. Објавен под името Im Westen nichts Neues во Германија во јануари 1929 [1], за кратко време, романот постигнува огромен успех. Приказната го следи животот на раскажувачот Пол Баумер, деветнаесетгодишно момче кое доброволно се приклучува во војната, како и животот на неговите пријатели од фронтот Алберт Кроп, Џаден, Мулер, Хаје и Кацински (Кат).

На Запад ништо ново се смета за еден од најдобрите воени роман на сите времиња, а Ерих Марија Ремарк со него го заклучува своето место во литературниот пантеон како мајстор на контрастот меѓу хоророт на војната и спокојната природа.