Прејди на содржината

Момче со меч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Момче со меч
Творец Едуар Мане
Година 1861
Димензии 131,1 см × 93,3 см
Место Метрополитен, Њујорк

Момче со меч – слика од францускиот сликар Едуар Мане, насликана во 1861 година, а денес е изложена во музејот Метрополитен во Њујорк. На сликата е прикажано мало момче облечено како паж на Шпанскиот двор во седумнаесеттиот век. Момчето држи меч и појас за мечот. Делото подоцна било репродуцирано како бакропис од дижонскиот сликар и бакрописец Алфонс Легро.[1]

Според Емил Зола, сликата е типична за влијанието на шпанските сликари [2] и го прикажува силното влијание на Диего Веласкес и Франс Халс врз Мане во тоа време.

Модел на уметникот му бил Леон Леноф, посинок на уметникот по неговиот брак со Сузан во 1862 година.

  1. „Manet Graveur, Œuvres par ordre chronologique, L'Enfant à l'épée, 1862“. Institut National de l'Histoire de l'Art. Архивирано од изворникот на 13 February 2013. Посетено на 24 March 2010.
  2. Émile Zola (1867). Edouard Manet. Étude biographique et critique. Cahiers naturalistes. Архивирано од изворникот на 2019-08-09. Посетено на 24 March 2010.