Мисти
Мисти | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5822 м [1] |
Истакнатост | 1785 м |
Заведена како | Ultra |
Координати | 16°17′40″S 71°24′32″W / 16.29444° ЈГШ; 71.40889° ЗГД [1] |
Географија | |
Место | Арекипа, Перу |
Матичен венец | Анди |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Централна Вулканска Зона |
Последен избув | 1985 |
Мисти, исто така познат како Путина[2] или Гуагуа Путина[3] — стратовулкан од андезит, дацит и риолит[4], кој се наоѓа во јужниот дел на Перу, во близина на градот Арекипа. Со својот сезонски снежен покриен симетричен конус, Мисти се издига на 5,822 метри надморска височина и се наоѓа помеѓу планината Чачани (6,075 метри) и вулканот Пичу Пичу (5,669 метри). Последната ерупција се случила во 1985 година, 198 години по нејзината претходна документирана ерупција[1].
Опис
[уреди | уреди извор]Мисти има три концентрични кратери. Активни фумароли или вулкански отвори за гас може да се видат во внатрешниот кратер[5]. Во близина на внатрешниот кратер, шест инкиски мумии и ретки инкиски артефакти биле пронајдени во 1998 година за време на едномесечното ископување во режија на археолозите Јохан Рајнхард и Хосе Антонио Чавес. Овие наоди моментално се чуваат во музејот во Арекипа.
До врвот на вулканот има две главни качувачки линии. Патеката Пасторес започнува на 3.300 метри. Обично кампот е направен на 4.500 метри во Нидо де Агилас. Патеката Агуада Бланка започнува на 4.000 метри во близина на резервоарот Агуада Бланка, а кампот е направен на 4.800 метри во Монте Бланко (кампот е именуван по Монблан, чиј врв е приближно ист според надморската височина). Патеките за искачување не содржат технички потешкотии, но и двете се сметаат за напорни поради стрмните песочни падини.
Околина
[уреди | уреди извор]Долгата историја на ерупции од Мисти и неговите соседни вулкани предизвикало локалната почва да биде исклучително плодна, со што околината е една од најкорисните во Перу[5]. Месните жители, исто така, прават широка употреба на бела вулканска карпа наречена силар, која е лесно употреблива[5]. Градот Арекипа има значителен број на градби изградени со силар, што резултира со неговиот прекар „Белиот град“[5].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Авионски поглед кон Убинас, со Мисти во позадина
-
Мисти
-
Овој мозаик од две фотографии на астронаутот ја илустрира близината на Арекипа до Мисти
-
Кратерот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „El Misti“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2008-12-21. (англиски)
- ↑ Thomas Besom, Of Summits and Sacrifice: An Ethnohistoric Study of Inka Religious Practices, An ethnohistoric study of Inka religious practices, University of Texas press, 2009
- ↑ „Global Volcanism Program | El Misti“. volcano.si.edu (англиски). Посетено на 2017-08-16.
- ↑ http://gsabulletin.gsapubs.org/content/113/12/1593
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 251. ISBN 0-89577-087-3.
Литература
[уреди | уреди извор]- Reinhard, Johan (2005). The Ice Maiden: Inca Mummies, Mountain Gods, and Sacred Sites in the Andes. Washington, D.C.: National Geographic Society. ISBN 0-7922-6838-5.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „El Misti Volcano and Arequipa, Peru“. Earth Observatory. NASA. 2009-11-02. Посетено на 2016-06-03.
- „El Misti Volcano and the City of Arequipa, Peru“. Earth Observatory. NASA. 2001-12-31. Посетено на 2016-06-03.