Менопауза
Менопауза | |
---|---|
Синоними | Климактериум |
Специјалност | Гинекологија |
Симптоми | Отсуство на менструација од една година |
Вообичаена појава | помеѓу 48 и 52 години |
Причинители | Вообичаено е природна промена. Исто така може да биде предизвикана од хируршка интервенција при која се отстранети двата јајници и некои типови на хемотерапија. |
Лекување | Никаков, промена во животните навики |
Лекови | Менопаузална хормонска терапија, клонидин, габапентин, селективни инхибитори на репреземањето на серотонин |
Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55 година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат.
Како се случува
[уреди | уреди извор]Од двете страни на матката (утерусот) на жената се наоѓаат јајниците кои го произведуваат хормонот естроген. Овој хормон помага во регулирање и создавање јајце (овула) кај жената. За време на климактериумот јајниците почнуваат да создаваат помалку естроген при што не се произведуваат повеќе јајца и престанува менструацијата.
Климактериумот може да настапи на било која возраст ако јајниците на жената се извадени при хисторектомија операција (отстранување на матката).
Симптоми
[уреди | уреди извор]Повеќето жени или воопшто ќе немаат симптоми, или ќе имаат само благи симптоми што ќе траат само неколку месеци. Но за некои жени, симптомите можат да бидат мачни и да траат неколку години. Тие се:
- Напади на жештина
- Вагинални и проблеми со мочниот меур
- Промени во расположението
Последици
[уреди | уреди извор]Климактериумот прави жените постепено да губат дел од калциумот во нивните коски. Кај многу жени коските стануваат крти и лесно кршливи. Овој проблем е наречен Остеопороза.
Извор
[уреди | уреди извор]- https://web.archive.org/web/20060822054049/http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/800/HTS-800-MAC.pdf 44+ За жените што се ближат до климактериумот (менопауза) - Памфлет, Мултикултурен здравствен комуникативен сервис, Нов Јужен Велс, јули 2002.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |