Прејди на содржината

Мачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мачка
Научна класификација
Царство: Животни (Animalia)
Колено: `Рбетници (Vertebrata)
Класа: Цицачи (Mammalia)
Ред: Месојадци (Carnivora)
Подред: Мачковидни (Feliformia)
Семејство: Мачки (Felidae)
Потсемејство: Felinae
Род: Felis
Вид: Felis silvestris
Подвид: Мачка домашна
Научен назив
Felis silvestris catus
(Linnaeus, 1758)

Обична мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) — најраспространетиот вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.

Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

Египетска скулптура во Лувр

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно", [1] една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток.[2] Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500 години на Кипар.[3][4]

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Научното име Felis catus е дадено од Карл Линеј во 1758 година за домашната мачка.[5][6] Felis catus domesticus е име предложено од Јохан Кристијан Поликарп Еркслебен во 1777 година.[7] Felis daemon е име предложено од Константин Сатунин во 1904 година за црна мачка од Закавказје, подоцна идентификувана како домашна мачка.[8][9]

Во 2003 година, Меѓународната комисија за зоолошка номенклатура одредила дека домашната мачка е посебен вид наречен Felis catus.[10][11]

Мачката како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
Домашна мачка

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Мачката како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]
Домашна мачка
Младенче на персиска мачка

Мачката како тема во филмот

[уреди | уреди извор]

Мачката како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
Домашна мачка
  • „Луѓе-мачки“ (англиски: Cat people) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.[51]
  • „Мачки во чинија“ (англиски: Cats In A Bowl) - песна на американската рок-група Dinosaur од 1985 година.[52]
  • „Храна за мачки“ (англиски: Cat Food) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[53]
  • „Љубовни мачки“ (англиски: Lovecats) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[54]
  • „Кога мачката е замината“ (англиски: When the Cat's Away) - песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[55]
  • „Мачки и кучиња“ (англиски: Cats and Dogs) - албум на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.[56]
  • „Блуз за мачките-скитници“ (англиски: Stray Cat Blues) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.[57]
  • „Дивите мачки од Килкени“ (англиски: Wild Cats of Kilkenny) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1985 година.[58]
  • „Мачката е во ормарот“ (англиски: Cat's in the Cupboard) - песна на британскиот рок-музичар Пит Таунсенд (Pete Townsend) од 1980 година.[59]
  • „Мачка“ - песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.[60]
  • „Како да одериш мачка“ (англиски: How To Skin A Cat) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[61]
  • „Мачор“ (англиски: Puss) - песна на американската рок-група The Jesus Lizard од 1992 година.[62]
  • „Myau“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.[63]
  1. http://www.nytimes.com/2007/06/29/science/29cat.html, Study Traces Cat's Ancestry to Middle EastNicholas Wade, The New York Times 29 June 2007
  2. Driscoll, C. A.; Menotti-Raymond, M.; Roca, A. L.; Hupe, K.; Johnson, W. E.; Geffen, E.; Harley, E. H.; Delibes, M.; Pontier, D.; Kitchener, A. C.; Yamaguchi, N.; O'Brien, S. J.; Macdonald, D. W. (2007). „The Near Eastern Origin of Cat Domestication“. Science (journal). 317 (5837): 519–523. Bibcode:2007Sci...317..519D. doi:10.1126/science.1139518. ISSN 0036-8075. PMC 5612713. PMID 17600185.
  3. „Meet Helen and Aphrodite, Cyprus's indigenous cats“. China Daily. Посетено на 3 November 2009.
  4. „Oldest Known Pet Cat? 9500-Year-Old Burial Found on Cyprus“.
  5. Linnaeus, C. (1758). „Felis Catus“. Systema naturae per regna tria naturae: secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis (латински). 1 (10th reformed. изд.). Holmiae: Laurentii Salvii. стр. 42.
  6. Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 534–535. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Erxleben.
  8. Satunin, C. (1904). „The Black Wild Cat of Transcaucasia“. Proceedings of the Zoological Society of London. II: 162–163.
  9. Bukhnikashvili, A.; Yevlampiev, I. (уред.). Catalogue of the Specimens of Caucasian Large Mammalian Fauna in the Collection (PDF). Tbilisi: National Museum of Georgia. Архивирано (PDF) од изворникот 4 March 2016. Посетено на 19 January 2019.
  10. „Opinion 2027“. Bulletin of Zoological Nomenclature. International Commission on Zoological Nomenclature. 60: 81−82. 2003.
  11. Gentry, A.; Clutton-Brock, J.; Groves, C. P. (2004). „The naming of wild animal species and their domestic derivatives“ (PDF). Journal of Archaeological Science. 31 (5): 645–651. Bibcode:2004JArSc..31..645G. doi:10.1016/j.jas.2003.10.006. Архивирано (PDF) од изворникот 4 March 2016. Посетено на 19 January 2019.
  12. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 122-123.
  13. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 185-186.
  14. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 29-32.
  15. Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 16-21.
  16. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 31-37.
  17. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 23.
  18. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 34.
  19. Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 14-15.
  20. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 35.
  21. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  22. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  23. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44.
  24. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 41-42.
  25. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 43-44.
  26. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
  27. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 114.
  28. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 73-74.
  29. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 75.
  30. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 76-77.
  31. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286.
  32. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 25-26.
  33. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 40.
  34. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 183-194.
  35. Пандалф Вулкански, Текстилна поема. Темплум: Скопје, 2017.
  36. „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 22-24.
  37. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 311-315.
  38. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 80-83.
  39. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 11.
  40. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 36.
  41. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 365-373.
  42. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 65-78.
  43. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 37-41.
  44. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 42.
  45. Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182.
  46. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 261-268.
  47. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 275-276.
  48. „Возбудлива авантура на триото од бајките“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 2.
  49. „ЛОШИОТ МАЧОР“. cinedays.mk. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 2016-11-14.
  50. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017
  51. YouTube, David Bowie - Cat People (пристапено на 8.5.2017)
  52. DISCOGS, Dinosaur* ‎– Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)
  53. King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023)
  54. YouTube, The Cure - The Lovecats (пристапено на 26.9.2019)
  55. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - When The Cat's Away (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)
  56. Mental As Anything, Cats & Dogs (пристапено на 6.7.2017)
  57. DISCOGS, The Rolling Stones ‎– Get Your Ya-Yas Out (пристапено на 25.8.2019)
  58. YouTube, 03 Wild Cats of Kilkenny by The Pogues (пристапено на 22.8.2017)
  59. YouTube, Pete Townshend - Cat's in the Cupboard (пристапено на 11.9.2017)
  60. YouTube, Fit - 09 Mačka (Live Uz Rijeku) HQ (пристапено на 8.4.2017)
  61. Discogs, Hüsker Dü ‎– New Day Rising (пристапено на 1.7.2020)
  62. Discogs, The Jesus Lizard – Liar (пристапено на 17.12.2020)
  63. The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.