Мартин Хајдегер
Мартин Хајдегер | |
---|---|
Роден(а) | 26 септември 1889 Мескирх, Баден, Германија |
Починал(а) | 26 мај 1976 Фрајбург, Баден-Виртемберг, Германија | (возр. 86)
Период | Филозофија на XX век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | феноменологија · херменевтика · егзистенцијализам |
Претежна дејност | онтологија · метафизика · уметност · старогрчка филозофија · технологија · јазик · поезија · мисла |
Значајни идеи | битисување · врамување |
Мартин Хајдегер (герм. Martin Heidegger, 26 септември 1889 - 1976), главен претставник на егзистенцијализмот во Германија и пошироко во светот. Извршил големо влијание врз современите филозофи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се „Битие и време“, „Кант и проблемот на метафизиката“ и „Што е тоа метафизика?“.
Животопис
[уреди | уреди извор]Творештво
[уреди | уреди извор]Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Во романот „Старите мајстори. Комедија“, австрискиот писател Томас Бернхард остро го критикува Хајдегер, нарекувајќи го „смешен националсоцијалистички малограѓанин“ кој ја претворил филозофијата во кич, а кому повоените генерации „му посветиле еден куп слабоумни и одвратни докторски трудови“. Во продолжение, Берхнард го нарекува Хајдегер „комичен“, „недуховен човек, лишен од секаква фантазија, лишен од секаков сензибилитет, еден прагермански филозофски преживар“ и „вечно презаситена филозофска крава“ која со децении „пасела по ливадите на германската филозофија и по неа ги сеела своите лепешки“, „слабоумен филозоф од алпското предгорје“ кој бил „опседнат со разурнувачкото лудило на големината“ и претставува само „одлична состојка токму за германскиот филозофски лонец“. Понатаму, според Бернхард, Хајдегер бил „филозофски брачен лажго кој успеал да им го замати паметот на цела една генерација германски научници-хуманисти“ и „одвратна епизода во историјата на германската филозофија“.[3] Исто така, Берхнард го критикува Хајдегер дека бил „филозофски тезгар кој тгрувал само со крадена стока, сè што имал да понуди било од втора рака“, нарекувајќи го прототип на мислител-шарлатан“ кој немал сопствено мислење, а неговиот метод се состоел во тоа туѓите големи мисли бескрупулозно да ги претвора во свои мали мисли. Оттука, според Нерханрд, „за филозофијата, Хајдегер е завршена приказна“ и додека во минатото важел за голем мислител, сега се појавува „само како дух во псевдоинтелектуалните кругови, додавајќи кон нивнат авкупна природна извештаченост уште една лажна“.<ef>Tomas Bernhard, Stari majstori. Komedija. Beograd: LOM, 2019, стр. 56-57.</ref> Својата критика, Бернхард ја завршува нарекувајќи го Хајдегер „најгален германски филозоф во овој век, а истовремено и најбезначаен“ и „тотална духовна нула“.<ef>Tomas Bernhard, Stari majstori. Komedija. Beograd: LOM, 2019, стр. 59.</ref>
Оваа статија за филозоф е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://plato.stanford.edu/entries/erfurt/#4
- ↑ http://www.stanford.edu/dept/relstud/faculty/sheehan.bak/EHtrans/2-intro.pdf, pages 6-7
- ↑ Tomas Bernhard, Stari majstori. Komedija. Beograd: LOM, 2019, стр. 54-55.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- битисување (Dasein)
- Врамување (Gestell)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дали Хајдегер му се предал на злото? — расправа за Хајдегеровите ставови (Утрински весник (македонски)
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|