Прејди на содржината

Марио Гомес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гомес со Германија во 2018 година

Марио Гомес Гарсија (германски и шпански: Mario Gómez García; роден на 10 јули 1985 во Ридлинген) — германски фудбалер, напаѓач на Волфсбург и на германската репрезентација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Гомес пораснал во Унлинген, горношвапско село. Неговиот татко е Шпанец од Гранада, а мајка му е Германка). Ги имаше двете државјанства, но одлучил да игра за германската репрезентација кога имал 17 години.

Кариерата ја започнал во Штутгарт, каде поминал шест години. Кога Штутгарт станал шампион на Германија во сезоната 2006-2007, Гомес постигнал 14 голови и бил избран за германски фудбалер на годината. Во 2009 година потпишал за Бајерн Минхен. Отштетата тогаш била рекордна за преоѓање на некој играч во Бундеслигата, а се проценува дека изнесувала помеѓу 30 и 35 милиона евра. Во 2013 година потпиша за Фјорентина.

Неговиот прв натпревар за репрезентацијата бил против Швајцарија во февруари 2007 и оттогаш редовно бил повикуван во тимот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]