Прејди на содржината

Максимилијан Шахман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Максимилијан Шахман
Лични податоци
Цело имеМаксимилијан Шахман
Роден9 јануари 1994(1994-01-09)(30 г.)
Берлин,  Германија
Висина1,83 м[1]
Маса70 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометар
Професионални клубови
2013
2014
2015-2016
2017-2018
2019-
Тирингер Енерги Тим
Развојна екипа Џајант-Шимано
АВТ-ГринВеј
Квик-Степ Флорс
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2018)

Етапни трки

Париз-Ница (2020)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2019)
ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано (2019)
Последна промена
20 август 2020

Максимилијан Шахман (германски: Maximilian Schachmann; р. 9 јануари 1994) — германски професионален друмски велосипедист,[2][3][4][5] кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[6]

Во 2012 година бил предложен за велосипедист на годината на Германија. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018,[7] каде ја освоил етапата 18.[8]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Шахман е роден во Берлин и пораснал во предградијата на градот. Неговото училиште било оддалечено 6 километри од неговиот дом и бидејќи автобусите имале часовен возен ред, тој одел со велосипед, со што се поттикнал неговиот интерес во велосипедизмот како кариера.[9]

Шахман станал професионалец во 2017 година со Квик-Степ Флорс. Морал да ја заврши сезоната порано по пад на петтата етапа на Трката околу Полска.[10]

ВО 2018 година, Шахман имал пробив. По осмото место на Флеш Валон, го имал својот прв настап на некоја голема трка, започнувајќи на Џиро д’Италија 2018. Таму, ја освоил етапата до Прато Невозо. Го додал бронзениот медал на хронометарот на Европското друмско првенство кон неговите резултати, како и етапна победа и трет во генералниот пласман на Трката околу Германија.[11]

2019–денес

[уреди | уреди извор]

За 2019 година, Шахман потпишал со германската екипа Бора-Хансгрое.[11] Во март освоил етапа на Волта а Каталуња.[12] На Трката околу Баскија, Шахман го освоил хронометарот на првата етапа за да го земе водството, пред да обезбеди уште две етапни победи на етапите 3 и 4.[13] Потоа, учествувал на арденските класици, завршувајќи петти на обете трки, Амстел Голд Рејс и Флеш Валон, и трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[14]

На 30 јуни, Шахман го освоил националното друмско првенство, за завршница 1-2-3 на екипата Бора-Хансгрое на предизвикувачката трка во екстремно топло време до 40 степени и каде само 15 од 190 возачи ја завршиле трката.[15] Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[16] На хронометарот на етапата 13 можел да забележи добро време, но имал пад на крајот на патеката. Кога ја завршил етапата му било откриено дека има повеќе фрактури на неговата рака и морал да го напушти Тур.[17]

На почетокот на сезоната 2020, Шахман завршил втор зад Ремко Евенепул на Волта ао Алгарве.[18] Во март 2020 година, Шахман ја освоил Париз-Ница, која била скратена за една етапа поради пандемијата на коронавирусот 2019-2020. Ја освоил првата етапа и потоа го сочувал водството од 18 секунди пред Тиш Бенот, со што станал петтиот германски победник на трката и прв Германец од Тони Мартин во 2011 година.[19][20]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2012
3. Светско хронометарско јуниорско првенство
9. Европско хронометарско јуниорско првенство
2013
9. Европско хронометарско првенство под 23 години
2014
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Светско хронометарско првенство под 23 години
5. Европско хронометарско првенство под 23 години
2015
2. Светско хронометарско првенство под 23 години
3. Европско хронометарско првенство под 23 години
8. Краен пласман Тур де Берлин
2016
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Краен пласман Тур Алзас
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 3
2. Светско хронометарско првенство под 23 години
2. Краен пласман Тур де Берлин
3. Краен пласман Триптих на планините и замоците
7. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 3
2017
Национални првенства
4. Хронометар
5. Друмска трка
4. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
10. Ле Самин
2018
1. Светско првенство во екипен хронометар
1. Етапа 18 Џиро д’Италија
1. Етапа 6 Волта а Каталуња
2. Класик Сид-Ардеш
3. Европско хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Германија
1. Етапа 2
4. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман БинкБенк Тур
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Флеш Валон
2019
1. Национално друмско првенство
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
1. Етапа 5 Волта а Каталуња
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Амстел Голд Рејс
5. Флеш Валон
10. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 3
1. Етапа 4
10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2020
1. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 1
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
3. Страде Бјанке
  1. 1,0 1,1 „BORA - hansgrohe“. Архивирано од изворникот на 2019-07-07. Посетено на 7 јули 2019.
  2. „Maximilian Schachmann“. ProCyclingStats. Посетено на 15 август 2015.
  3. „Maximilian Schachmann“. EuroSport. Посетено на 15 август 2015.
  4. „Maximilian Schachmann“. Rad-net. Посетено на 15 август 2015.
  5. „Maximilian Schachmann sait tout faire“. DirectVelo. Посетено на 15 август 2015.
  6. Рајан, Бери (28 декември 2019). „2020 Team Preview: Bora-Hansgrohe“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 јануари 2020.
  7. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.
  8. „Schachmann gewinnt Bergankunft - Yates bangt um Gesamtsieg“ (германски). Der Spiegel. 24 мај 2018. Посетено на 15 април 2019. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  9. „Immer weiter bergauf“ (германски). Rundfunk Berlin-Brandenburg. 6 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 1 јули 2019. Посетено на 1 јули 2019.
  10. „Quick-Step's Schachmann calls end to 2017 season“. cyclingnews.com. 15 август 2017. Посетено на 1 јули 2019.
  11. 11,0 11,1 „Bora-Hansgrohe sign Schachmann on two-year deal“. cyclingnews.com. 19 септември 2018. Посетено на 1 јули 2019.
  12. „Catalunya stage 5: Schachmann wins solo; Lopez leads overall“. VeloNews. 29 март 2019. Посетено на 1 јули 2019.
  13. Фратини, Кирстен (11 април 2019). „Tour of the Basque Country: Schachmann wins another on stage 4“. cyclingnews.com. Посетено на 1 јули 2019.
  14. „Schachmann Dritter bei Lüttich-Bastogne-Lüttich“ (германски). Rundfunk Berlin-Brandenburg. 29 април 2019. Архивирано од изворникот на 1 јули 2019. Посетено на 1 јули 2019.
  15. „Berliner Radprofi Schachmann ist deutscher Straßenmeister“ (германски). Rundfunk Berlin-Brandenburg. 30 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 1 јули 2019. Посетено на 1 јули 2019.
  16. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  17. „Schachmann out of Tour de France with broken hand after TT crash“. cyclingnews.com. 20 јули 2019. Посетено на 22 јули 2019.
  18. „Volta ao Algarve stage 5: Remco Evenepoel tops Rohan Dennis to win TT and secure overall“. VeloNews. 23 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
  19. Меклолин, Лук (14 март 2020). „Max Schachmann triumphs at Paris-Nice as Nairo Quintana takes final stage“. The Guardian. Посетено на 15 март 2020.
  20. „Schachmann holt Gesamtsieg bei Paris-Nizza“. Süddeutsche Zeitung (германски). Deutsche Presse-Agentur. 14 март 2020. Посетено на 15 март 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]