Л’ки
Изглед
Оваа статија се однесува на градот во Бугарија. За селото со истото име, погл. Л’ки (село).
Л’ки Лъки | |
---|---|
град | |
Панорамски поглед на Л’ки | |
Местоположба на Л’ки во Бугарија | |
Координати: 41°49′57″N 24°49′53″E / 41.832638° СГШ; 24.831494° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пловдив |
Општина | Л’ки |
Управа | |
• Градоначалник | Валентин Симеонов (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 9,779 км2 (3,776 ми2) |
Надм. вис. | 654 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,842 |
• Густина | 190/км2 (490/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4241 |
Повик. бр. | +359 03052 |
Мреж. место | oblaki.com |
Л’ки (бугарски: Лъки) — гратче во Јужна Бугарија, административен центар на општината Л’ки во Пловдивската Област. Има население од околу 1.842 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Гратчето е сместено во мала рамна област на сливот на Џурковската Река во Манастирска Река, во Преспанскиот дел на Родопите. Л’ки се наоѓа на 56 километри јужно од регионалниот центар Пловдив и на 211 километри од главниот град Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]До 1910 година, Л’ки бил мала област покриена со ливади. Кога во 1955 година започнала интензивната експлоатација на рудниците за оловно-цинкова руда, населбата брзо се развила и за само десет години неговите жители достигнале 7.000.[2] Од 1959 година е независна административна единица, a од 1969 година добилa статус на град.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ www.oblaki.com град Лъки oт дата 19.12.2023 г.