Лу Рид
Лу Рид | |
---|---|
Рид на настап во живо во во Портланд во 2004 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Луис Алан Рид |
Роден(а) | 2 март 1942 Њујорк, САД |
Потекло | Фрипорт, Њујорк, САД |
Починал(а) | 27 октомври 2013 Ист Хемптон, Њујорк, САД | (возр. 71)
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1958–2013 |
Издавачи |
Луис Алан Рид (англ. Lewis Allan Reed; 2 март 1942 – 27 октомври 2013) ― американски музичар и текстописец. Тој бил гитарист, пејач и главен текстописец на рок-групата The Velvet Underground и имал петдецениска соло-кариера. Иако Velvet Underground не била успешна за време на своето постоење, групата станала една од највлијателните групи во историјата на андерграунд и алтернативната рок-музика. Неговиот карактеристичен сериозен глас, поетските и табу-стихови во песните и експерименталното свирење гитара биле негов заштитен знак во текот на неговата долга кариера.
По дипломирањето на Универзитетот во Сиракуза, тој работел како текстописец и сесиски музичар во Pickwick Records во Њујорк. Таму се запознал со Џон Кејл; тие, заедно со Стерлинг Морисон и Ангус Меклајс, во 1965 година ја основале групата Velvet Underground. Групата го привлекла вниманието на Енди Ворхол и тој станал нивен менаџер; за возврат тие станале „куќен бенд“ уметничкото студио на Ворхол, The Factory. Групата го издала првиот албум заедно со германската пејачка Нико, во 1967 година. Набргу потоа се разделиле со Ворхол. Рид ја напуштил групата во 1970 година. По напуштањето на групата, Рид имал комерцијално поуспешна соло-кариера и објавил дваесет соло студиски албуми. Рид учествувал во возобнувањето на Velvet Underground во 1990-тите и направил уште неколку албуми.
Починал во 2013 година од заболување на црниот дроб. Рид двапати бил примен во Куќата на славните на рокенролот: како член на Velvet Underground во 1996 година и како соло-пејач во 2015 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]1942–1957: Детство
[уреди | уреди извор]Луис Алан Рид е роден на 2 март 1942 година во Бруклин во семејство на руски Евреи кои избегале од антисемитизмот;[1] неговиот татко го променил презимето од Рабиновиц во Рид.[2] Детството го поминал во Фрипорт на Лонг Ајленд.[3]
Рид учел во основното училиште Аткинсон во Фрипорт и продолжил во средното училиште Фрипорт. Неговата сестра Мерил, родена Маргарет Рид, рекла дека како млад човек имал напади на паника, станал социјално непријатен и „поседувал кревок темперамент“, но бил многу насочен на работи што му се допаѓаат, најмногу на музиката.[4] Откако преку слушање радио научил да свири гитара, уште од најрана возраст се заинтересирал за рокенрол и ритам и блуз, а додека бил во средното училиште свирел во неколку групи.
Рид бил дислексичен.[5]
1958–1964: Образование и почетоци на музичката кариера
[уреди | уреди извор]Почнал да зема дрога на 16-годишна возраст.[4] Првите снимени песни на Рид биле како член на ду-воп-триото Jades, каде што Рид свирел на гитара и пеел придружни вокали.[2]
Според кажувањата на неговата сестра, додека бил прва година на факултет на Њујоршкиот универзитет, тој бил донесен дома откако претходно доживеал нервен слом.[6] Откако закрепнал, Рид своето образование го продолжил на Универзитетот во Сиракуза во 1960 година,[4] каде што студирал новинарство, филмска режија и креативно пишување. На факултетот, Рид свирел во различни музички групи и исто така свирел во централен Њујорк.[7][8] Во 1961 година бил водител на ноќна радио-емисија под наслов Excursions on a Wobbly Rail.[9][10]
Додека бил на факултетот во Сиракуза, Рид почнал со интравенозна употреба на дрога и за брзо се заболел од хепатитис.[11] Рид диломирал на Универзитетот во Сиракуза во јуни 1964 година.[12][13][14]
1964–1970: Пиквик и the Velvet Underground
[уреди | уреди извор]Рид се вратил во Њујорк во 1964 година, каде што работел како текстописец за издавачката куќа Pickwick Records. За Pickwick, Рид, го напишал и го снимил синглот „The Ostrich“, пародија на популарните денс-песни од тоа време. Продуцентите од издавачката куќа го воочиле музичкиот потенцијал на Рид и направиле група која требало да биде негова поддршка во промовирањето на песните. Ад-хок групата била наречена the Primitives и во неа членувале: Рид; велшкиот музичар Џон Кејл, кој неодамна се преселил во Њујорк за да студира музика и свирел виола во Театарот на вечната музика на композиторот Ла Монте Јанг, на бас; Тони Конрад, виолинист од Театарот на вечната музика, на гитара; и скулпторот Волтер Де Марија на удирачки инструменти. Кога Кејл го слушнал репертоарот со композиции на Рид - вклучувајќи ја и раната верзија на Хероин - двајцата решиле да работат заедно и да создадат проект за група.[15]
Рид и Кејл, на кои им се придружиле Стерлинг Морисон и Мо Такер, за прв пат настапиле под името The Velvet Underground во 1965 година. И покрај подоцнежната успешна соло-кариера на Рид, оваа група го одредила неговиот музички стил и денес е сè уште нераскинливо поврзан со неговото име. Иако групата не била комерцијално успешна за време на нејзиното постоење, The Velvet Underground се смета за еден од највлијателните андерграунд бендови на сите времиња и пионер на подоцнежната инди и панк-музика.[16][17][18] Рид бил главен пејач и текстописец во групата.[19]
Групата наскоро го привлекла вниманието на Енди Ворхол. Тој станал нивен менаџер во 1966 година и The Velvet Underground наредните години биле куќен состав во студиото на Ворхол, The Factory. Нивниот прв албум, The Velvet Underground & Nico, со германската пејачка и манекенка Нико, бил објавен во 1967 година. Рид напишал неколку песни кои требало да ги испее Нико, а двајцата накратко биле љубовници.[20] Потоа издале уште три албуми, White Light/White Heat (1968), The Velvet Underground (1969) и Loaded (1970).
Рид го напуштил Velvet Underground во август 1970 година.[20] Групата се распаднала по заминувањето на Морисон и Такер во 1971 година, а нивниот последен албум <i id="mwAT0">Squeeze</i> речиси целосно бил дело на Јул.[21]
1970–1975: Глам-рок и пробив
[уреди | уреди извор]Откако ги напуштил Velvet Underground, Рид се преселил во домот на неговите родители на Лонг Ајленд и се вработил како дактилограф во сметководствената фирма на татко му.[22] Тој почнал да пишува поезија, која била објавена во 2018 година од Anthology Editions.[23] Во 1971 година потпишал договор за снимање со RCA Records и го снимил неговиот прв соло-албум. Албумот, Lou Reed, содржел верзии од необјавени песни од Velvet Underground. Албумот бил занемарен од повеќето поп-музички критичари и не се продавал добро. Од албумот биле објавени два сингла: Going Down и Wild Child.
Во ноември истата година, Рид го издаде глам-рок-албумот Transformer, со кој конечно се пробил на музичката сцена. Transformer бил копродуциран од Дејвид Боуви и Мик Ронсон, и со него Рид стекнал поширока публика, особено во Обединетото Кралство. Синглот „Walk on the Wild Side“ е познат како химна на контракултурата.[24] Песната била често емитувана на радио[25] и станала најголем хит[26][27] и најпрепознатлива песна на Рид[28] која задира во теми кои се сметале за табу во тоа време, како: трансродови луѓе, дрога, машка проституција и орален секс.[29] Трансгресивниот текст на песната ја избегна радио цензурата. „Walk on the Wild Side“ била единствена песна на Рид која се пласирала на топ-листата за синглови - Billboard Hot 100, на 16-то место.[30]
Рид се оженил со Бети Кронстад во 1973 година. Таа подоцна рекла дека тој бил насилен пијаница додека бил на турнеја.[31] Berlin (јули 1973 година) бил концептуален албум за љубовта меѓу двајца зависници од дрога од овој град. Песните се однесуваат на семејно насилство („Caroline Says I“, „Caroline Says II“), зависност од дрога („How Do You Think It Feels“), прељуба и проституција („The Kids“) и самоубиство („The Bed“). Приемот на Berlin во времето на неговото објавување бил претежно негативен, а Ролинг Стоун го прогласил за „катастрофа“.[20] Рид сметал дека лошите критики што ги добил биле многу обесхрабрувачки.[32] Оттогаш, албумот бил критички преоценет, а во 2003 година Ролинг Стоун го вклучил на нивниот список од „500 најдобри албуми на сите времиња“.[33] Албумот Berlin се искачил на 7-мо место на топ-листата за албуми во Велика Британија.[34]
По разочарувањето од продажбата на Berlin, Рид се спријателил со Стив Кац од Blood, Sweat & Tears (кој бил брат на неговиот тогашен менаџер Денис Кац) и тој му предложил на Рид да состави „одлична група за настапи во живо“ и да издаде албум во живо со песни од Velvet Underground.[35] Кац бил продуцент, а албумот Rock 'n' Roll Animal (февруари 1974) содржел изведби во живо на песните на Velvet Underground: „Sweet Jane“, „Heroin“, „White Light/White Heat“ и „Rock and Roll“. Албумот се искачил на 45-то место на Билборд 200 и на топ-листата се задржал цели 28 недели. Набрзо станал најпродаван албум на Рид. Во 1978 година, со 500 000 сертифицирани продажби, албумот добил златен сертификат.[36]
Албумот Sally Can't Dance, издаден во август 1974 година, станал негов албум со највисок пласман на топ-листите во Соединетите Американски Држави; во октомври 1974 година стигнал до 10-то место за време на 14-неделниот престој на топ-листата за албуми, Билборд 200.[37]
1975–1979: Зависност и креативни дела
[уреди | уреди извор]Во текот на 1970-тите, Рид бил тежок зависник од метамфетамин и алкохол.[31][38] Летото 1975 година, тој во Европа требало да настапи на рок-фестивалот Startruckin' 75.[39] Но, поради зависноста од дрога, организаторот сметал дека настапот на Рид е несигурен и затоа го замениле со Ајк и Тина Тарнер.[39]
Двојниот албум на Рид, Metal Machine Music (1975), бил едночасовна гитарска модулација и ефекти. Опишан од Ролинг Стоун како „брмчење на вселенски фрижидер“,[40] многу критичари го протолкувале како гест на презир, обид да се прекине неговиот договор со RCA или да побегне од неговите помалку софистицирани обожаватели. Рид тврдел дека албумот е вистински уметнички труд инспириран од дрон-музиката на Ла Монте Јанг.[41] Албумот, кој некои музички критичари денес го сметаат за визионерско гитарско ремек-дело,[42] наводно бил вратен во продавница од илјадници негови купувачи и по неколку недели бил повлечен од продажба.[43][44]
Албумот Coney Island Baby од 1975 година бил посветен на тогашната партнерка на Рид, Рејчел Хемфрис, трансродова жена со која Рид бил во врска и со која три години живеел заедно.[2] Хемфрис се појавува и на фотографиите од насловната страница од албумот со најголеми хитови од Рид од 1977 година, Walk on the Wild Side: The Best of Lou Reed. Rock and Roll Heart (1976) бил негов прв албум со неговата нова издавачка куќа Arista, а Street Hassle (1978) бил првиот комерцијално објавен поп-албум кој користи технологија за бинаурално снимање.[45]
Во 1978 година, Рид го издал неговиот трет албум во живо, Live: Take No Prisoners; некои критичари сметале дека тоа е негово „најхрабро дело досега“, а други го сметале за негово „најглупаво“ дело.[46] Ролинг Стоун го опишал како „еден од најсмешните албуми во живо кои воопшто биле снимени“, а монолозите на Рид ги споредил со оние на Лени Брус.[46] Рид сметал дека тоа е негов најдобар албум дотогаш.[46] The Bells (1979) бил снимен со џез-трубачот Дон Чери. Во текот на 1979 година, Рид имал интензивна турнеја низ Европа и низ Соединетите Американски Држави. Во тоа време Рид бил и продуцент на музиката за филмот со Пол Сајмон, One-Trick Pony.[47] Од 1979 година Рид почнал да се одвикнува од дрога.[31]
1980–1989: Брак и преоден период
[уреди | уреди извор]Рид се оженил со британската дизајнерка Силвија Моралес во 1980 година.[48][49] Моралес го инспирирала на Рид да напише неколку песни, особено: „Think It Over“ од албумот Growing Up in Public (1980)[50] и „Heavenly Arms“ од албумот The Blue Mask (1982). По Legendary Hearts (1983) и New Sensations (1984), Рид повторно се истакнал како јавна личност и станал портпарол за скутерите одХонда.[20]
На неговиот многу успешен албум New York (1989), Рид ги пренесол проблемите на неговиот роден град: загадувањето, социјалната неправда, расизмот, криминалот и СИДА-та, а не престанал да споменува имиња во неговите песни: активистот за граѓански права Џеси Џексон, тогашниот претседател на Австрија Курт Валдхајм, Стиви Вондер и папата Јован Павле II. Во 1997 година, станал негов втор албум со златен сертификат.[36] Рид бил номиниран за Греми награда за најдобра машка рок вокална изведба за албумот.[30]
1990–1999: Обединување на Velvet Underground и други проекти
[уреди | уреди извор]Рид за прв пат по неколку години се сретнал со Џон Кејл на погребот на Ворхол во 1987 година. Тие заедно работеле на албумот Songs for Drella (април 1990), циклус на песни за Ворхол.[51] На албумот, Рид ја опева неговата љубов кон покојниот пријател и ги критикува и лекарите кои не можеле да го спасат животот на Ворхол и обидот за убиство на Ворхол од страна на Валери Соланас. Во 1990 година, првата постава на Velvet Underground била повторно составане за да настапи на хуманитарниот концерт на Фондацијата Картие во Франција.[51] Во јуни и јули 1993 година, Velvet Underground повторно биле заедно и тргнале на турнеја низ Европа; плановите за турнеја во Северна Америка биле откажани по спорот меѓу Рид и Кејл.[52][53]
Рид го издал неговиот шеснаесетти соло-албум, Magic and Loss, во јануари 1992 година. Во 1994 година, тој се развел од Моралес.[54]
Velvet Underground беа примени во Куќата на славните на рокенролот во 1996 година. На церемонијата за внесување, Рид, Кејл и Такер извеле песна под наслов „Last Night I Said Goodbye to My Friend“, посветена на Стерлинг Морисон, кој починал претходниот август.[55] Во февруари 1996 година, Рид го издал Set the Twilight Reeling, а подоцна истата година, Рид придонел со песни и музика за Time Rocker, театарска интерпретација на Времеплов од Херберт Џорџ Велс. Претставата премиерно била прикажана во театарот Талија во Хамбург, а подоцна била изведена и на Музичката академија во Бруклин во Њујорк.[56]
Од 1992 година, Рид бил во врска со авангардната музичарка Лори Андерсон, и тие соработувле на неколку композиции. Тие се венчале на 12 април 2008 година.[57]
2000–2012: Експериментирање со рок и амбиентална музика
[уреди | уреди извор]Во февруари 2000 година, Рид повторно соработувал со Роберт Вилсон, за претставата ПОезија, сценско дело инспирирано од делата на уште еден писател од 19 век, овој пат Едгар Алан По. Во април 2000 година, Рид го издал албумот Ecstasy. Во јануари 2003 година, Рид објавил сет од 2 ЦД-а, The Raven, заснован на ПОезија. Албумот се состоел од песни напишани од Рид и читање на преработени и препишани стихови од поемите од Едгар Алан По од страна на глумци во чија позадина се слуша електронска музика компонирана од Рид. Во албумот учествувале: Вилем Дефо, Дејвид Боуви, Стив Бушеми и Орнет Колман.[58]
Во 2003 година, Рид објавил книга со фотографии, Емоции во акција. Во јануари 2006 година, тој ја издал втората книга со фотографии, Лу Ридовиот Њујорк.[59] Третиот том, Романтизам, бил објавен во 2009 година.[2] [60]
Во октомври 2006 година, Рид се појавил на концертот за оддавање почит на Леонард Коен во Даблин. Тој отсвирал хеви-метал верзија на песната од Коен „The Stranger Song“.[61]
Во април 2007 година, Рид го издал Hudson River Wind Meditations, албум со амбиентална и медитациска музика. Во август 2007 година, со групата The Killers, Рид ја снимил песната „Tranquilize“
На 2 октомври 2008 година, во комплексот од концертни сали „Волт Дизни“ во Лос Анџелес, тој ја претставил неговата нова група која подоцна била наречена Metal Machine Trio.
На 30 октомври 2009 година, Рид ги свирел „Sweet Jane“ и „White Light/White Heat“ со Металика во Медисон Сквер Гарден за време на јубилејната прослава за 25-годишнината од основањето на Куќата на славата на рокенролот. Во 2010 година, Рид пеел во песната „Some Kind of Nature“ со виртуелната група Gorillaz, од нивниот трет студиски албум Plastic Beach.[62][63] Во октомври 2011 година, Металика и Рид го издале заедничкиот албум <i id="mwAyo">Lulu</i>.[64] Албумот бил заснован на драмите „Лулу“ од германскиот драматург Френк Ведекинд (1864–1918). Албумот добил мешани и претежно негативни критики од музичките критичари.[65][66]
Во 2012 година, Рид соработувал со инди-рок групата Metric за песната „The Wanderlust“, од нивниот петти студиски албум Synthetica. Ова било последна оригинална композиција на која работел.[67]
Смрт, наследство и почести
[уреди | уреди извор]Рид неколку години имал хепатит и дијабетес. Тој вежбал таи чи во последните години од животот.[31][68] Бил лекуван со интерферони, но развил рак на црниот дроб.[68] Во мај 2013 година, тој бил подложен на трансплантација на црн дроб во клиника во Кливленд.[68][69] По операцијата на неговата веб-страница напишал дека никогаш не се чувствувал „поголем и посилен“. Сепак, тој починал од заболување на црниот дроб на 27 октомври 2013 година во неговиот дом во Ист Хемптон, Њујорк, на 71-годишна возраст.[70] Беше кремиран, а пепелта ѝ била дадена на неговото семејство.[71][72]
Неговата вдовица, Лори Андерсон, рекла дека неговите последни денови биле мирни и го опишала како „принц и борец“.[68] Дејвид Бирн,[68] Пети Смит,[68] Дејвид Боуви, Мориси, Мајли Сајрус, Иги Поп, Кортни Лав, Лени Кравиц и многу други исто така му оддале почит на Рид.[73][74][75] Поранешните членови на Велвет андерграунд, Мо Такер[76] и Џон Кејл дале изјави за смртта на Рид.[77]
Воведувањето на Рид во Куќата на славните на рокенролот како соло-пејач било објавено на 16 декември 2014 година.[78] Тој бил воведен од Пети Смит на церемонија во Кливленд на 18 април 2015 година.[33] Во 2017 година, критичарот од Ролинг Стоун, Ентони ДеКуртис ја објавил книгата Лу Рид: Живот.[79]
Астероидот 270553 Loureed, откриен во 2002 година од Маик Мејер од Паломарската опсерваторија, бил именуван во негова чест.
Во 2023 година, Ролинг Стоун го ставил Рид на 107-мо место на списокот од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.[80]
Дискографија
[уреди | уреди извор]The Velvet Underground
- The Velvet Underground & Nico (1967)
- White Light/White Heat (1968)
- The Velvet Underground (1969)
- Loaded (1970)
Соло
- Lou Reed (1972)
- Transformer (1972)
- Berlin (1973)
- Sally Can't Dance (1974)
- Metal Machine Music (1975)
- Coney Island Baby (1975)
- Rock and Roll Heart (1976)
- Street Hassle (1978)
- The Bells (1979)
- Growing Up in Public (1980)
- The Blue Mask (1982)
- Legendary Hearts (1983)
- New Sensations (1984)
- Mistrial (1986)
- New York (1989)
- Magic and Loss (1992)
- Set the Twilight Reeling (1996)
- Ecstasy (2000)
- The Raven (2003)
- Hudson River Wind Meditations (2007)
Соработки
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Beeber (2006).
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 DeCurtis (2017).
- ↑ „Lou Reed, 'Walk on the Wild Side' Rocker, Dies at 71“. Bloomberg.com. October 27, 2013. Посетено на October 28, 2013.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Weiner, Merrill Reed (April 11, 2015). „A Family in Peril: Lou Reed's Sister Sets the Record Straight About His Childhood“. Medium.com. Посетено на June 6, 2017.
- ↑ „Elvis Costello and Lou Reed“.
- ↑ Hermes, Will (2023). Lou Reed: the King of New York (1st. изд.). New York: Farrar, Straus and Giroux. стр. 24–31. ISBN 978-0-374-19339-3.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Baker, Chris (October 31, 2013). „Lou Reed's lasting legacy at Syracuse University: A criminal, a dissident and a poet“. The Post-Standard (англиски). Посетено на May 9, 2022.
- ↑ Lieberman, Michael (November 2, 2021). „'The Velvet Underground' brilliantly recalls one of music's most innovative bands“. The Daily Orange. Посетено на May 9, 2022.
- ↑ "Lou Reed and Julian Schnabel". Spectacle. 2008. No. 2, season 1.
- ↑ Segelbaum, Dylan; van Rheenan, Erik (November 4, 2013). „'Excursions on a Wobbly Rail': Alumna remembers Lou Reed's time at WAER“. The Daily Orange. Посетено на May 9, 2022.
- ↑ Clapton (2012).
- ↑ Colin, Chris. „Lou Reed“. Salon. Архивирано од изворникот на November 7, 2010. Посетено на June 23, 2010.
- ↑ „Statement from Syracuse University Regarding the Passing of Lou Reed“. October 28, 2013. Архивирано од изворникот на 2016-11-08. Посетено на October 28, 2013.
- ↑ Levy, Renée Gearhart (December 1989). „On Our Short List: From the Wild Side“. Syracuse University Magazine. Syracuse University. 6 (2): 5–6. Посетено на May 9, 2022.
- ↑ "Rock and Roll Heart", documentary on the life of Lou Reed, American Masters
- ↑ „News from the Library of Congress“. National Recording Registry. Library of Congress. March 6, 2007.
For decades this album has cast a huge shadow over nearly every sub-variety of avant-garde rock, from 1970s art-rock to No Wave, New Wave and Punk. Referring to their sway over the rock music of the '70s and '80s, critic Lester Bangs stated, 'Modern music starts with the Velvets, and the implications and influence of what they did seem to go on forever.'
- ↑ „The Velvet Underground Biography“. Rock & Roll Hall of Fame.
The influence of the Velvet Underground on rock greatly exceeds their sales figures and chart numbers. They are one of the most important rock and roll bands of all time, laying the groundwork in the Sixties for many tangents rock music would take in ensuing decades.
- ↑ Kot, Greg (October 21, 2014). „The Velvet Underground: As influential as The Beatles?“. BBC. Посетено на November 25, 2016.
- ↑ Unterberger, Richie. „The Velvet Underground – Biography & History“. AllMusic. Посетено на March 26, 2017.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 Bockris (1994).
- ↑ Unterberger (2009).
- ↑ „Topic 354: Richie Unterberger, White Light / White Heat“. The WELL. May 30, 2009. стр. 3. Архивирано од изворникот на December 2, 2012. Посетено на November 4, 2013.
- ↑ „Do Angels Need Haircuts?“. Anthology (англиски). Посетено на July 6, 2023.
- ↑ „Arctic Monkeys cover of Lou Reed's 'Walk on the Wild Side'“. July 12, 2020.
- ↑ Hillis, Eric (October 27, 2021). „The Classic Album at Midnight – Lou Reed's Transformer“.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеTimes
. - ↑ Tuttle, William (October 2, 2012). „10 Lou Reed Songs Better Than "Walk on the Wild Side"“. WhatCulture.com.
- ↑ „Lou Reed: Taking a Walk on the Wild Side“. KKBOX.
- ↑ Cheal, David (November 27, 2015). „The Life of a Song: 'Walk on the Wild Side'“. Financial Times. Архивирано од изворникот 2022-12-11. Посетено на 2019-11-12.
- ↑ 30,0 30,1 Празен навод (help)
- ↑ 31,0 31,1 31,2 31,3 Williams, Alex (November 1, 2015). „Who Was the Real Lou Reed?“. The New York Times.
- ↑ Morley, Paul (November 1, 2013). „Lou Reed: rock 'n' roll animal“. Financial Times. Архивирано од изворникот на December 10, 2022. Посетено на February 17, 2018.
- ↑ 33,0 33,1 Празен навод (help)
- ↑ „Lou Reed full Official Chart History“. Official Charts Company. May 12, 1973. Посетено на February 18, 2018.
- ↑ „'He Treads Kind of Softly': Two Musicians Remember Working with Lou Reed“. Bedfordandbowery.com. October 28, 2013.
- ↑ 36,0 36,1 „RIAA“. Record Industry Association of America. Посетено на February 17, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Sawer, Patrick (June 1, 2011). „Lou Reed saved by liver transplant after years of drugs and alcohol take their toll - Telegraph“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на January 10, 2022. Посетено на February 17, 2018.
- ↑ 39,0 39,1 West, Aaron J. (October 1, 2015). Sting and The Police: Walking in Their Footsteps (англиски). Rowman & Littlefield. ISBN 978-0-8108-8491-5.
- ↑ Geeta Dayal (October 28, 2013). „Lou Reed Was a Rock God and the Epitome of Cool. He Was Also a Big Nerd“. Slate (англиски). Архивирано од изворникот на March 11, 2019. Посетено на November 16, 2019.
- ↑ Alan Licht, Common Tones: Selected Interviews with Artists and Musicians 1995-2020, Blank Forms Edition, Interview with Lou Reed, pp.155-172
- ↑ Mike McGonigal (September 4, 2015). „Coming to Cranbrook Nov. 21: '3-D installation' of Lou Reed's 1975 feedback masterpiece 'Metal Machine Music'“. Detroit Metro Times (англиски). Архивирано од изворникот на November 16, 2019. Посетено на November 16, 2019.
- ↑ „Lou Reed with Anthony DeCurtis - 92Y On Demand“. September 18, 2006. Посетено на February 16, 2018.
- ↑ „Review of Lou Reed - Metal Machine Music: Re-mastered“. BBC. Посетено на February 17, 2018.
- ↑ Nusser, Dick (January 14, 1978). „Arista Has 1st Stereo/Binaural Disk“. Billboard. том 90 no. 2. стр. 1, 18. Посетено на October 25, 2020.
- ↑ 46,0 46,1 46,2 Празен навод (help)
- ↑ „One-Trick Pony (1980)“. IMDb.
- ↑ „Bettye Kronstad has spoken about her marriage to Lou Reed for the first time“. The Independent. April 10, 2015. Посетено на November 8, 2017.
- ↑ Sandall, Robert (February 9, 2003). „Lou Reed: Walk on the mild side“. The Sunday Times. London. Архивирано од изворникот на 2010-05-31. Посетено на December 20, 2008.(бара претплата)
- ↑ Reed (1991).
- ↑ 51,0 51,1 Празен навод (help)
- ↑ Rockwell, John (June 5, 1993). „Older but Still Hip, the Velvet Underground Rocks Again“. The New York Times. Посетено на February 18, 2018.
- ↑ „Their Last Tour: The Velvet Underground - Live in Paris, 1993“. Dangerous Minds. January 16, 2011. Посетено на February 18, 2018.
- ↑ Brown (2013).
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Pareles, Jon (November 14, 1997). „Next Wave Festival: Echoes of H. G. Wells, Rhythms of Lou Reed“. The New York Times.
- ↑ Aleksander, Irina (April 23, 2008). „Morning Memo: Lou Reed and Laurie Anderson Make it Legal“. The New York Observer. Посетено на August 5, 2015.
- ↑ „Lou Reed's Obsession With Edgar Allan Poe Spawns The Raven“. VH1. December 27, 2002. Архивирано од изворникот на June 5, 2011.
- ↑ Lou Reed's New York. Архивирано од изворникот на September 8, 2009 – преку Artbook.com.
- ↑ „Lou Reed: Photographer“. The Independent. November 10, 2009. Посетено на February 18, 2018.
- ↑ „"Came so far for Beauty" in Dublin“. Leonardcohenfiles.com. Посетено на September 28, 2014.
- ↑ „Lou Reed at Lollapalooza 2009“. Lollapalooza 2009. Архивирано од изворникот на March 28, 2010. Посетено на March 26, 2010.
- ↑ „Metallica with Ozzy, Lou Reed, Ray Davies at Rock Hall Concert: More Video Footage Available“. Roadrunner Records. Архивирано од изворникот на November 4, 2013. Посетено на March 26, 2010.
- ↑ „Secret Recording Project?“. Metallica.com. June 15, 2010. Архивирано од изворникот на June 19, 2011. Посетено на June 18, 2011.
- ↑ „Lulu Reviews, Ratings, Credits, and More“. Metacritic. Посетено на January 28, 2012.
- ↑ „Lou Reed and Metallica - Lulu (staff review)“. Sputnikmusic. October 21, 2011. Посетено на October 25, 2011.
- ↑ Joshua Ostroff (October 28, 2013). „Metric On Recording Lou Reed Duet 'The Wanderlust'“. HuffPost. Посетено на December 12, 2013.
- ↑ 68,0 68,1 68,2 68,3 68,4 68,5 Празен навод (help)
- ↑ Feran, Tom (June 11, 2013). „Cleveland Clinic confirms rock legend Lou Reed underwent liver transplant at hospital“. The Plain Dealer. Посетено на October 31, 2013.
- ↑ „Lou Reed's Cause of Death Confirmed“. Verbicide Magazine. October 29, 2013. Архивирано од изворникот на April 1, 2019. Посетено на September 28, 2014.
- ↑ Ratliff, Ben (October 27, 2013). „Outsider Whose Dark, Lyrical Vision Helped Shape Rock 'n' Roll“. The New York Times. Посетено на October 28, 2013.
- ↑ Dolan, Jon (October 27, 2013). „Lou Reed, Velvet Underground Leader and Rock Pioneer, Dead at 71“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на October 27, 2013.
- ↑ „David Bowie leads tributes to 'master' Lou Reed“. BBC News. October 28, 2013. Посетено на September 28, 2014.
- ↑ „Just wild about Lou: Tributes pour in for rock pioneer Lou Reed“. The Independent. October 28, 2013. Посетено на December 3, 2013.
- ↑ Battan, Carrie (October 28, 2013). „David Bowie, Morrissey, John Cale Release Statements on Lou Reed's Death“. Pitchfork Media. Посетено на October 29, 2013.
- ↑ Almasy, Steve; Smith, Matt (October 28, 2013). „Rock legend Lou Reed dies at 71“. CNN. Посетено на October 28, 2013.
- ↑ „John Cale Remembers Friend Lou Reed: 'We Have the Best of Our Fury Laid Out on Vinyl'“. The Hollywood Reporter. October 27, 2013. Посетено на October 28, 2013.
- ↑ „Green Day, Lou Reed among Rock Hall inductees“. USA Today. December 16, 2014. Посетено на December 18, 2014.
- ↑ DeCurtis, Anthony (October 1, 2017). „My brilliant and troubled friend Lou Reed“. The Guardian. Посетено на February 12, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
Грешка во наводот: Ознаката <ref>
со име „MPC-object“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..
<ref>
со име „MPC-Circulars-Archive“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лу Рид — AllMusic (англиски)
- Рид Лу Рид на Discogs (англиски)
- Лу Рид на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Лу Рид — Internet Broadway Database (англиски)
- Lou Reed papers, 1958–2015, held by the Music Division, New York Public Library for the Performing Arts
- Пејачи од Њујорк
- Добитници на Ајвор Новело награда
- Американски рок пејачи
- Американски рок-гитаристи
- Американски поети
- Починати во 2013 година
- Родени во 1942 година
- Американски кантавтори
- Американски фотографи
- Луѓе со дислексија
- ЛГБТ-музичари
- Арт-рок-музичари
- Американски ритам-гитаристи
- Американски протопанк-музичари
- Американски Евреи
- Музичари со попреченост
- Американски баритони