Прејди на содржината

Лучијано Бенетон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лучијано Бенетон
Член на Сенатот
На должноста
23 април 1992 – 14 април 1994
Лични податоци
Роден(а) 13 мај 1935(1935-05-13)(89 г.)
Тревизо, Италија
Партија Италијанската Републиканска партија
Деца 4, вклучувајќи Алесандро
Живеалиште Тревизо, Италија
Занимање Ко-основач на Benetton Group

Лучијано Бенетон (роден на 13 мај 1935 година) е италијански милијардер стопанственик и еден од ко-основачите на Бенетон Груп, италијански моден бренд. Тој бил претседател на Бенетон од 1978 до 2012 година.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Лучијано Бенетон е роден на 13 мај 1935 година во Тревизо.[2] Неговиот татко имал мал бизнис.[3] Бенетон го напуштил училиштето на 14-годишна возраст за да работи во продавница за облека.[2] Тој заштедил пари за да купи машина за плетење од 200 долари и се здружил со својата сестра за да произведе колекција од дваесет парчиња жолти, зелени и бледо сини џемпери.[3]

Во 1965 година, заедно со неговите браќа и сестри Џулијана, Карло и Жилберто, ја основал Бенетон Груп.[2][4]

Во 1992 година, бил избран во италијанскиот Сенат.[5]

Во 2003 година, објавил дека неговото семејство се повлекува од водењето на компанијата, поради намалената продажба и зголемената конкуренција.[6]

Во мај 2015 година, Форбс ја проценил нето вредноста на Лучијано Бенетон и секој од неговите тројца браќа и сестри на 2,9 американски милијарди долари.[7]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Оженет е со четири деца и живее во Тревизо.[7] Неговиот син Алесандро раководел со Бенетон Груп од април 2012 до мај 2014 година.[8][9]

  1. „Luciano Benetton: Executive Profile & Biography – Bloomberg“. www.bloomberg.com. Посетено на 22 November 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Luciano Benetton“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 10 September 2016.
  3. 3,0 3,1 Berend, Ivan T. (22 September 2016). An Economic History of Twentieth-Century Europe: Economic Regimes from Laissez-Faire to Globalization (англиски). Cambridge University Press. ISBN 978-1-316-54628-4.
  4. Waxman, Sharon (17 February 1993). „THE TRUE COLORS OF LUCIANO BENETTON“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 21 November 2017.
  5. McDonough, John; Egolf, Karen (18 June 2015). The Advertising Age Encyclopedia of Advertising (англиски). Routledge. ISBN 978-1-135-94913-6.
  6. „Luciano Benetton | Italian manufacturer“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 22 November 2017.
  7. 7,0 7,1 „Luciano Benetton“. Forbes. Посетено на 25 May 2015.
  8. Wojewoda, Nicolò (8 September 2017). How to Engage Youth to Drive Corporate Sustainability: Roles and Interventions (англиски). Routledge. ISBN 978-1-351-27546-0.
  9. „Benetton Heir Alessandro Goes It Alone With Private Equity Firm“. Bloomberg.com. 6 April 2016. Посетено на 22 November 2017.