Лукајски Архипелаг
Лукајски Архпелаг | |
---|---|
архипелаг | |
Location within the West Indies | |
Регион | Западни Инди |
Земји/територии | 2
|
Површина | |
• Вкупна | 14,308 км2 (5,524 ми2) |
Население (2016) | |
• Вкупно | 443,000 |
• Густина | 24,6/км2 (640/ми2) |
Час. појас | EST (UTC−5) |
• Лето (ЛСВ) | EDT (UTC−4) |
Лукајски Архипелаг или Бахамски Архипелаг — островска група која ги опфаќа Бахамите и британската прекуморската територија Туркс и Кајкос. Сместен е во регионот Западни Инди на Атлантскиот Океан, северно од Куба и другите Антили, а источно од полуостровот Флорида.
Архипелагот е наречен по домородниот народ Лукајци кој изворно го населувал архипелагот. Иако политички се состои од две групи острови, Лукајскиот Архгипелаг претставува природна целина геолошка, еколошка и културна смисла.[1] Важи за дел од Карибите иако физички не излегува Карипското Море.
Предложена федерација
[уреди | уреди извор]Во 2010 г. водачите на Бахамите и Туркс и Кајкос изразиле интерес за можноста да создадат федерација.[2]
Земји и територии
[уреди | уреди извор]На југоисток архипелагот продолжува под вода во облик на потопените плитаци Марамче, Сребрен и Божиќен (Мушоар, Плата и Навидад), а истото важи и за островите Туркс и Кајкос над вода.[3] Во управна смисла, плитакот Марамче е дел од Туркс и Кајкос, а Сребрениот и Божиќниот Плитак се во состав на Доминиканската Република.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Keegan:20, 183
- ↑ Tyson, Vivian. Bahamas wants federation talks with TCI Архивирано на 4 октомври 2011 г.. Turks and Caicos Sun, 2010.
- ↑ Carew, James; Mylroie, John (1997). Vacher, H.L.; Quinn, T. (уред.). Geology of Bahamas, in Geology and Hydrology of Carbonate Islands, Developments in Sedimentology 54. Amsterdam: Elsevier Science B.V. стр. 91–139. ISBN 9780444516442.
Литература
[уреди | уреди извор]- Keegan, William F. (1992) The People Who Discovered Columbus: The Prehistory of the Bahamas. University Press of Florida ISBN 0-8130-1137-X
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Granberry, Julian (октомври 1991). „Lucayan Toponyms“. Journal of the Bahamas Historical Society. 13. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 8 December 2013.