Лотна (филм од 1959)
Лотна (полски: Lotna) e полски филм од 1959 година, во режија на Анджеј Вајда, кој е автор и на сценариото, заедно со Војќех Цукровски. Главните улоги ги толкуваат: Јежи Пихелски, Адам Павликовски, Јежи Моес, Мјечислав Лоза и Божена Куровска, а мала улога има и Роман Полански.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот се одвива во Полска, на почетокот на Втората светска војна. Во текот на борбата со германската армија, капетанот Ходакјевич (го игра Пихелски) здогледува убав арапски коњ кој галопира по бојното поле. Подоцна, неговиот одред се засолнува во еден дворец, каде повторно ја гледаат кобилата за која дознаваат дека се вика Лотна. Притоа, нејзиниот сопственик му ја поклонува Лотна на капетанот, но таа им се допаѓа и на другите офицери во одредот. Наскоро, капетанот погинува во борбата, а кобилата му припаѓа на кадетот Јурек Грабовски (го игра Моес), кој се однесува грижливо со неа. Одредот застанува во едно село, каде кадетот ја среќава учителката Ева (ја игра Куровска) и тие веднаш прават свадба. Меѓутоа, германската војска го бомбардира одредот при што кадетот умира, а кобилата ја наследува поручникот Водницки (го игра Павликовски). Меѓутоа, во текот на една борба со непријателот, додека тој лежи изнемоштен, наредникот Латон (го игра Лоза) ја краде кобилата, но таа се сопнува и ја крши ногата. За да ја спаси од измачувањето, наредникот мора да ја убие Лотна.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- Полски филмови
- Филмови на полски јазик
- Филмови од 1959 година
- Филмови на Анджеј Вајда
- Филмови со Јежи Пихелски
- Филмови со Адам Павликовски
- Филмови со Мјечислав Лоза
- Филмови со Божена Куровска
- Филмови со Роман Полански
- Филмови со Јежи Моес
- Филмови чие дејствие се одвива во Полска
- Филмови за Втората светска војна