Прејди на содржината

Ланселот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ланселот и Гиневра

Ланселот (англиски: Lancelot of the Lake, француски: Lancelot du Lac) — според легендата, најпознатиот, првиот од витезите на Тркалезната маса во дворот на кралот Артур. Во книжевноста тој е опишан како еден од најхрабрите, најблагородните, убавите и верните витези, кој му помогнал на Артур да извојува победи во многу битки. Тој е познат по прекарот Ланселот од Езерото бидејќи, според келтската митологија, како дете бил крстен од езерската самовила во волшебните води на езерото.[1]

Сер Ланселот ги отфрла сите убавици бидејќи е вљубен во кралицата, сопругата на кралот Артур, Гиневра. Кога Артур дознава, сака да ја осуди кралицата на смрт, но Ланселот ја спасува, убивајќи ги браќата на Гавејн — Агравејн, Гарет Бомејн, Гахерис и уште 37 витези. По смртта на Артур, Гиневра станала калуѓерка, а Ланселот станал пустиник.[2]

  1. „Sir Lancelot (Sir Launcelot) - Knight Facts & Information“. Arthurian Legend (англиски). Посетено на 2024-03-25.
  2. „Lancelot - The Legend of King Arthur“. www.heroofcamelot.com. Посетено на 2024-03-25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]