Лала Мустафа-паша
Лала Кара Мустафа паша | |
---|---|
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 28 април 1580 – 7 август 1580 | |
Монарх | Мурат III |
Претходник | Шемси Ахмед-паша |
Наследник | Коџа Синан-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1500 Босна |
Починал(а) | 7 август 1580 Истанбул |
Националност | Отоман |
Роднини | Мехмед-паша Соколовиќ |
Вероисповед | ислам |
Лала Кара Мустафа-паша (роден во 1500 - 7 август 1580 во Цариград) — османлиски државник и голем везир на Османлиското Царство во периодот од 28 април 1580 до 7 август 1580 година. Мустафа-паша за кратко работел како управител на Отомански Египет во 1549 година[1] , а ги извршувал и функциите како бејлербег на Дамаск, учествувал во Опсадата на Малта во 1565 година, во зазимањето на Кипар во 1571.
Неговиот епитет Лала во превод значи учител на султанот односно тој бил учител на синовите на самиот султан. Тој бил познат по својата жестокост кон победените противници, репутација која ја докажал кон Марко Антонио Брагадин, венецијански заштитник на Малта кој наредил да му биде одерена кожата. Во опсадата на Малта наредил да бидат погубени сите бранители и цивилни граѓани на заземаните тврдини од островот. Кога дознал за смртта на Тургут Рејс наредил заробените рицари да бидат соблечени голи, да бидат осакатени, обезглавени и фрлени во морето.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hamilton Alexander Rosskeen Gibb; Charles Pellat, Joseph Schacht; Bernard Lewis (1992). The Encyclopaedia of Islam. Brill. стр. 721.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Давут-паша како управник |
Османлиски управител на Египет 1549 |
Наследник Семиз Али-паша како управник |
Претходник Шемси Ахмед-паша |
Голем везир на Османлиското Царство 28 април 1580 – 7 август 1580 |
Наследник Коџа Синан-паша |
|