Прејди на содржината

Куп на саемските градови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куп на саемските градови
РегионЕвропа

Куп на саемските градови (англиски: Inter-Cities Fairs Cup; понекогаш само Саемски куп, англиски: Fairs Cup) — поранешно меѓународно фудбалско натпреварување помеѓу клубови претставници на европските држави кое настанало во 1955 година, а последната сезона е одиграна во 1970/71. Згаснато е поради создавањето на УЕФА Купот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Иницијатор за ова натпреварување бил швајцарецот Ернст Томен, потпретседател на УЕФА, кој во 1955 година во Базел свикал претставници од 10 европски велесаемски градови (Барселона, Базел, Бирмингем, Франкфурт, Копенхаген, Лозана, Лајпциг, Лондон, Милано и Загреб) и предложил натпреварување на репрезентации од градовите, кои можеле да бидат претставувани и од клубови.

Првото издание било замислено како двегодишно натпреварување но се протегало на три. Следните две сезони, 1958/60 и 1960/61 биле одржани како натпреварувања помеѓу градски клубови, а од сезоната 1961/62 станува едносезонско клупско натпреварување во кое секоја земја членка на УЕФА имала право да прати до три свои претставници. Бројот на учесниците, конкуренцијата и угледот континуирано растеле. Од сезоната организацијата на ова натпреварување ја презема УЕФА и го менува називот во УЕФА Куп. Од претставниците на поранешна Југославија, Динамо од Загреб бил победник во сезоната 1966/67 и финалист во 1962/63.

Победници и финалисти

[уреди | уреди извор]
Сезона Победник Вкупен
резултат
Финалист 1. натпревар 2. натпревар
1956/58 Барселона 8-2 Лондон XI 2-2 6-0
1958/60 Барселона 4:1 Бирмингем 4:1 0:0
1960/61 Рома 4:2 Бирмингем 2:0 2:2
1961/62 Валенсија 7:3 Барселона 6:2 1:1
1962/63 Валенсија 4:1 Динамо Загреб 2:1 2:0
1963/64 Реал Сарагоса 2:1 Валенсија 2:1 не бил одигран
1964/65 Ференцварош 1:0 Јувентус 1:0 не бил одигран
1965/66 Барселона 4:3 Реал Сарагоса 0:0 4:2
1966/67 Динамо Загреб 2:0 Лидс Јунајтед 2:0 0:0
1967/68 Лидс Јунајтед 1:0 Ференцварош 1:0 0:0
1968/69 Њукасл Јунајтед 6:2 Ујпешт Будимпешта 3:0 3:2
1969/70 Арсенал 4:3 Андерлехт 1-3 3-0
1970/71 Лидс Јунајтед 3:3 Јувентус 1:1 2:2

Забелешка:
Лондон XI била репрезентација на Лондон

Најдобри стрелци

[уреди | уреди извор]

Список на најдобрите стрелци, за времетраењето на ова натпреварување (1955-1971) до ребрендирањето од страна на УЕФА како УЕФА Куп.

Место Играч Држава Голови Клуб
1 Валдо Машадо  Бразил 31 Валенсија
2 Питер Лоример  Шкотска 20 Лидс Јунајтед
3 Флоријан Алберт  Унгарија 19 ФК Ференцварош
Ференц Бене  Унгарија Ујпешт
Хосе Антонио Залдуа  Шпанија Барселона
6 Педро Манфредини  Италија 18 Рома
7 Еваристо Де Маседо  Бразил 17 Барселона
8 Висенте Гиљо  Шпанија 16 Валенсија
9 Марселино Мартинес  Шпанија 15 Реал Сарагоса
10 Хектор Нуњес  Уругвај 14 Валенсија
Извор: rsssf.com

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]