Коски на лицето
Коски на лицето | |
---|---|
Коските на лицето. | |
Коските на лицето.
сина: ралник (1)
жолта: горна вилица (2)
виолетова: долна вилица (1)
розова: носни коски (2)
црвена: непчени коски (2)
светлосина: солзни коски (2)
темнозелена: јаболчни коски (2)
светлозелена: долни носни школки (2) | |
Податоци | |
Латински | ossa faciei, ossa facialia |
Скелетот на лицето е составено од три непарни и шест парни коски.
Коски на лицето
[уреди | уреди извор]Непарни коски се: ралник, долна вилица и подјазична коска. Парни коски се: горна вилица, непцева коска, долна непцева школка, носна коска, јаболкова коска и солзна коска.
Горна вилица(maxilla)
[уреди | уреди извор]Горната вилица претставува парна, најголема лицева коска. На неа се разликуваат тело и четири израстоци. Тело (corpus maxillae) - наликува на тристара пирамида со база кон носната празнина, а врвот сраснат со јаболковата коска. Горната страна од телото учествува во градбата на подот од орбитата, предната страна претставува основа на образот, задната страна е свртена латерално и учествува во ограничувањето на слепоочната јама. На средината од носната страна се наоѓа отвор на виличниот синус (sinus maxillaris). Челен израсток (processus frontalis) – учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Јаболков израсток (processus zygomaticus) – се спојува со јаболковата коска. Непцев израсток (processus palatinus ) – споен со истиот од спротивната страна, учествува во градбата на коскеното непце и тоа неговие предни две третини. Забниот израсток (processus alveolaris ) е насочен надолу и неговиот долен раб претставува забен лак. На него се забележуваат осум забни албеоли каде што се сместени корените од горните заби.
Непцева коска (os palatinum)
[уреди | уреди извор]Непцевата коска е парна коска сместена зад максилата на која се опишуваат два дела : вертикален и водорамен. Вертикална плочка (lamina perpendicularis) е сместена меѓу телото од максилата и крилестиот израсток од сфеноидната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина Водорамна плочка (lamina horizontalis ) – се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во составот на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.
Долна носна школка(concha nasalis inferior)
[уреди | уреди извор]Претставува тенка коскена плочка налик на школка. Нејзиниот горен раб споен со солзната коска, максилата и ситестата коска. Надворешната страна од школката заедно со носната страна од максилата и вертикалната плочка од непцевата коска ограничуваат долен носен ходник.
Носна коска (os nasale)
[уреди | уреди извор]Носната коска е правоаголна коскена плочка што го гради коренот од носот. Горе е споена со челната коска, бочно со челниот израсток од максилата. Внатрешната страна од коската учествува во градбата на горниот ѕид од носната празнина.
Јаболкова коскa (os zygomaticum)
[уреди | уреди извор]Таа ја испакнува кожата на лицето во таканаречена јаболчница. На коската се разликуваат две страни: латерална или лицева и орбитална. Лицевата е подкожна, а орбиталната влегува со составот на латералниот ѕид од орбитата. На коската се разликуваат два израстока: челен израсток нагоре и слепоочен насочен надолу.
Солзна коска (os lacrimale)
[уреди | уреди извор]Солзната коска е мала тенка коска сместена во предниот дел од внатрешниот дел од орбитата.
Ралник (vomer)
[уреди | уреди извор]Ралникот е тенка непарна коскена плочка налик на ромб и учестува во градбата на коскената носна преграда.
Долна вилицa (mandibula)
[уреди | уреди извор]Мандибулата е непарна коска на која се разликуваат тело и две гранки. Тело( corpus mandibulae) - наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток (processus alveolaris ) со забни јамички (alveoli dentales) каде што се вметнати корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база. Вилични гранки (ramus mandibulae) на горниот крај завршува со два израстока: преден(‘’короноиден израсток’’) служи за поврзување на темпоралниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава (caput mandibulae) за зглобување со темпоралната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.
Подјазична коска (os hyoideum)
[уреди | уреди извор]Непарна коска сместена по мандибулата во подјазичната мускулатура. Наликува на потковица со конкавитет свртена наназад. На неа се разликуваат тело, големи и мали рогови. Подјазичната коска не се зглобува со ниедна коска туку е поврзана со врски и мускули за черепот и градниот кош.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Os palatinum- Непцева коска
-
Concha nasalis inferior- Долна носна школка
-
Os nasale- Носна коска
-
Os zygomaticum- Јаболкова коска
-
Os lacrimale- Солзна коски
-
Vomer- Ралник
-
Os hyoideum - Подјазична коска
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |