Кожани (округ)
Кожани Περιφερειακή ενότητα Κοζάνης | |
---|---|
Округ | |
Општини во Западна Македонија. 1-5: Кожани | |
Местоположба во Грција | |
Координати: 40°20′N 21°40′E / 40.333° СГШ; 21.667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Админ. центар | Кожани |
Површина | |
• Вкупна | 3.516 км2 (1,358 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 149.733 |
• Густина | 43/км2 (110/ми2) |
Пошт. бр. | 50x xx |
Пов. бр. | 246x0 |
ISO 3166 | GR-58 |
Рег. таб. | KZ |
Мреж. место | kozani.gr |
Кожани (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κοζάνης) — округ во Егејска Македонија (денес Грција), дел од периферијата Западна Македонија. Зафаќа површина 3.516 км2
Има население од 156.807 жители. Денес најголемиот дел се Грци, но има и Македонци, Власи и др. Административен центар е градот Кожани кој воедно е и најголем и главен град на целата периферија Западна Македонија.
Се граничи на север со Постол, на запад со Костур, на северозапад со Лерин, на исток со Иматија и Пиерија, на југ со Гребен и на југозапад со Лариса во Тесалија.
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Кожани се дели на 5 општини, тука наведени со нивните бројки на картата.
- Велвендо (Велвендос) (5)
- Горуша (Војо) (3)
- Еордеја (2) — Кајларско
- Кожани (Козани) (1)
- Серфиџе (Сервија) (4)
Демографија
[уреди | уреди извор]Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 17 населени места и сочинуваат околу 8% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 12.000 Македонци.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|