Во XII век постоел замок на планинскиот масив Кифхојзер, кој бил изграден во текот на владеењето на императорот Фридрих Барбароса. Според локалната легенца, императорот не умрел, туку продолжил да спие во овој замок.
Во 1952 биле основани двата округа Артерн и Зондерсхаузен. Овие окрузи биле споени во 1994 година со одредени мали промени, кога некои општини припаднале на други окрузи.
Главен симбол на грбот е лавот на грофовите од Шварцбург, кои историски гледано најмногу владееле со територијата на округот. Лавот држи штит на кој е претставен грбот на грофовите од Мансфелд, кои ја поседувале областа околу Артерн во 18 век. Трите зелени ридови во долниот дел го симболизираат планинскиот пејзаж со многу шума, големата брановита линија постои за реката Унштрут, додека малата за реката Випер.