Кинг Конг
Изглед
Кинг Конг (англиски: King Kong) — измислен лик од истоимениот филмски серијал. Првиот филм за Кинг Конг се појавил во 1933 година, како дело на американскиот авантурист и филмски продуцент Меријан К. Купер (Merian C. Cooper), инаку близок пријател и соработник на славниот режисер Џон Форд. Во 1976 година бил снимен вториот филм за Кинг Конг, во продукција на Дино Де Лаурентис, а во режија на Џон Гилермин (John Guillermin), додека третата верзија се појавила во 2005 година, дело на режисерот и продуцентот Питер Џексон.[1]